Што пелените ме научија за Европа

Графички приказ на бебе од „Clker-Free-Vector-Images“ на Пиксабеј. Слика со знамето на ЕУ: јавно достапна. Уредени слики од Џорџа Поплвел (CC BY 3.0).
Кога пристигнав во Германија како студент пред две години, ме изненади тоа што гледав како мајки користат пелени за широк повој, какви што се користеа пред неколку децении во мојата родна земја Туркменистан. Иако во моментов Туркменистан се наоѓа во економска криза, родителите се стремат да користат увозни пелени за една употреба и да ја остават вековната традиција на користење пелени за широк повој, на која сега се гледа како уназадувачка. Како тогаш жителите на Западна Европа, кои финансиски стојат подобро отколку просечниот туркмен, одбираат пелени за широк повој, особено кога на располагање имаат широк спектар на различни брендови на модерни пелени за една употреба?
Слично на тоа, открив дека младите од Западна Европа се чудни и ексцентрични. Се чинеше дека имаат чувство на одбивност од познатите брендови, се шетаат со памучни торби наместо дизајнерски чанти и гордо ја носат својата половна облека која ги прави да личат на сè, освен на богати луѓе. Како странски студент од Туркменистан, не можев а да не се запрашам дали одреден вид на романтизирана сиромаштија претставува нормален стил на живот во богатата Западна Европа, дел од светот во кој многу туркмени сонуваат да се преселат.
Уживајќи во една шницла во кантината и разговарајќи за време на ручекот, јас исто така научив дека многу од моите соученици и професори од Германија се водат по таканаречената „свесна“ исхрана, што во превод значи избегнување одредена храна со цел намалување на своето влијание врз животната средина. Не можев да не се запрашам дали јас и, всушност, сите туркмени, чија исхрана примарно содржи месо, не сме „освестени“?
Моите први денови во Германија ги поминав со чудно чувство бидејќи не ја разбирав германската култура и имав тешкотии да се вклопам во мојата земја-домаќин. Со цел да се чувствам помалку изолирано и да се вклопам во мојата нова заедница, започнав да се самообразувам за начините на живот во Западна Европа. Открив цел „нов“ свет кој се развива и за кој воглавно не се знае ништо во Туркменистан. Научив за климатските промени, Целите за одржлив развој, циркуларната економија, екологија, минимализам и зелен стил на живот. Неограничениот пристап до Интернет и информации, ја разбуди мојата критична свест и започнав да ги преиспитувам бинарните конструкти како „развиени“ и „уназадувачки“ и повторно да ги анализирам политиките во Туркменистан и на Запад.
Сфатив дека додека многу пообразовани и богати граѓани на Германија го прифаќаат „постматеријалистичкиот“ начин на размислување и го насочуваат нивното внимание кон квалитетот на живот и водење еколошки свесен начин на живот, ние во Туркменистан стануваме се поголеми материјалисти. Во отсуство на квалитетно образование и лесен пристап до Интернет, да се биде свесен за животната средина не е ни реална ниту остварлива цел за многу туркмени.
Пристапот до информации е исто така потребен за да има јавна одговорност. Затоа, кога ќе се видат тинејџери од Германија и Западна Европа како не одат на часови за да протестираат по улиците со барања до возрасните да ја заштитат нивната иднина од катастрофи предизвикани од климатските промени не е за изненадување. Истовремено, многу туркмени немаат поим дека Централна Азија исто така е негативно погодена и може да се соочи со конфликти на границите како што климатските промени го намалуваат пристапот до вода за пиење.
Со објавувањето информации за животната средина од страна на владите, учењето за климатските промени во училиштата и пристапот до информации претставуваат камен темелник во зачувувањето на правото на луѓето да знаат и способноста на јавноста да учествува или да ги предводи напорите за заштита на животната средина. Да се биде еколошки освестен исто така значи дека информациите ќе бидат достапни и пристапни за сите граѓани, што не е случај во Туркменистан.
Со тоа што ја имам можноста да живеам во Германија и да бидам изложен на нови идеи, сфатив дека користењето на пелени за широк повој не е уназадувачко и носењето на половна облека не е знак на сиромаштија, туку на еколошка свесност. Се плашам дека на многу од моите сограѓани туркмени ќе им треба многу повеќе време да дојдат до овие заклучоци. Некои од нив никогаш нема да научат дека нашиот поранешен штедлив начин на живот – закрпување стара облека, носење израсната облека од браќата и сестрите – е всушност прогресивен и еколошки свесен. Исто така се плашам дека поради ограничениот пристап до информации и недостигот на иницијативи за кревање свест ќе продолжиме да ги потценуваме нашите еколошки свесни традиции и начинот на живот кон кој се стремат многу луѓе од западните земји.
Од друга страна, мислам дека жителите на Западна Европа недоволно разбираат дека практикувањето еколошки стил на живот и грижењето за Целите за одржлив развој е знак на привилегираност. Моите врсници од Германија веројатно никогаш не стоеле со часови во редица за векна леб, шеќер и масло. Кога не мора да се грижите за основните потреби како храна, имате пристап до квалитетно образование и информации и живеете во демократска држава, тогаш полесно е да се стават прашањата за животната средина погоре на листата со приоритети.
The Bridge features personal essays, commentary, and creative non-fiction that illuminate differences in perception between local and international coverage of news events, from the unique perspective of members of the Global Voices community. Views expressed do not necessarily represent the opinion of the community as a whole. Сите написи
Категории

Започни ја конверзацијата
The Bridge features personal essays, commentary, and creative non-fiction that illuminate differences in perception between local and international coverage of news events, from the unique perspective of members of the Global Voices community. Views expressed do not necessarily represent the opinion of the community as a whole. Сите написи
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!