Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Активистите од целиот свет го оплакуваат францускиот автор Стефан Хесел

Писател, поборник за човекови права и борец во францускиот отпор Стефан Хесел, чиј најпродаван манифест за мирно востание ги инспирираше разочараните во Европа и САД да организираат протест, почина ноќта на 26 февруари, 2013. Тој имаше 95 години.

Хесел доби светско признание со изданието на неговиот краток памфлет во 2010-тата „Indignez-vous!“ (Бунтувајте се!), кој набрзо стана феномен во издаваштвото – делото беше продадено во околу 4,5 милиони копии во 35 земји, вклучувајќи ја Кина и беше преведено на 34 јазици. Манифестот стана темел на глобалните протести, со шпанската Побуна на индигнадосите и меѓународното движење Окупирај.

Дознавајќи ги вестите за неговата смрт, повеќе од 500 луѓе му оддадоа почит на плоштадот Бастилја во Париз. Беше организиран мирен марш на 7 март, 2013, денот на неговиот погреб.

Човекот кој зборуваше смислено со едноставни зборови се обиде да го пренесе оптимизмот во една разочарана генерација. Тој беше типичниот Европеец, роден во Берлин, кој потоа го поминал детството во Париз, па сè до последната европска турнеја каде ја презентирал и коментирал неговата книга „Бунтувајте се“. Хесел вели дека дознал што значи да се биде Европеец во концентрациониот логор Бухенвалд, каде што бил депортиран во 1944 поради дејства на отпор:

Cette expérience m’a ouvert politiquement. Nous étions là, solidaires, à partager un douloureux quotidien entre des milliers d’Européens. Il y avait là un brassage, une génération qui a inventé un monde nouveau dans son opposition au nazisme.

Ова искуство беше политичко будење. Имаше илјадници од нас, сограѓани Европејци, кои делеа огромна болка и се поддржуваа меѓусебно. Тоа беше поттикнување, генерација чиј отпор кон нацизмот создаде нов свет.

Корисниците на интернет го слават Хесел на Фејсбук страницата „Par millions rendons hommage à Stéphane Hessel“ (Еден милион му оддаваат почит на Стефан Хесел).

Тој стана дипломат во Обединетите Нации и работеше за помош за развојот, со што борбата за човекови права стана негово секојдневие. Но, всушност по пензионирањето во 1983, тој ги водеше своите извонредни битки. Повикан да ги брани правата на недокументираните странци во Франција во деведесеттите, тој исто така доби внимание за бранењето на правото на самоопределување на народите, покрај Сахарците и Палестинците. Тој го објасни своето гледиште во списанието Philosophie:

J’ai le sentiment d’appartenir à l’histoire des Juifs, d’autant que la Shoah m’a touché de près. Je me suis enthousiasmé pour le sionisme et la création d’Israël. Mais je ne partage pas le repli d’une partie de la communauté juive. Je déteste l’entre-soi communautariste. Depuis 1967, je refuse la politique de colonisation et de territoires occupés par Israël. Gaza est une prison à ciel ouvert.

Чувствувам дека сум дел од еврејската историја, особено поради тоа што бев лично погоден од Холокаустот. Бев ентузијаст за ционизмот и створувањето на Израел. Но, јас не ги делам субјективните мислења во еден дел од еврејската заедница. Јас презирам егоцентричен изолационизам. Уште од 1967, јас ги одбивав спогодбената политика и окупираните територии на Израел. Газа е затвор под отворено небо.

Денес овој пропалестински став му заработи сериозни постхумни критики од Претставничкиот совет на еврејски институции во Франција.

Тој го напишал „Бунтувајте се!“ во 2010, памфлет од 32 страници кој промовира ненасилен бунт, со цел да стане извор на инспирација за стотици илјади активисти во светот:

Aussi, appelons-nous toujours à une véritable insurrection pacifique contre les moyens de communication de masse qui ne proposent comme horizon pour notre jeunesse que la consommation de masse, le mépris des plus faibles et de la culture, l'amnésie généralisée et la compétition à outrance de tous contre tous. A ceux et celles qui feront le XXI ème siècle, nous disons avec notre affection : CRÉER, C'EST RÉSISTER. RÉSISTER C'EST CRÉER.

Така, нека сите се посветиме на вистински мирен бунт против масовните медиуми, чија единствена понуда за нашата младина е масовниот консумеризам, презир кон послабите и кон културата, широко распространета амнезија и безмилосна конкуренција што го подбуцнува секој против секого. На оние кои ќе го создадат 21 век им велиме, од срце: ДА СОЗДАДЕШ Е ДА СЕ СПРОТИВСТАВИШ. ДА СЕ СПРОТИВСТАВИШ Е ДА СОЗДАДЕШ.

Хесел веруваше дека општеството секогаш мора да се напрега за да биде подобро. Во декември 2010, тој се довери на Le Monde des Religions (Светот на регионите):

Nous ne sommes nous-mêmes que lorsque nous essayons de nous dépasser, lorsque nous ne nous contentons pas de l’acquis.

Се пронаоѓаме само тогаш кога тежнееме да се надминеме себеси, кога не сме задоволни од она што досега било постигнато.

Хесел добро ги разбираше општествените и идеолошките тенденции на поновите генерации и можностите остварени од современите средства за комуникација и информирање. Она што тој го препозна, беше можноста за младите активисти да го консолидираат нивниот револт:


Je constate avec plaisir qu’au cours des dernières décennies se sont multipliés les organisations non gouvernementales, les mouvements sociaux […] qui sont agissants et performants. Il est évident que pour être efficace aujourd’hui, il faut agir en réseau, profiter de tous les moyens modernes de communication.

Задоволство ми е да забележам дека изминатите неколку декади, се појавија повеќе активни и ефикасни невладини организации и општествени движења […] Овие денови, јасно се чини дека за да бидеме ефикасни мораме да комуницираме преку мрежите и најдобро да ги искористиме сите современи средства за комуникација.

На тој начин, демонстрантите во Франција, Шпанија, Грција, Италија и Португалија во текот на 2011 и 2012 започнаа да се нарекуваат Индигнанти, или во случајот на Њујорк, Occupy Wall Street, согласно со делото на Хесел. Памфлетот најде и значајно место во последните востанија против диктаторскиот режим во арапскиот свет. 

Видеото на Јутјуб од 27 февруари, 2013 му оддава почит на Хесел, комбинирајќи читања од неговите апели до поновата генерација на англиски, француски и германски со снимки од демонстрациите низ цела Европа:

Во Шпанија, некои погрешно го етикетираа Хесел како „татко“ на движењето 15-M, каде што неговата книга позајмила име, озлогласеност и медиумско покривање на активистите познати под името „Los Indignados“. Хуан-Луис Санчез коментираше за поврзаноста меѓу Хесел и движењето 15-M:

La aportación más importante de Hessel al 15-M fue la de transmitir, con su edad y trayectoria política, un tipo de credibilidad que los grandes medios necesitaban para poder hablar de las movilizaciones en calle sin sentir que daban voz a lo que caricaturizaban como un latido antisistema. […] Su palabra, “indignación“, fue un regalo: un ejemplo perfecto para la nada y el todo a la vez. Para esa militancia inclusiva que usaba términos que no dejaran a nadie fuera.

Главниот допринос на Стефан Хесел за движењето 15-M е тоа што, поради неговата возраст и политичка кариера тој доделил неопходен кредибилитет на мејнстрим медиумите, така што тие можат да зборуваат за граѓанско мобилизирање без впечаток на давање глас за она што тие го карикираат како бран на чувства против системот […] зборот „огорченост“ беше подарок: совршен пример за сè и ништо во едно, за овој севклучителен активизам чии погледи не оставаат никој надвор на студеното.

Германското онлајн списание diesseits.de го нарече Хесел „идеолошкиот татко“ на глобалниот протест во насловот:

Der 95-jährige Stéphane Hessel war der ideologische Vater der demokratischen Aufstände weltweit. Von Arabellion bis Occupy Wallstreet kamen die Menschen seiner Aufforderung nach Entrüstung und Einmischung

На 95-годишна возраст, Стефан Хесел беше идеолошкиот татко на продемократскиот бунт што го протресе светот. Од Арапската пролет до Occupy Wall Street, луѓето одговорија на неговиот повик за бунт и посветеност на каузата.

Hommage des Indignés à Marseille- Photo anonyme partagée sur facebook Par millions rendons hommage à Stéphane Hessel

Омаж од Индигнантите во Марсеј. Фотографијата е споделена на Фејсбук страницата One million to pay hommage to Stéphane Hessel

ALL JUX напиша на неговиот блог:

Stéphane Hessel a réveillé l'esprit critique, le sens humain et la raison. Il a encore su initier le mouvement d'indignation politique qui se répand sur les continents en publiant un tout petit livre par le nombre de ses pages mais d'une puissance sans mesure par la portée de ses propos.

Стефан Хесел ја разбуди критичката свест, човечкото чувство и разум. Тој, исто така, спроведе и светско движење на политичка огорченост, издавајќи ја својата книга: многу мала книга, според бројот на страниците, но полна со моќни коментари со неизмерливо влијание.

Португалскиот блогер Хелена Араухо опиша зошто младината треба да го слуша Хесел во нејзиниот блог 2 dedos de conversa:

Indignez-vous! Engagez-vous! – é a consciência do século XX que nos fala, a voz de um homem livre que atravessou o pior e o melhor que o século passado nos legou”

Разбеснете се! Вклучете се! – совеста на 20 век ни зборува, гласот на слободниот човек кој го преживеа најдоброто и најлошото од она што ни го остави минатиот век.

Rassemblement en mémoire de Stéphane Hessel à Bastille (Paris) le 27/02/2013- Photo de Célia Bonnin pour Par millions rendons hommage à Stéphane Hessel

Собир во чест на Стефан Хесел на Бастилја (Париз) на 27/02/2013- Фотографија на Селиа Бонин за Фејсбук страницата One million to pay hommage to Stéphane Hessel

На Фејсбук страницата Par millions rendons hommage à Stéphane Hessel (Еден милион му оддаваат почит на Стефан Хесел), Ридигер Бендер ја изрази својата благодарност:

Wir denken voller Dankbarkeit an Stéphane Hessel …dankbar für ein Leben exemplarischer Menschlichkeit und tapferen Engagements für die unantastbare und gleiche Würde aller Menschen … dankbar für seine Fragen und Anstöße und noch mehr für seine Ermutigung für uns und sein Vorschußvertrauen auf uns: dem gilt es nun gerecht zu werden.

Му должиме признание на Стефан Хесел… признание за живот што е пример за човештво и храбра посветеност во полза на неповредливо и еднакво достоинство за сите човечки суштества… признание за неговото сомневање и мотивација и најмногу за неговите охрабрување и верба во нас: сега од нас зависи да дораснеме на предизвикот.

На Фејсбук страницата en Hommage à Stéphane Hessel, Свикит Карлсон викна:

Un résistant est mort, pas la Résistance!

Борец на отпорот е мртов, но Отпорот не е!

Со петиција се бара неговото влегување во Пантеонот во Париз (каде што се чуваат истакнати починати француски граѓани):

Nous souhaitons ardemment que la pédagogie civique et la mémoire collective témoigne de l’importance de l’esprit de résistance. Parce qu’avec Stéphane Hessel, c’est une vie consacrée à l’intérêt général et au service d’une certaine idée de la France qu’il s’agit d’honorer.

Искрено се надеваме дека нашата граѓанска свест и колективно сеќавање сведочат за важноста на духот на отпорот. Затоа што во случајот на Стефан Хесел, тоа значи почитување на животот посветен на благосостојбата на сите и на служба на одредена идеја на Франција.

[Овој текст беше напишан со помош на придонеси од Pauline Ratzé, Paula Goes, Katrin Zinoun и Thalia Rhame.]

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.