Македонската Влада забрани снимање протести со дронови

Image tweeted by @Nav_urov. Photo from a drone flying above the massive December 10 student protests.

Слика твитната од @Nav_urov. Фотографија од дрон кој летал над масовниот студентски протест на 10.12.2014.

Владата на Република Македонија усвоила уредба со која се забранува користење дронови во радиус од 500 метри од владини згради, јавни собири и протести. 

Видео-снимки и фотографии направени со дронови и пренесени преку интернет се покажаа доста полезни при одредувањето на големината на неодамнешниот студентски марш, чие покривање во доминантните медиуми беше минимално иако се смета дека се работеше за најголем студентски протест во Македонија од независноста. На 10 декември 2014 година илјадници студенти и универзитетски професори излегоа на улиците да искажат противење на владиниот план за екстерно тестирање под надзор на државата.

Провладиниот весник „Дневник“ објави вест за новите прописи, кои стапиле на сила на 31 јануари, иако самата Уредба не може да се најде на ниту еден од релевантните владини веб-сајтови.

„Не може да се вршат операции на летала без екипаж под 150 метри во секоја населено област, под 50 метри растојание од секое лице, брод, возило или инфраструктура…“, стои во уредбата.

Притоа се забранува дронот да се насочува кон лица, животни или собир на луѓе.

„Не може да лета летало без екипаж во радиус од 500 метри од објектите од значење за безбедноста, објектите на државните органи и критични народни маси, како што се објектите на Министерството за одбрана и АРМ, објектите на МВР, Владата, Собранието, резиденцијата на претседателот на државата, дипломатските претставништва, високоризични натпревари и голем собир на луѓе (протести)“, стои во уредбата.

Студентскит пленум, кој го организираше протестот на 10 декември пренесе дека операторот на дрон бил приведен од полицијата. Нема јавно достапни информации за тоа колку долго бил задржан или врз основ на кое обвинение.

Пред нешто повеќе од две години, десетици илјади македонски граѓани излегоа на улиците да протестираат против сиромаштијата и корупцијата во оваа земја со два милиони жители. Оттогаш, различни групи луѓе – студенти, наставници, широки народни маси и работници – имаат излегувано на протести, барајќи подобри животни услови и права. Владата користи различни тактики да обесхрабри медиумско покривање на протестите, меѓу кои и заплашување новинари

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.