· декември, 2011

Below are posts about citizen media in Macedonian. Don't miss Global Voices на македонски, where Global Voices posts are translated into Macedonian! Read about our Lingua project to learn more about how Global Voices content is being translated into other languages.

Написи за македонски од декември, 2011

Македонија: Сатиричен блог го обвинува спорот со името за грчкиот банкрот

  26 декември 2011

Сеад93, ценет македонски блогер и еден од највлијателните корисници на Твитер во земјата објави сатиричен напис кој, на еден начин ги сумира повеќето локални шеги за грчките финансиски проблеми и политичката ситуација во Македонија. Пародирајќи го сензационалистичкиот стил и клишеата кои премногу и користат локалните медиуми, тој пиша за „скандалозно“...

Македонија: Новогодишна елка од пластични шишиња

Инспирани од примерот (анг.) на литванскиот град Каунас, на 25 декември во Градскиот парк во Скопје група македонски твитерџии направи новогодишна елка од пластични шишиња, со цел да ја „подигне свеста и личната одговорност кон средината во која живееме“. Организаторите на акцијата ги користеа нивните блогови (1, 2, 3, 4)...

Македонија, Непал: Прва македонска алпинистка на значаен хималајски врв

Македонските алпинисти Илина Арсова и Илија Ристовски успешно се искачиле на врвот на планината Ама Даблам на Хималаите на 18.11.2011. Илина пишала за овој подвиг на нејзиниот блог, на македонски и англиски јазик.

Mакедонија, Полска: Сеќавање на Солидарност

Македонскиот блогер Зорив евоцираше спомени за падот на социјализмот преку објавување оригинални фотографии кои ги направил при неговата посета на Варшава во 1981 г., во текот на протестите организирани од независниот синдикат Солидарност.

Македонија, Грција: Реакција на пресудата на Меѓународниот суд на правдата

  11 декември 2011

Блогерот Еффо беше прв што ја коментираше пресудата (пдф, на англиски) со која хашкиот Меѓународен суд на правдата утврди дека грчкото попречување на влегувањето на Македонија во НАТО во 2009 г. претставува прекршување на Привремената спогодба од 1995. Тој бара Македонија да ги прекине преговорите за спорот за името, оти...

Македонија: Јавна дебата за Дауновиот синдром

Проф. д-р Владимир Трајковски блогираше за јавната дебата за Дауновиот синдром, одржана во Скопје на 15 октомври пред преку 300 учесници, меѓу кои и хрватскиот амбасадор, но без поканетите локални политичари и државни функционери. Тој исто така објави и видео снимка од неговото кратко предавање за неодамнешните научни откритија во...

Македонија: Мислења од странските земји за протестите против полициската бруталност

Оваа статија е дел од нашето специјално известување за Протестите во Македонија во 2011. Реакциите на повеќето луѓе за протестите против бруталноста на полицијата во Македонија, го покажуваат стисокот на традиционалните медиуми, кои што не се заинтересирани да известуваат за такви „непопуларни“ вести, и ги потенцираат можностите за солидарност кога...

За нашето покривање на македонски

mk