Фоторепортерот Махмуд „Шавкан“ Абу Зеид е ослободен по повеќе од пет години поминати во затвор

Шавкан беше уапсен во август 2013 додека го документираше мирниот протест против симнувањето од власт на поранешниот египетски претседател Мохамед Морси. Фотографија споделена од кампањата „Слобода за Шавкан“ на „Фејсбук“.
По повеќе од пет години поминати во затвор, Махмуд Абу Зеид, попознат како Шавкан, беше ослободен од затвор во Египет на 4 март 2019.
Од кампањата „Слобода за Шавкан“ објавија дека новинарот бил ослободен во понеделникот во раните утрински часови и објавија фотографија од новинарот заедно со татко му и брат му.
يا أهلا بالأسفلت … ❤#Shawkan_Is_Free#شوكان_عالاسفلت pic.twitter.com/bZot9HBO7o
— Mahmoud Abou Zeid (@ShawkanZeid) March 4, 2019
Шавкан беше уапсен на 14 август 2013 додека го документираше мирниот протест „Раба Ал-Адавија“ за време на кој поддржувачите на поранешниот египетски претседател Мохамед Морси се собраа да протестираат против државниот удар со кој се стави крај на неговиот претседателски мандат на 3 јули истата година. Според „Хјуман рајтс воч“, египетските безбедносни сили убија најмалку 817 луѓе и повредија многу повеќе во обидот да го растурат протестот.
Шавкан, кој работеше за „Демотикс“ кога беше уапсен, помина речиси четири години во притвор. Тоа всушност претставува кршење на египетскиот закон кој дозволува најмногу две години притвор. Нему му се судеше заедно со 739 други обвинети во случајот што стана познат како „Растурањето во Раба“.
На 8 септември 2018, Кривичниот суд во Каиро го осуди него врз основа на невистинити обвиненија за убиство и поврзаност со Муслиманското братство, кое египетската влада го квалификуваше како терористичка група.
На истото судење, 75 истакнати членови и приврзаници на Муслиманското братство добија смртна казна, а 47 луѓе беа осудени на доживотна робија.
И покрај тоа што помина пет години во затвор, египетските власти го држеа Шавкан во зад решетки без официјално образложение. Во ноември 2018, египетскиот медиум „Мада маср“ откри дека Шавкан и уште 214 други луѓе ќе бидат задржани во затвор уште шест месеци, бидејќи обвинителите ги сметале за неспособни да ги платат штетите настанати за време на мирниот протест и неговото растурање.
Шавкан е ослободен, но тој ќе остане под „полициски надзор“ уште пет години а тоа значи дека ќе треба да се пријавува во полициска станица секој ден на зајдисонце. Тој ќе треба да преноќува во полициската станица сѐ додека не се донесе судски налог за намалување на овие „мерки на претпазливост“.
Слободата на медиумите под заседа
Слободата на медиумите во Египет останува под заседа со тоа што властите продолжуваат да ги апсат, кривично да ги гонат и да ги малтретираат независните медиумски работници. На 29 јануари, властите од Меѓународниот аеродром во Каиро го притворија новинарот и истражувач за човекови права Ахмед Гамал Зиада при неговото пристигнување од Тунис, каде што студира новинарство. По притворот, Зиада две седмици беше исчезнат сѐ до 13 февруари кога беше осуден за ширење лажни вести на друштвените медиуми. На 2 март тој беше ослободен со кауција по која следи истрага.
На 19 февруари, безбедносните службеници на истиот аеродром го притворија дописникот на „Њујорк тајмс“ Дејвид Д. Киркпатрик при неговото пристигнување, му го конфискуваа телефонот и го држеа седум часа без храна и вода, јави „Њујорк тајмс“. Потоа тој беше протеран назад во Лондон без никакво објаснување.
Овој напис е од Адвокс, проект на Глобал војсис со сопствен сајт за бранење на слободата на говор и против онлајн цензурата. · Сите написи
Категории

Започни ја конверзацијата
Овој напис е од Адвокс, проект на Глобал војсис со сопствен сајт за бранење на слободата на говор и против онлајн цензурата. · Сите написи
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!