· септември, 2012

Below are posts about citizen media in Macedonian. Don't miss Global Voices на македонски, where Global Voices posts are translated into Macedonian! Read about our Lingua project to learn more about how Global Voices content is being translated into other languages.

Написи за македонски од септември, 2012

Македонија: Судењето на активист ќе продожи во ноември

На неговиот профил на Фејсбук, активистот Жарко Трајаноски пиша за неодамнешното рочиште од неговото судење (започнато во 2010 година): „Процесот“ продолжи и без присуство на „храбриот“ тужител, со одбраната на обвинетиот. Неговиот застапник не знаеше каде е тужителот. А судот добил известување дека е иселен…

Сирија: Одгласи од Балканот

Македонската непрофитна организација Диверзити Медиа Прокашн објави напис/поткаст (на македонски и албански) за реакции на ситуацијата во Сирија во некои балкански држави, презентирајќи и изјава од авторот на Глобал војсис Руслан Трад и македонскиот политичар Стојан Андов (википедија: en, mk), кој служел како југословенски амбасадор во Ирак од 1987 до...

Македонија: Судење на активистот за човекови права Жарко Трајаноски

Денес во 13 ч во Основниот суд Скопје I (судница 17) ќе се одржи главното рочиште во судскиот процес против Жарко Трајаноски, тужен за клевета и навреда од страна на провладиниот ТВ-водител Миленко Неделковски. Трајаноски е обвинет за користење на изразот „медиумски шарлатан“ на главните вести на покојната А1 телевизија...

Косово: Фестивалот за стрип и карикатура во Призрен

  12 септември 2012

Македонската уметница Весна Ничевска-Саравинова блогираше (на англиски) за нејзиното учество на фестивалот за стрип во Призрен, организиран од Здружението на косовски стрип-уметници Џенет комикс (алб.). Еди Ребел извести дека 4 од 15 претставени уметници на фестивалот биле од Македонија, покрај колегите од Италија, Турција, Кипар, Франција, Косово, Бугарија и Босна.

Македонија, Бугарија: Корисниците на социјални медиуми открија фалсификат

Една интервенција за проверка на факти, заеднички напор на македонски и бугарски корисници на социјални медиуми, им помогна на независни новинари да разоткријат фалсификувани документи користени како мамка за сомнителна иницијатива за прибирање хуманитарни донации.

Македонија: Барања за триумфален пречек за параолимписката шампионка

  1 септември 2012

Македонските корисници на социјални медиуми бараат државата да организира прослава за Оливера Наковска-Бикова, која освои златен медал во стрелаштво во финалето на Параолимписките игри во Лондон, откако на квалификациите собори светски рекорд.

За нашето покривање на македонски

mk