Овој пост е дел од нашата специјална репортажа Протести во Сирија 2011/12.
Поддршката за сириската револуција го зафати и Сао Паоло, Бразил на 18 март, 2012. На годишнината од почетокот на сириската револуција, илјадници активисти се собраа во Сан Паоло да ја искажат својата солидарност за сириската борба. Настанот се одржа во рамките на Глобалниот марш против сирискиот диктатор , како и за поддршка на Палестинците против израелската окупација.
Активистите споделија фотографии и видео материјали на Твитер и Јутјуб, како на пример Надин Бекдахе (@NadineBek [португалски]) која постираше :
fotos da passeata hoje em #SaoPaulo apoiando a revolação #Siria – A #palestina estava em todas as palavras ditas
Иако бројот на демонстранти не соодветствуваше со целокупната арапска заедница што живее во Сан Паоло, луѓе од различни култури, потекла и заднини се сообраа да демонстрираат: Сиријци, Либанци, Палестинци, Бразилци, активисти за човекови права и преставници од левицата во Аргентина. Маршот започна од Шопинг Паулиста до музејот на уметноста MASP и продолжи преку авенијата Паулиста.
Видео постирано на Јутјуб [арапски] го опишува текот на протестот:
واحد واحد واحد الشعب السورية واحد، بعد هذا الهتاف تأتي هذه الكلمة الذي يقول فيها المتكلم أن في سورية هدف واحد وهو إسقاط النظام ونحن هنا نتعلم من الثورة ورغم الصعوبات سنعمل كي نبقى موحدين. بإختصار: ثم يعتذر عن إنفعاله ويقول أن قضيته هي فلسطين وبأن ثورات كل البلدان العربية هي من شأنه وبإنه يؤمن أن من خلال حرية العالم العربي نقضي على إسرائيل. وينتظر أن يتغير النظام في الأردن أيضا ويحيي المغرب على حراكهم
Маршот запре кај сириските и либанските конзулати (кои иако имаа слободен ден) каде демонстрантите скандираа и побаруваа почит од либанските функционери кон сириските бегалци, да им ги обезбедат неопходните работи и да ги отворат границите за Сиријците кои пребегнуваат поради тиранијата на сирискиот режим.
Говорите во голем дел се фокусираа на Палестина, ослободување на Сирија, окупација на Голанските висорамнини и повикуваа на обединување на Сирија и отфрлување на интервенција од надворешните фактори.
Овој пост е дел од нашата специјална репортажа Протести во Сирија 2011/12.