Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Ерменските протести „Електричен Ереван“ и масовните медиуми

Protesters at Electric Yerevan. Screenshot from YouTube video uploaded by Raymik.

Демонстранти на „Електричен Ереван“. Скриншот од видео прикачено на ЈуТјуб од Raymik.

„Електричен Ереван“, продолжен протест против зголемувањето на трошоците за живот во Ерменија и забележаната корупција во државниот енергетски сектор, беше огромен настан во мала држава.

Се појави како тренд на Твитер и поттикна илјадници написи на Фејсбук за време на двонеделните протести во главниот град на Ерменија минатото лето, принудувајќи ја владата да се повлече од плановите за зголемување на цената на сметките за електрична енергија кои ги плаќаат граѓаните.

Неодамна, најголемата светска мултимедиска новинска агенција „Ројтерс“ ја вклучи фотографијата на ерменскиот фотограф Вахрам Багдасарјан од „Електричен Ереван“ во нивните Слики на годината за 2015.

Ројтерс ја рангираше фотографијата на Вахрам Багдасарјан од #ElectricYerevan во Најдобрите фотографии за 2015

Сепак, не сите медиуми гледаа на „Електричен Ереван“ на ист начин.

Западните медиуми ја посочуваа мирната страна на „Електричен Ереван“, како демонстрантите земаа учество во активности како играње шах, изведуваа национални танци и ора, и го чистеа нередот кој тие го создаваа.

Покрај тоа, руските канали и онлајн агенции, го интерпретираа „Електричен Ереван“ како повторена епизода на украинскиот Мајдан кој „исфрли“ широко прорускиот претседател и го поплочи патот за антимосковска влада во Киев.

Нема ништо лошо во тоа да се биде „како Мајдан“

Руските масовни медиуми имаа тенденција да обвинуваат дека „Електричен Ереван“ бил оркестриран надвор од Ерменија и со поддршка на пропагандата на САД.

Паралелите беа јасни за руските дописници.

Владата на Ерменија го направи обратното од Украина и се согласи да се придружи на Евроазиската економска унија во 2013, која е поддржана од Кремљ, ефективно оддалечувајќи се од договор за асоцијација со Европската Унија.

За алчниот Запад, Украина не беше доволна, тврдеа тие.

Учесниците во Електричен Ереван, за возврат, имаа тенденција негативно да ја гледаат медиумската покриеност на протестот од страна на руските медиуми.

Во еден момент за време на протестите имаше момче кое држеше три балони претставувајќи ги боите на ерменското знаме: црвена, жолта (или кајсија портокалова) и сина.

Кога пукна црвениот балон, останаа само синиот и жолтиот и руските медиуми се насочија на жолто-сината комбинација наводно сугестирајќи симпатии кон Украина. Ова беше уредна манифестација на медиумската пристрасност и „го гледаме тоа што сакаме да го видиме“.

Всушност, „Електричен Ереван“ немаше силни поврзаности со ниту еден политичар или партија.

Тоа беше движење предводено главно од млади и граѓански активисти. Имаше слогани како „Стоп за корупцијата“, „Не за зголемувањето на цените“, „Висока напон”, но никогаш “Револуција”.

„Масовните медиуми помогнаа во дисеминацијата на прашањата кога истите беа покренати. Кога беше потребно гласот да се пренесе надвор, медиумите без двоумење го покрија настанот“, се сеќава Вагинак Шушанјан, еден од главните активисти на „Електричен Ереван“. „Не секогаш со контекстот кој ни беше потребен, но тие [постојано] објавуваа,“ изјави тој за Глобал Војсис.

Социјалните мрежи исто така одиграа многу важна улога во организирањето на луѓето и нивното присуство на авенијата Багхрамјан која беше епицентарот на протестите.

Бидејќи повеќето протестирачи беа на возраст од 20 до 30 години, најголемиот дел од нив беа информирани за настаните и собирите на Багхрамјан благодарение на помошта од Фејсбук и Твитер.

Но, социјалните мрежи се чини играа и паралелна, контрадикторна улога како алатка на владата за следење и провокација.

Од традиционалните медиуми кои го покриваа „Електричен Ереван“ „Civilnet“ агенцијата спонзорирана од локална граѓанска група, и „RFE/RL“ ерменскиот сервис финансиран од конгресот на САД беа далеку највлијателните.

„RFE/RL“ беше особено важен, бидејќи го пренесуваше го движењето во живо на мноштво гледачи кои достигнаа бројка од речиси 300.000, што е 1/10 од вкупното население на Ерменија од 3.2 милиони граѓани.

Оттука, додека Америка најверојатно не го испланирала „Електричен Ереван“ како што се чини дека мислеа многу руски медиуми, локалните новинари кои работат во медиум финансиран од Америка направија многу да го прошират гласот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.