Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мозамбик: Реакции за една секојдневна урбана трагедија

Минатата недела читателите на весникот @Verdade од Мозамбик, реагираа за една трагична, но пред се вообичаена приказна на еден маж, чијашто непотребна смрт ја раскажа новинарот Виктор Буланде (@VictorBulande). Тој ја наслушнал приказната во понеделникот, 21 ноември 2011 година, кога одел на работа во Мапуто и застанал во населбата Алто Мае од каде што тој известувал преку твитер:

@VictorBulande: #policia leva mais de 24 horas para socorrer um indivíduo que perdeu sentidos na via publica. Isso deu-se a menos de 200m de duas esquadras.

@VictorBulande: На полицијата и требале повеќе од 24 часа за да му помогне на некој човек кој обесвестен лежел на улица. Ова се случило на 200 метри од полициската станица.

Flip-flop-Gemetzel auf einem Markt in Maputo. Foto von KimMaxPhoto on Flickr (CC BY-NC-ND 2.0)

Масакр на папучи на еден пазар во Мапуто. Фотографија од KimMaxPhoto на Фликр. (CC BY-NC-ND 2.0)

@VictorBulande: Cidadãos participaram o caso a policia varias vezes e esta dizia que estava a caminho, desde ontem. @verdademz

@VictorBulande: Граѓаните повеќепати ја известувале полицијата, а оттаму им велеле дека се на пат кон местото, од вчера (недела, 20 ноември).

@VictorBulande: “Passaram por aqui vários carros da policia mas não paravam, e nos não podíamos mexer nele. Tivemos medo”, dizem testemunhas. @verdademz

@VictorBulande: „Полициски автомобили поминаа неколкупати, но не застанаа. Ние не можевме да го помрднеме. Се плашевме,“ велат сведоците. @verdademz

@VictorBulande: O indivíduo acaba de perder a vida. Nem deu tempo de ser observado pela equipa médica. Foi levado a Morgue do HCM. @verdademz

@VictorBulande: Човекот тукушто почина. Немаше време за да му пружат лекарска помош. Тој беше однесен во мртовечницата при централната болница. @verdademz

Репортерот на @Verdade, Буланде објави статија за инцидентот во која што објасни дека починатиот немал никаков документ за идентификација при себе, ниту пак го познавале луѓето на пазарот и во соседството.

Се претпоставува дека “João Ninguém” (во буквална смисла Џон непознатиот), бил маж на околу 40 години, испил силни алкохолни пијалоци познати како “bebidas secas” кои се всушност нерегулирани дози кои се продаваат нелегално во лименки или во пластични кесички.

Zwei leere Beutel

Две празни кесички од „Сила бр.1“ чист дух во кесичка. Фотографија од Џон Дуфел на Фликр (CC BY-NC-SA 2.0)

Полицијата дала изјава дека тие не реагирале бидејќи „не работат за викенд“ и имале задолжителни вежби рано тоа понеделничко утро.

Како што најпрво твитна Буланде:

@VictorBulande: A policia so começou a movimentar-se quando viu a nossa equipa de reportagem. Foram pedir ajuda a um “chapa 100″.

@VictorBulande: Полицијата реагираше дури откако виде дека ние известуваме. Отидоа да повикаат помош од еден минибус.

Еден бесен читател наречен Неусон, коментираше на интернет страницата на весникот:

Lamento bastante mas o nosso pais esta podre,tanto de corruptos bem como de pessoas sem coracao.Qual foi a sansacao aplicada aos policias que tiveram conhecimento do caso e nada fizeram?Um final de semana de descanso enquanto ca fora as pessoas vao morrendo.E lamentavel.

Жалам што морам да кажам дека нашата земја е преполна со корумпирани и немислордни луѓе. Која е казната за полицајците кои беа свесни за случајот, а не направија ништо? Викенд за одмор додека луѓето на улица умираат. Голема несреќа.

Приказната ги погоди читателите и таа беше споделена на Фејсбук дури 27 пати, тоа е повеќе од која било друга локална вест од овој вид. Некои коментираа на ѕидот на весникот на Фејсбук.

Читателот Абудо Домингос со прекор пишува:

epa k notic ma sera k a polic nao pdia ajudar da 7 xquard afinal elex servc pra k? Sou pra roubar sou

Боже мој, страшни вести.  Дали е можно да не можела да помогне полицијата од седмата единица? Зошто се всушност тие таму? Само за да крадат.

Друг читател праша зошто полицијата не презема никакви мерки за да ја контролира продажбата на “bebidas secas”.

Еден читател праша, зошто ситуацијата била надлежност на полицијата и не била повикана брза помош? Други прашуваат со какви последици треба да се соочи добриот Самарјанин ако полицијата или кој било друг од која било причина одлучи да го обвини за смртта на човекот.

„Сите сме дел од тоа“

Читателот Антонио Џамис напиша на Фејсбук:

SOMOS TODOS CÚMPLICES! Só terá algo connosco quando formos nós!

СИТЕ СМЕ ДЕЛ ОД ТОА! Ќе бидеме засегнати само тогаш кога ќе дојде нашиот ред!

Џамис реагираше на строгото издание на весникот за сторијата Сите сме инволвирани (Somos todos cúmplices), кое испровоцира многу одговори. @Bedylicious го цитираше изданието во нејзиниот твит:

Vivemos demasiadamente concentrados nas nossas “vidinhas”, nas nossas “guerrinhas” e no nosso desejo de ascensão social que ignoramos que nada somos nada sem os outros

Живееме премногу сконцентрирани на нашите „малечки животи“ и нашите „мали војни“ и кон нашата желба за повисоко место во општеството, така што го игнорираме фактот дека сме ништо без другите.

Ридван Наби одговори на Фејсбук, споменувајќи го бесрамниот случај на прегазен пешак – побегнат возач во Кина:

Li uma historia parecida a algum tempo atras sobre uma situacao parecida na China, uma crianca foi atropelada e deixada na rua, com gente a passar sem fazer nada.

Пред некое време прочитав за еден сличен случај во Кина, каде што е прегазено едно дете и оставено така да лежи на улица додека луѓето проаѓале покрај него.

Гледсон Симао Јакинто Гуамбле исто така коментираше на Фејсбук:

Infelizmente essa atitude reflecte o nosso respeito pela vida humana, é fácil culpar a policia, mas ela não é mais que o nosso próprio espelho… a nossa sociedade está doente…

За жал ова ја отсликува нашата почит кон човековиот живот. Лесно е да се обвини полицијата, но таа не е ништо повеќе од огледало на нас…нашето општество е болно…

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.