Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Глобал Војсис го слави животот на активистот за отворен Интернет Басел Картабил, кој беше погубен од режимот во Сирија

Басел Картабил. Фотографија на Џои Ито преку Викимедија (CC BY 2.0)

Со голема тага ја примивме веста за смртта на нашиот пријател Басел Картабил. Жалиме за загубата и испраќаме сочувство до неговото семејство, пријатели и до сите кои го познаваа и сакаа.

Басел Картабил (познат и како Басел Сафади), водачот на Криејтив Комонс во Сирија кој беше активен на проекти како Мозила Фајрфокс и Википедија, играше клучна улога во ширењето на пристапот до интернет и отвореното знаење до јавноста во Сирија. Тој беше близок пријател со многу луѓе од заедницата на Глобал Војсис и учествуваше на нашиот Собир на арапски блогери во 2009.

Во ноември 2015, сопругата на Басел соопшти дека ја исконтактирале луѓе кои се идентификувале како инсајдери во владата на Асад. Тие ѝ рекле на Нура Гази дека нејзиниот сопруг бил осуден на смрт и ништо повеќе. Информациите за локацијата и состојбата на Басел беа непознати до 1 август 2017, кога сириски службени лица ја известиле Нура дека тој бил погубен во 2015.

Денеска и понатаму, ние ја славиме целокупната работа на Басел како водач на движењето за отворен интернет. Ги славиме и напорите на многуте индивидуалци и организации кои се залагаа за неговото ослободување во изминатите пет години.

Според Сириската мрежа за човекови права, повеќе од 65.000 лица исчезнале од почетокот на протестите против режимот на Башар ал Асад во 2011 година.

Не се знае бројот на уапсените или оние кои насилно исчезнале од режимот, се соочиле со тортура па дури и погубување. Според меѓународната група за човекови права Амнести Интернешанл, најмалку 17.723 Сиријци починале во притвор во периодот 2011-2016. Приказните на многу луѓе остануваат незнајни.

Прочитајте за работата и животот на Басел:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.