Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Патувањето со дадилките, се покажа контроверзно во Бразил

Во Бразил е период на одмори. Децата се на распуст и родителите смислуваат начин за да ги занимаваат. Неодамна, блог пост на Viajando com Filhos (Патување со децата), претставува што е практично за фамилиите кои патуваат заедно со нивната дадилка. Статијата стана вирална, но не поради корисноста, туку зашто нешто од тоа беше потполно претендиозно:

 Em outras oportunidades em que vc quer que ela [a babá] coma antes porque o restaurante é caro ou porque vão outros casais vc pode dizer problemas, tipo assim, “hj vamos a um restaurante com a comidas muito diferentes que vai demorar ou muito caro e etc, então vamos passar pra vc comer em algum lugar, vc prefere pizza ou Mc Donals”, porque, lembre-se ela está trabalhando.

Има потреба кога таа (дадилката) треба да јаде претходно, дали зашто ресторанот е скап или зашто ќе имате друга фамилија со вас. Може да се појават проблеми како следново: денеска ќе одиме во ресторан кој нуди невообичаена програма на јадења, или пак потребно е повеќе време, или пак е прескапо и слично. Затоа свратуваме некаде, за да јадеш на друго место. Дали си за пица или Мек Доналдс, морате да имате на ум дека таа на крајот од краиштата, е на работно место.

Среде економски раст и издигнувањето на средната класа, во бразилското општество се чувствува транзиција во домаќинството. И претходно пишувавме за овој тип на вработување и неговата поврзаност со проблемите како социјалното вклучување, лошите услови за работа, социјалната хиерархија, полова нееднаквост и зајакнување. Blogueiras Feministas, феминистички блог, ја постираше следнава реакција:

A mulher que escreveu esse post não é a única que pensa dessa maneira, portanto, não adianta culpar e crucificar apenas essa pessoa. As relações com trabalhadores domésticos no Brasil tem estreita relação com nosso passado escravocrata. Assim como ela, há muitos homens e mulheres brasileiros que encaram os trabalhadores domésticos como pessoas que devem ter gratidão por estarem empregadas e por terem a chance de conviver com uma família de classe social alta. Isso, quando não os tratam como bens da família, sem permitir qualquer tipo de vida particular.

Жената која го има напишано ова, не е единствена која така размислува, сосема е непотребно да се осудува или распнува. Работните односи во однос на куќните помошници во Бразил се поврзани со ропството во минатото. Исто како и овој автор, има многумина мажи и жени во Бразил кои на куќните помошници гледаат како на луѓе, кои треба да бидат задоволни што имаат можност да живеат во фамилија која има високи животни стандарди. А да не споменуваме кога тие помошници се сметаат за сопственост на фамилијата, без право на приватен живот.

Сосредоточувајќи се на фактот дека дадилките ќе патуваат заедно со работодавачите, Blogueiras Feministas додава:

Trabalhadores que viajam a serviço recebem hora extra, diária para alimentação, transporte e não estão à serviço 24 horas por dia. Por que um trabalhador doméstico não estaria submetido as mesmas regras?

Вработените кои имаат службени патувања се платени прекувремено, имаат дневни доплати за храна, превоз, а сепак не се на служба 24 часа дневно. Зошто и за куќниот помошник да не важат истите правила?

Осврнувајќи се на улогата на родителите и на дебатата околу „високите примања“ на куќните помошници, Blogueiras Feministas пишува:

Questiona-se não só o valor pago para babás e diaristas, um trabalho menosprezado, não intelectual e majoritariamente feminino, como também questiona-se a maneira que cada mulher exerce a sua maternidade. Como se “cuidar das crianças” fosse apenas sua responsabilidade e o companheiro não tivesse nenhuma participação nessa relação. Perdem patroas e empregadas. Perdem as mulheres como um todo, quando não entendemos que o exercício das funções internas e domésticas são responsabilidade de todos os membros da família, independente do gênero.

Сумата на средствата платени на дадилките е под знак прашалник, не е потребна квалификација, не е интелектуална работа и најчесто е женска работа – исто така како и улогата на мајката е под знак прашалник. Како да „грижата за децата“ да е само нејзина одговорност и партнерот нема никаква врска со тоа. И двајцата губат, и работодавците и куќните помошници. Во целина губат жените, зашто знаеме дека сите домашни задачи се обврски на сите членови од фамилијата, независно од родот.

Ana Teresa Fernandez's sculptural instalation: "Carry On"

Ана Тереза Фернандез, скулпторска инсталација користена со дозвола. Со оваа инсталација, Ана Фернандез укажува на метафората на имигрантите во нашето општество извршувајќи ги тешките оптоварувачки обврски и работејќи во индустриите за чистење.

Во друга реакција, пак, BiDê Brasil, феминистички и социјалистички блог, пишува:

Como disse no começo do texto não acho ser possível uma mãe dar conta de ser mãe, trabalhar, estudar e – no meu caso – militar. Não dá para dar conta, é extenuante, mas uma coisa é você saber quais são os flancos importantes para dividir o bem estar da criança e outra é delegar completamente a criação dos filhos para outrém.

Мислам дека е невозможно за мајката да биде мајка, да работи, да учи и, во мојот случај, да застапува. Човек не може да издржи, премногу е исцрпувачко, но едно е да ги знаеш деловите од твојот живот кои можат да се споделат за доброто на децата, а сосема друго е целосно да го оставиш одгледувањето на децата на некој друг.

Таа додава, дека постои дебата за државата да понуди јавни објекти, како јавни простори и библиотеки. И уште една, за обемот на работа и слободното време, така што мажите и жените ќе имаат време и за себе. Сепак, ништо не го оправдува третирањето на дадилките како сопственост:

Mas isso não justifica tratar alguém que te ajude como se fosse um “item” da bagagem a se levar nas férias ou nas viagens.

Не е праведно да се третира некој кој ви помага, како багаж кој ќе се носи на патување или на одмор.

Овие и други реакции стимулираа објавата да биде повлечена, како што вели оваа напомена:

Prezados leitores, sentimos muito que o texto do post “Viagem Levando Babás” tenha ofendido tanta gente. O objetivo do nosso blog nunca foi ofender ninguém e, por causa disso, retiramos o post do ar. Considerando o feedback de todos, a partir de agora teremos mais cuidado com o conteúdo publicado no blog.

Почитувани читатели, нам ни е жал што објавата “Viagem Levando Babás” (Патување со дадилка) навреди толкумина. Намерата на овој блог не е да наштети некому, и токму поради тоа, ја повлековме објавата. Земајќи ги предвид реакциите, од сега па натаму ќе бидеме повнимателни во однос на содржината која ќе ја објавуваме.

Classe Média Sofre, страницата на Тамлр која „стимулира самокритичност“ базирана на приказни од средните класи и дел од својственото бразилско „ситничарење“, постираше линк до објавата од која што потекна дискусијата, а подоцна, упати критика против некои од реакциите:

mas é impressionante a facilidade com a qual pessoas que nem a conhecem já assumem imediatamente uma posição de superioridade moral e se arrogam o direito de fazer comentários fortíssimos que não se justificam (…)

Импресивно е колку лесно луѓето кои не ја познаваат (авторот на блог објавата) веднаш се поставија на повисоко морално ниво и имаат право да објавуваат силна неправедна критика.

Шамарајќи со кадифена ракавица, страницата на Тамблр, изјавува:

Фрлајќи го на волците збунетото девојче кое патува со дадилките е начин да заборавите како се однесувате со вратарот во вашето место.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.