Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Источен Тимор: Инвестирање во креативност и култура

Источен Тимор е познат по своите материјални, музички и танцови традиции. Славењето на „културата“ беше клучен дел од отпорот против индонезиската окупација од 1975 до 1999, а независноста на Источен Тимор ја одбележаа низа новостанати културни проекти. Но, она што се занемарува е силната култура на  занаетчиство и „создавање“ со материјали што се локално достапни.

За таа цел се појавува проектот наречен „Tatoli ba Kultura“, што значи „Преминување кон културата“. По обемно истражување и подготовка, проектот ќе се стреми да го поддржи развојот на училиште за креативните индустрии:

Проектот се стреми кон создавање на институција која ќе ја зачува и заштити домородната култура, но и ќе внесе креативност на образовно ниво со цел да се поттикне иновацијата.

Координаторот на проектот, Давид Палазон е уметник кој потекнува од Барселона, Шпанија. Тој вели:

Passing on culture

Преминување кон културата

Случајно дојдов овде [во Источен Тимор] да паузирам од мојата кариера, малку да волонтирам во мојата област, и една работа водеше кон друга.

Тој со својот тим ја крстосуваше земјата, истражувајќи тиморски материјали и културата на изведувањето, а постираше фасцинантни видеа, слики и аудио на Tatoli ba Kultura „медиа мапа“, која се повеќе се препорачува.

Некои од најпредизвикувачките видеа се за музички инструменти кои се специфични за областа. Така на пример ова видео е за музичкиот инструмент наречен Рама од Островот Атауро:

Тиморскиот контекст е доста специфичен, вели Палазон:

Kultura не е баш истото како она под што ја подразбираме културата во западниот свет. За луѓето на Тимор, култура се сите оние нешта што доаѓаат од минатото, тоа е референтна точка за да разберат од каде доаѓаат. Моето најчесто прашање кога сум на терен: Зошто ова го правиш на таков начин?  И одговорот е секогаш ист: ‘Бидејќи тоа е начинот на кој нашите предци го правеле тоа и се пренесува со генерации.’ Очигледно имаат најмногу влијанија од Индонезија, Кина, Португалија, итн… кои се вкоренети во внатрешноста на културата и во практика се тотално врежани.

Во врска со иновацијата, тој вели:

Традиционално гледано, Тимор е се уште држава која е доста зависна од егзистенцијалнато земјоделство, економијата надвор од главниот град е доста зависна од семејството, нивните добра, што можат да разменат, членовите на семејството и нивните приходи, и како овие се разделени меѓу оние кои тие ги избираат, поврзано со нивните традиции и верувања. Така што на некој начин многу е конзервативно – не во политичка смисла – туку бидејќи менувањето на нештата води со себе и ризик кој многу луѓе не можат да си го дозволат […]   И покрај тоа, во традиционалниот систем има луѓе кои се попрогресивни.

На крај, Палазон се надева дека училиште за креативни индустрии меѓу другото, ќе создаде нови работни места преку издигнувањето на „креативната класа“,  ќе го зголеми развојот на малите бизниси и ќе го поттикне туризмот.

Tatoli ba Kultura ја има поддршката на универзитетот Грифитс во Квинсленд, Австралија и на бројни институционални донатори. Палазон го парафразира професорот Тони Фрај од Универзитетот Грифитс, кој вели „Тимор има два национални ресурси: нафта и култура. Нафтата нема да трае вечно, но културата ќе трае засекогаш.“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.