Свет: Глобален марш против сирискиот диктатор

Овој пост е дел од нашето специјално покривање на  протестите во Сирија 2011.

Во март 2011 г. кога  Сиријците почнаа да излегуваат на улици со барања за слобода и правда, беше тешко да се замисли дека година дена подоцна режимот ќе има убиено илјадници луѓе и измачувано и уапсено уште неброено многу. Градот Хомс е под опсада од почетокот на февруари и трпи невидени репресалии кон целото население, при што секој ден умираат по 100 луѓе.

Додека големите сили не се согласни за потребата да се изврши притисок врз режимот на Асад, расте солидарноста на граѓаните од целиот свет со Сиријците и веројатно на годишнината од револуцијата поддршката уште повеќе ќе се зголеми.

Иницијативата наречена „Глобален марш за Сирија“ има за цел да ги натера луѓето од целиот свет да илезат на улиците на 15, 16 и 17 март за да искажат поддршка за борбата на сирискиот народ. Кампањата е објаснета во видео-клипот „Против еден диктатор“ што широко се споделува преку Интернет:

Маршовите за Сирија веќе се планираат во 16 градови и нови се приклучуваат секојдневно. Активистите имаат креирано  настан на Фејсбук со информации за различните маршови, преку кој ги охрабруваат граѓаните од целиот свет да застанат заедно со Сирија против угнетувањето:

Помина една година од почетокот на револуцијата во Сирија. Една година насилство против луѓето што мирно протестираат и против невините цивили. Една година крвопролевања. И една година на храбро спротивставување на големо зло. Сирискиот народ се заколна дека нема да запре додека не падне режимот, додека не добијат слобода и достоинство. Од 15 до 17 март, 2012 година, да застанеме со Сирија против угнетувањето и да им оддадеме почит на илјадниците чии животи беа жртвувани од 15 март 2011 г.

Листата на маршови (ве молиме додадете го вашиот на настанот на Фејсбук и како коментар на англиската верзија на овој пост) ги опфаќа:

Овој пост е дел од нашето специјално покривање на  протестите во Сирија 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.