· март, 2012

Below are posts about citizen media in Macedonian. Don't miss Global Voices на македонски, where Global Voices posts are translated into Macedonian! Read about our Lingua project to learn more about how Global Voices content is being translated into other languages.

Написи за македонски од март, 2012

Македонија: Видео-стримови од граѓанското општество

Во живо.мк е нов сервис наменет за пренесување видео-стримови и снимки на настани од граѓанското општество од Македонија. Првиот настан кој ќе биде покриен е јавната дебата на тема „Какви научни истражувања и настава овозможува новиот Закон за високо образование?“ закажана за петок, 30 март во ГЕМ-клубот во Скопје.

Македонија: Правење хуманитарна книга со интересни твитови

DarjanR, ArsovaM и Angie_Mkd објавија повик за учество во креирање џепна книга со најинтересни твитови и ги поканија другите македонски твитерџии да ги поднесат нивните фаворити. Тие исто се обидуваат да обезбедат од заедницата услуги на дизајн, печатење и издавање. Средствата собрани со продажбата се наменети за хумани цели. Еден...

Македонија: Блогерска рецензија на „Во земјата на крв и мед“

Внукот се вклучи во дебатата за филмот на Анџелина Џоли (на англиски) нагласувајќи ги техничките недостатоци, а бил најмногу изиритиран од говорот: „Сите ликови во филмот се од босанските говорни подрачја, т.е. го зборуваат тогашниот српско-хрватски, а денешните српски, хрватки и босански јазици. Арно ама, во ова ремек-дело на Енџи...

Македонија: Марш за мирот – ентузијазам и контроверзии

Маршот за мир доби огромна поддршка преку социјалните мрежи. Неколку гласови, сепак, предупредија дека иницијативата се користи за подобрување на имиџот на познати личности, или пак како лицемерно алаиби за познати сејачи на омраза.

Шпанија: 10 години без пезетата

  8 март 2012

Билјана Велјаноска, Македонка која живее во Шпанија, пишала за десетгодишнината од воведувањето на еврото, како и за кампањата од 2001 според која цените немало да се зголемат. Општо земено, цените сепак се зголемиле (31%) и тоа во поголема мерка од платите (13%). Од друга страна, поефтиниле белата техника и автомобилите....

Македонија: Објавени победниците на наградите „Биди њуз блогер“

Диверсити медиа продукција, непрофитна организација посветена на развој на новинарството, слободата на говорот и демократијата во Македонија, ги објави (на македонски, албански и англиски) победниците на натпреварот за млади њуз блогери:  Новица Наков, Фатлуме Дервиши, и авторките на блогот МК демократија – Моника Петровска и Маја Пероска.

За нашето покривање на македонски

mk