Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Mексиканската кујна прогласена за нематеријално културно богатство на човештвото од страна на УНЕСКО

Дали познавате некој што не знае што се enchiladas (енчиладас)? Или некој што никогаш не пробал такоси или некој друг вид Мексиканска храна? Mексиканската кујна е добро позната по различните вкусови и бои, како и по комбинирањето разновидни зачини и уникатни состојки. Традиционалната мексиканска храна се базира на пченка, грав и различни видови на лути пиперки.

Чилакили. Слика од Лора Тејлор, Фликр корисник bookgrl, Криејтив Комонс лиценца – наведи извор- некомерцијално- без адаптирани дела 2.0

Национална Важност

Новинарката Татјана Гутиерез, од мексиканската публикација elsemanario.com.mx, опишува како храната играла значајна улога во двовековната прослава на Мексико:

Vamos a cerrar con broche de oro este periodo de sugerencias a realizar durante las celebridades bicentenarias, ¿cómo?, con lo más preciado que tiene México: su gastronomía.

Како ќе го затвориме овој период на предлози за големата двовековна прослава? Со највредното нешто што Мексико го има: неговата гастрономија.

Мексиканската храна во земјата е многу различна. Може да најдете големи разлики во секоја држава или провинција, од Север до Југ, од областите со топла клима до бреговите, од планините до сувите области. Постои голема разновидност во културите и заедниците во рамките на земјата, што е и причината зошто храната од секоја област има различни состојки, вкусови и мириси.

Давид Емери, во неговиот извештај “Tоп 10 највкусните кујни на светот”,  пишува за интернационалните различности што ја прават Мексиканската кујна тоа што е денес:

Позната по различните вкусови и зачини, мексиканската кујна е резултат на случувањата помеѓу шпанските освојувачи и културата на Ацтеките. Поголем дел од мексиканската храна што ја јадеме денес е вкусна комбинација на древни традиции, Ацтеките, Маите и Шпанците. И Французите исто така имаат мал удел во приказната, додавајќи бели печива како сладок леб и болило.

Тостадас со шкампи и авокадо. Слика од Мет Саундер, корисник на Фликр mttsndrs, Криејтив Комонс лиценца- наведи извор- некомерцијално 2.0

Корисниците на Твитер често зборуваат за важноста на мексиканската храна во нивните животи. Мајела Гонзалез (@mayelagonzalez), мексикански корисник од Монтереј, пред неколку дена напиша:

comí mole =) que delicia!!! #MexicanFood

Јас јадев моле (месо со сос направен од чоколадо, лути пиперки и други зачини)  =) толку вкусно #Мексиканска Храна

Корисникот Исако @Isaacloco, кој исто така живее во Мексико, напиша:

y para ke se les antoje.. comeré unas ricas #enchiladas verdes!!!! hayy ke sabrosas!! =)

и за и вие да сакате да пробате … денес ќе јадам вкусни зелени енчилади!!! Уф колку вкусно!! =)

Интернационална важност

Но, мексиканската храна не останува само во мексиканските чинии. Корисниците на Твитер од другите земји исто така зборуваат за мексиканската кујна:

Крис Гонзалез  (@Chris1356J) од Албакерки, САД, вели:

#такосите се најдобрата храна

И жителката на Тексас, Џесика Клемонс (@JessicaClemmons) напиша:

Жал ми е #Aризона… но вашата #Mексиканска храна нема врска со нашата во #Тексас!. Сепак добар обид.

Кристина Потерс, блогерка родена во Америка, јадела во 28 од 31 мексиканска држава и во градот Мексико. На нејзиниот блог Mексико Готвачи! таа пишува за се од типична и локална мексиканска храна до културата која ги опкружува. Таа исто така ги рангира рестораните во државата и пишува некои рецепти. Потерс живеела околу 30 години во Мексико и сака да ја опишува намената на нејзинот блог како:

Вегетаријански Chiles en Nogada. Слика од Маделејн Бал, Фликр корисник madprime, Криејтив Комонс лиценца – наведи извор- сподели под исти услови 2.0

Мексиканската кујна неодамна ја доби честа да биде прогласена за  ремек дело на оралното и нематеријалното културно богатство на човештвото од страна на УНЕСКО. Тим Џонсон шефот на бирото за  Весникот МекКлатчи, напиша на неговиот блог Mексико немаскирано:

Нешто пред еден месец, мексикански претставник објави дека националната кујна конечно добила статус од УНЕСКО како нематеријално културно наследство на човештвото. Официјалната објава се случи на почетокот на ноември  во Најроби, Кенија.  Но накратко, неверојатната разновидност во мексиканската храна конечно го добива заслуженото. Ниту една друга национална храна не добила почести.

Сега, видете го ова: Франција е одбиена двапати! Последниот пат кога Франција се пријави, во 2008 година, претседателот Николас Саркози изјави, „Ние имаме најдобра гастрономија  во светот – барем од наша гледна точка. Ние сакаме да биде признаена меѓу светското културно наследство.”

Па, Франција сега мора да си игра престигнувања со Мексико, амигос.

Полна со вкусни контрасти, различни вкусови и уникатни мириси, оваа кујна е задолжителна, дури и за најпребирливите непца во светот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.