Below are posts about citizen media in Portuguese. Don't miss Global Voices em Português, where Global Voices posts are translated into Portuguese! Read about our Lingua project to learn more about how Global Voices content is being translated into other languages.

Написи за португалски

Португалскиот, глобален јазик?

  10 април 2013

Страницата на Фејсбук, Língua Portuguesa: Uma Língua Global? (Португалски јазик: Глобален јазик?), обезбеднува мноштво материјали за промоција на дебатата за проширувањето на португалскиот јазик и последиците од тоа. Адресирани се неколку критични прашања за политиките на овој јазик кој го зборуваат околу 200 милиони говорници, како што се малцинството јазици,...

Активистите од целиот свет го оплакуваат францускиот автор Стефан Хесел

  4 април 2013

Писател, поборник за човекови права и борец во францускиот отпор Стефан Хесел, чиј најпродаван манифест за мирно востание ги инспирираше разочараните во Европа и САД да организираат протест, почина ноќта на 26 февруари, 2013. Тој имаше 95 години. Хесел доби светско признание со изданието на неговиот краток памфлет во 2010-тата...

Пауло Коелјо ја промовира „пиратската“ аудиокнига на Јутјуб

Една година по објавувањето дека колку повеќе луѓе прават „пиратски“ книги, толку подобро, Пауло Коелјо наоѓа една копија на аудиокнига од едно од најпродаваните бразилски дела на сите времиња, „Алхемичарот“. Тој го води разговорот преку поврзување на верзијата на Јутјуб и предложува договор: „Ако слушате повеќе од 5 минути, ве...

Видео од брутално тепање на жени ја шокираше Ангола

[Сите линкови водат до страници на португалски јазик.] На 7 февруари, 2013 година, Ангола се разбуди со звуците на болни вресоци на две жени, кои пазареле во дуќан и биле нападнати. За само 3 дена, видеото на кое е прикажано бруталното тепање на двете жени, имаше повеќе од 25 000...

Бразил: Сексистички известувања го валкаат покривањето на Олимписките игри

  18 февруари 2013

Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа за Олимписките Игри во Лондон 2012. Во Бразил, за време на Олимписките Игри, начинот на кој бразилските медиуми зборуваа за атлетичарките доведе отвори простор за дебата на граѓанските медиуми, предизвикувајќи го тековниот начин на известување за големите спортски настани. Блогот Ativismo de Sofá коментира...

Патувањето со дадилките, се покажа контроверзно во Бразил

  15 февруари 2013

Во Бразил е период на одмори. Децата се на распуст и родителите смислуваат начин за да ги занимаваат. Неодамна, блог пост на Viajando com Filhos (Патување со децата), претставува што е практично за фамилиите кои патуваат заедно со нивната дадилка. Статијата стана вирална, но не поради корисноста, туку зашто нешто...

Од Бразил до Португалија, па назад: Интервју со Изабел Пиментел

  26 ноември 2012

Леа Промаја, псевдоним кој го користи независна новинарка која работи на Балканот, објави аудио интервју (на португалски, со титлуван превод на англиски и француски) со Изабел Пиментел, „првата Бразилка која сама го препловила Атлантскиот Океан“.

Избрани видеа: Одбрана на човековите права

  11 јули 2012

Овoj дел се стреми да прикаже интересни и најнови постови на Глобал Војсис кои укажуваат на многуте начини на кои видео материјалите им помагаат на луѓето да ги кажат своите приказни ширум светот. Активноста може да се следи по региони на нашиот Јутјуб канал. Неколку приказни со видео материјали овој...

Мозамбик: Реакции за една секојдневна урбана трагедија

  15 февруари 2012

Минатата недела читателите на весникот @Verdade од Мозамбик, реагираа за една трагична, но пред се вообичаена приказна на еден маж, чијашто непотребна смрт ја раскажа новинарот Виктор Буланде (@VictorBulande). Тој ја наслушнал приказната во понеделникот, 21 ноември 2011 година, кога одел на работа во Мапуто и застанал во населбата Алто...

За нашето покривање на португалски

pt