Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

„Со автомобилот испраќам порака“: иноватор од Авганистан ја предизвикува младината од ништо да создаде нешто

Јасер Ахмадзаи со својата креација. Од приватната архива на Јасер. Фотографијата е искористена со дозвола.

Како студент кој растел во околината на Нангархар под талибански режим кон крајот на 1990-те, единствениот извор на инспирација на Јасер Ахмадзаи била неделната радио програма за иновации на „Би-Би-Си“.

Ахмадзаи имал сон да создаде и изгради нешто, што било – но во тоа време во Авганистан се чинело невозможно.

По две децении, Јасер Ахмадзаи ја избришал прашината од заборавените соништа, почнал да собира стари делови од машина и да прави автомобил со својот син.

Возилото, украсено со логото „Брзина за мир“, Ахмадзаи го гледа како почеток на нешто многу поголемо, кое може да ги инспирира младите во оваа држава уништена од војни, да создадат нешта со помош на светот околу нив.

„Глобал војсис“ разговараше со Јасер Ахмадзаи во неговиот дом, во главниот град Кабул. Дискутиравме за иновациските центри, работните ноќи и зошто го избрал школувањето наместо Талибанците.

„Глобал војсис“: Претставете ни се накратко.

Yaser Ahmadzai (YH): I am Yasar Ahmadzai, a peace activist. Also, I sometimes work on technology and develop machines. I did my bachelor degree at the journalism faculty of Kabul University. I earned my Master’s degree in Peacebuilding and Applied Community Change from Future Generations University in the United States.

Јасер Ахмадзаи: Јас сум Јасер Ахмадзаи, активист за мир. Понекогаш се занимавам со технологија и развивам машини. Завршив додипломски студии по новинарство на Универзитетот во Кабул. Магистратурата по „Мировни студии и применета промена во заедницата“ ја завршив на Универзитетот „Фјучр џенерејшнс“ во САД.

„Глобал војсис“: Како одлучивте да го направите овој автомобил?

YH: One day, I watched a report on how a Pakistani guy made a small helicopter (out of spare parts). It reminded me of my youth when I was a school student and had lots of ideas to innovate and create. I decided to make a car which could carry four people. I installed everything, from a music player through lights and everything else you need for a car. I had a full-time job so I worked night shifts on the car. It took me a full month to complete. I was thrilled when I finally drove my own car on the roads rather than one made by someone else.

Јасер Ахмадзаи: Еднаш гледав репортажа за Пакистанец кој направил мал хеликоптер (од делови). Ме потсети на младоста, кога бев ученик и имав многу идеи. Се одлучив да направам автомобил кој ќе собира четворица. Вградив сè, од музички систем до светла и сè што може да ви притреба за автомобилот. Имав работа со полно работно време, па навечер работев на автомобилот. Ми требаше еден цел месец за да го завршам. Бев пресреќен кога конечно возев свој автомобил, наместо автомобил што го изработил некој друг.

„Глобал војсис“: Имате ли направено нешто и претходно?

YH: In 1998-1999, as a school student, I was thinking about how to make things. Cars, sensors, helicopters, and many more ideas. Unfortunately, it was a black time in Afghanistan and I didn’t have enough equipment or the facilities where I could make something. I tried a lot of things; I made a model car and a helicopter. I made something like a sensor-controlled car as well. Although the Taliban regime was controlling the country, I tried to inject ideas of change into my peers of that time. I was thinking of change and hoping that things will be different. My main aim was graduation from school. Most other young people left school to join the Taliban. I stayed in school to chase my dreams.

Јасер Ахмадзаи: Во 1998-1999 г. додека бев ученик, размислував како да направам одредени работи. Автомобили, сензори, хеликоптери и уште многу идеи. Но, за жал, во тоа време во Авганистан немав доволно опрема или простории каде би можел да работам. Се обидов со многу работи; направив модел на автомобил и хеликоптер. Направив и налик на автомобил контролиран со сензор. Иако во државата владееше талибанскиот режим, се обидов да ја пренесам идејата за промена на моите врсници. Размислував за промени и се надевав дека нештата ќе бидат поразлични. Главната цел ми беше да завршам училиште. Повеќето млади луѓе не продолжуваа со школување и им се приклучуваа на Талибанците. Јас продолжив да се школувам за да си ги следам соништата.

„Глобал војсис“: Но, нели е тешко и сега за младината да ги оствари своите амбиции?

YH: In Afghanistan today, you have enough space and resources to realise your dreams. There is no-one to stop you from studying or making a car in your yard. It’s a free country where dreams come true for many young Afghans. I am one of them. I managed my time: I worked as a full-time employee at a foreign aid organisation and worked at night on my car.

Јасер Ахмедзаи: Денес во Авганистан имате доволно простор и ресурси да ги остварите своите соништа. Нема никој што може да ве спречи да учите и да создадете автомобил во сопствениот двор. Авганистан е слободна држава каде многу млади Авганистанци си ги исполнуваат соништата. Јас сум еден од нив. Работев полно работно време во странска организација, а преку ноќ работев на својот автомобил.

Ахмедзаи со малиот син додека работи на својот автомобил. Од личната архива на Јасер Ахмедзаи. Фотографијата е искористена со дозвола.

„Глобал војсис“: Која Ви беше целта?

YH: Apart from realising my own dream, I wanted to inspire other young Afghans, who have dreams. A large number of young Afghans have ideas to innovate and create. They think about when to start. Just start your work. Do your work with what you have now. It’s time to start.

Јасер Ахмедзаи: Освен да ги остварам своите соништа, сакав да ги инспирирам и другите млади Авганистанци кои имаат соништа. Голем број млади Авганистанци имаат идеи за иновации и креации. Размислуваат кога да започнат. Почнете. Работете со она што располагате во моментот. Време е да почнете.

„Глобал војсис“: Која Ви е долгорочната цел?

YH: I want to build a centre for innovation, where young Afghans can come together and build things. I have already heard from a young man who plans to work on electric projects. I am even trying to support young people financially from my own limited salary. In addition, I plan to collaborate with the Ministry of Education as a volunteer in order to go to public schools and speak about innovation.

Јасер Ахмедзаи: Сакам да отворам центар за иновации, каде младите Авганистанци ќе се спојат и ќе создаваат. Веќе добив информации од еден млад човек кој планира да работи на проекти од електриката. Се обидувам и финансиски, со мојата скромна плата да ги поддржам младите луѓе. Дополнително, планирам да соработувам со Министерството за образование и како волонтер да одам во државните училишта за да зборувам за иновации.

„Глобал војсис“: Имате ли порака за младите Авганистанци?

YH: My Message is my car: let’s do our best for a better tomorrow. We Afghans just talk, we need to act! Let’s do our part to drive the country. Nobody is going to develop us without us. It’s us who can build this country. Also, I named this car “SPEED FOR PEACE” as a request to the Afghan government, political parties, and international community to speed up the peace process in Afghanistan.

Јасер Ахмедзаи: Пораката е мојот автомобил. Да дадеме сѐ од себе за подобро утре. Ние Авганистанците само зборуваме, треба да дејствуваме! Да го направиме нашиот дел за да ја придвижиме државата. Никој нема да ја подобри без нас. Ние можеме да ја изградиме оваа држава. Го именував автомобилот „Брзина за мир“, како барање до авганистанската влада, политичките партии и меѓународната заедница да го забрзаат мировниот процес во Авганистан.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.