Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Видео од брутално тепање на жени ја шокираше Ангола

[Сите линкови водат до страници на португалски јазик.]

На 7 февруари, 2013 година, Ангола се разбуди со звуците на болни вресоци на две жени, кои пазареле во дуќан и биле нападнати. За само 3 дена, видеото на кое е прикажано бруталното тепање на двете жени, имаше повеќе од 25 000 прегледи на Јутјуб и беше прикажано на државната телевизија, со што ја шокираше анголската заедница. 

Жените, обвинети за крадење сапун и шишиња шампањско, биле казнети ригорозно и сексуално злоставувани од неколку мажи, вклучувајќи го и сопственикот на дуќанот. Тие подоцна им кажале на репортерите дека нивното измачување траело со часови.

Напаѓачите користеле мачети, пендреци и гумени црева за измачување на жените, слика која потсетува на деновите во ропство. Во земја каде улогата на интернетот е сè уште ограничена, во овој случај тој се трансформира во инструмент за поголем надзор и ѝ овозможи на земјата од прва рака да го сфати значењето на „граѓанската правда“. Интернетот, кој претставува симбол на еманципација, сега во Ангола ги прави првите чекори како чувар во служба на народот, како што објаснува новинарот Реџиналдо Силва на Фејсбук:

Acho que a partir de hoje as redes sociais ganharam um outro estatuto junto de quem manda neste país, com as minhas atenções voltadas para o poder judicial…É importante que os poderes estabelecidos passem a encarar de outra forma a informação que se produz aqui…

Мислам дека од денес па натаму, социјалните мрежи се здобија со нов статус помеѓу оние кои ја водат земјата, а посебно го свртувам вниманието кон судството… Важно е тоа што државните сили почнуваат на различен начин да се соочуваат со информациите кои потекнуваат од тука…

Warning: graphic images. Video shared by ClubKnet on Youtube.

Предупредување: графички слики. Видеото е споделено од ClubKnet на Јутјуб.

Многу луѓе го кренаа својот глас против видеото, изразувајќи жалење и револт за ширењето на снимката. Меѓу нив се и обвинителот Пауло Чипилика и гувернерот на Луанда, Бенто Бенто. Меѓутоа, во една своја изјава коментаторот на Radio Eclésia и претседател на [опозициската партија] Демократски блок (Bloco Democrático), Хустино Пинто де Андраде, смета дека е невозможно да им се верува на овие членови на владата:

Todos os dias há violência gratuita e bárbara contra cidadãos, como se não tivessem direitos, os mais elementares direitos. Agora, fruto da exposição a que as referidas imagens tiveram direito, ouvimos manifestações de repúdio por parte do Procurador de Justiça, Paulo Tchipilica, e até mesmo por parte do Governador de Luanda, Bento Bento. A questão que eu coloco é a seguinte: dá para acreditar na manifestar de “pesar” exibida por estes dois responsáveis, quando nunca se ouve a sua voz de protesto, quando se agridem pessoas na rua, se molestam os manifestantes de forma bárbara

Секој ден има незаслужено и варварско насилство против граѓаните, како тие да немаат права, најосновните права. Сега, како резултат на изложеноста на снимката слушаме изразување на револт од страна на обвинителот Пауло Чипилика и дури и од гувернерот на Луанда, Бенто Бенто. Моето прашање е следно: дали можеме да веруваме во ваквите изјави на „жалење“ од овие две одговорни лица, кога нивниот глас на протест не сме го слушнале никогаш, кога луѓето се нападнати на улиците, кога демонстрантите се нападнати на варварски начин

Групата на жени парламентарки исто така ги осуди сцените со насилство врз двете жени. Во соопштение до новинската агенција Луса, пратеничката од MPLA и поранешна министерка за семејство и унапредување на жените, Кандида Селесте Силва рече:

O Grupo das Mulheres Parlamentares felicita os cidadãos que denunciaram o crime, considerando-o um atentado aos Direitos Humanos

Групата на жени-парламентарки им честита на граѓаните кои го пријавија овој злочин, кој го сметаме за напад на човековите права

Меѓутоа, новинарот и поранешен дописник за Би-Би-Си (BBC), Реџиналдо Силва, смета дека повеќето жени треба повторно да ја погледнат снимката:

Todas as senhoras que hoje ouvi a condenarem a cena de violência contra as duas mulheres, parecem ter ignorado que a mesma foi testemunhada no local por pelo menos três mulheres conforme as imagens comprovam facilmente. É um pormenor que faz alguma diferença e que não pode ser ignorado na hora de se fazer justiça…

Сите жени кои денес ги слушнав дека го осудуваат насилството кон двете жени изгледа не обрнале внимание дека најмалку три жени биле директни сведоци на настанот, како што може да се забележи на снимката. Овој детаљ прави разлика и не треба да биде игнориран кога ќе се спроведува правдата…

Украденото шише Moet Chandon, кое чини само 28 евра, сега, на социјалните мрежи се поврзува со сцените на насилство, како што може и да се види на слика споделена од Master Ngola Nvunji‎ на Фејсбук.

Warning: graphic images. Video shared by ClubKnet on Youtube.

Предупредување: графички слики. Видеото е споделено од ClubKnet на Јутјуб.

Од минатата година, вакви случаи на насилство кои потоа беа објавувани на интернет, ја растреперија Ангола. Претходно оваа година, беа раширени слики од тепање на затвореник.

Блогот Círculo Angolano Intelectual (Интелектуален круг на Ангола) исто така предупредува дека оваа снимка е отсликување на анголското општество и правецот во кој тоа се движи.

Temos que repensar o tipo de País e sociedade, que queremos deixar aos nossos filhos e as gerações vindouras, e nesse aspecto temos todos que reagir e ninguém pode ficar indiferente,porque infelizmente casos como este é o nosso dia dia… a criminalidade é fruto da pobreza , miséria ,desemprego,politicas sociais injustas, a própria polícia com baixos salários mais preocupada com a gasosa para a sua sobrevivência do que a defesa do cidadão e do bem comum.

Мораме повторно да размислиме за тоа каков вид на земја и општество сакаме да им оставиме на нашите деца и идните генерации, и затоа мора сите да реагираме, никој не смее да остане рамнодушен, бидејќи несреќни случаи како овој станаа наше секојдневие… криминалот е резултат на сиромаштијата, мизеријата, невработеноста, неправедните социјални политики, дури и самата полиција со ниските плати е позагрижена за gasosa [мито] за нивниот опстанок отколку за одбрана и заштита на граѓаните и општото добро.

Анголската државна телевизија пренесе дека обвинителот на републиката и државната полиција веќе ги привеле осомничените во случајот. Исто така, обвинителот изјави дека е свесен за важноста од ширењето на снимката на социјалните мрежи.

Овој пост е напишан во соработка со Janet Gunter.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.