Избрани видеа: Одбрана на човековите права

Овoj дел се стреми да прикаже интересни и најнови постови на Глобал Војсис кои укажуваат на многуте начини на кои видео материјалите им помагаат на луѓето да ги кажат своите приказни ширум светот. Активноста може да се следи по региони на нашиот Јутјуб канал.

Неколку приказни со видео материјали овој месец се фокусираа на прекршувањата на човековите права и акциите кои се преземаат за да се проговори за злоупотребите и да се заштитат малцинствата и обесправените заедници. Кликнете на приказните за да видите повеќе видеа и да дознаете повеќе за секој случај.

Правото на живот и недискриминација

Гватемала: Јавно проговорување за геноцидот врз жените доморотки

Благодарение на активистите, меѓународните судови задолжени за случаите на геноцид против Гватемала ќе го земат предвид насилството со кое се соочувале жените доморотки повеќе од 36 години, каде што биле жртви само затоа што се жени и затоа што се доморотки.

Во документарец и неколку видео сведочења тие ги раскажуваат стравични приказни, приказни кои заради дискриминацијата со која се соочувале во нивните заедници и стравот од одмазда биле премолчувани со децении.

Борба за сексуална разновидност

Уганда: Анти-геј нацрт закон што не си заминува

Истиот нацрт закон што беше презентиран во 2009, повторно се предлага на гласање во Уганда :

Уганда повторного поставува контроверзниот анти-геј нацрт закон. Угандскиот парламентарец Дејвид Бахати, кој го предложи законот во 2009, повторно ја зема предвид можноста за овој драконски закон, но со измени. Тој вели ја исфрлува смртната казна и притворањето на семејни членови кои не ги пријавиле хомосексуалците на властите.

Сепак, по натамошно испитување забележано е дека не се направени никакви промени на нацрт законот и е сосема ист како во 2009. Следново видео го објаснува влијанието што овој закон би го имал на ЛГБТ заедницата како и на нивните семејства и пријатели:

Хонг Конг: Видеа против хомофобично насилство во училиштата

Во Хонг Конг, студентите во училиштата признаваат дека студентите хомосексуалци се жртви на насилство и дискриминација, така што една организација ја предводи кампањата за подигање на свеста за ова прашање и се фокусира на правење видео записи со интервјуа со сексуално разновидни студенти и експерти на оваа тема.

Право на образование

Шпанија: Полициско насилство врз студентите во Валенсија

и

Шпанија: Насилството врз студентите продолжува во Валенсија

Во Валенсија, учениците одлучија да протестираат против кратењата во буџетот од кои се погодени нивните училишта и ги приморува да носат ќебиња со нив заради недостигот од греење, во посебно студената зима во Европа. Полицијата насилно реагираше на протестите и имаше и повредени и притворени студенти; голем број на видеа ги прикажуваат злоупотребите врз малолетниците, жените и постарите.

Само неколку дена по бруталната полициска репресија кај Институтот за средно образование Луис Вивес во Валенсија, студентите повторно станаа мета на полициско тепање, туркање и насилство и тоа на мирен протест на кој протестираа против полициското насилство. Овојпат,  репресијата започна попладне со неочекувана сила.

Право на дом

Бразил: Заедницата Квиломбо во Бахиа ќе биде иселена

Квиломбо Рио дос Макакос, една од најстарите заедници чии предци биле робови во Бразил, каде што живеат околу 50 фамилии, има датум за иселување: 4 март, 2012. Барањето на земјиштето  доаѓа од морнарицата на Бразил, која има намера да го прошири сместувањето на своите офицери на таа територија, на граничната област помеѓу Салвадор и Симоес Фило, државата Бахиа…

Квиломболасите, кои се  потомци на првобитните луѓе на Африка кои за време на колонизацијата биле одведени од нивната земја за да станат робови во Бразил, сега се сметаат себеси под закана  да си ги изгубат повторно своите домови, иако нивното право на земјата која ја населуваат е запишано во уставот.

Овој краток документарец ја покажува ситуацијата со која се соочуваат Квиломболасите: уплашени да ги напуштат своите куќи, без можност да се движат слободно и  плашејќи се за својата добробит, своите семејства и своите домови.

Колумбија: Закани за граѓански новинар заради вирално видео

Видео кое ја  покажува насилната владина реакција на мирните демонстранти кои протестираа за повторното пренасочување на реката во нивната заедница заради конструкција на брана, предизвика смртни закани за граѓанскиот новинар.

Бразил: Недоволните затворски системи на Латинска Америка

Последните настани во затворите во Латинска Америка кои стотици затвореници ги чинеа живот, ги замислија луѓето за животната ситуација и пренатрупувањето во многу казнено-поправни центри и за тоа дали се трагедии кои чекаат да се случат. Луѓето кои се лишени од слобода како казна за сторените злодела треба да имаат обезбедени минимум животни услови, а понекогаш ги нема тие услови, како што е прикажано во документарецот за животот во Бразилските затвори, кој нуди и можни решенија за оваа тешка ситуација.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.