Јужнокорејските големи ТВ мрежи одлучија да го блокираат пристапот на интернет корисниците од оваа земја до нивните содржини на Јутјуб и мигрираа на други платформи за споделување видеа наводно поради зголемување на нивниот процент на заработувачка од рекламите.
Оваа одлука доведе до бес многу Корејци, особено поради тоа што мрежите ќе продолжат да ги нудат своите содржини на Јутјуб, меѓутоа само за интернационални корисници.
Почнувајќи од првата недела во декември, неколку популарни мрежи и ТВ куќи, вклучувајќи ги и МБЦ, СБС, твН и ЈТБЦ, започнаа со блокирањето на корисниците кои имаат корејска IP адреса од нивните видеа на Јутјуб. Неколку продукциски куќи објавија дека мотивот за овој потег се парите: Јутјуб им дава на мрежите релативно мал процент од профитот од рекламите (околу 55 проценти, додека некои тврдеа и 40 проценти), додека корејските портали како што се Навер и Даум Какао се договориле со мрежите да им даваат околу 90 проценти. Во јуни, седум корејски ТВ куќи, откако оформија сојуз, преговараа со Јутјуб во обид да се здобијат со поголем дел од профитот, но не успеаја да дојдат до консензус.
Корејците ги преплавија разните социјални мрежи со критики за одлуката на мрежите, нарекувајќи ја ирационална, кратковидна и дискиминаторска во однос на нивната матична публика. Многумина се жалеа дека локалните видео платформи не работат добро како Јутјуб и ги принудуваат корисниците да инсталираат дополнителен софтвер кој би можел да ги направи нивните компјутери подложни на хакерски напади во иднина (Прочитајте ја статијата која го објаснува ова на Глобал Војсис, „Korean users’ feud with Active X“).
유튜브로 국내외 영상 즐기는 이용자로서, 이번 국내 방송사들의 국내 유튜브 서비스 중단은 짜증만 난다. 해외에는 허용하고.. 차별하냐? 네이버로 옮긴다니.. 거기 동영상 서비스 무겁고 화질 짜증나는데. 액티브 떡칠에 광고 떡칠.. 최악의 헛짓이다.
— 펄퍼러스 Purpureus (@aestas21) 24ти ноември, 2014
Како [Кореанец] корисник кој ужива да гледа видеа на Јутјуб, одлуката на корејските ТВ куќи за запирање на Јутјуб сервисот само во Кореја, а дозволувајќи им на странските посетители да ја гледаат содржината, е навистина глупава. Тоа е форма на обратна дискриминација против корејските гледачи. Отсега тие ќе користат Навер, но видео сервисот на Навер е бавен, и ме иритира квалитетот на видеата. Уште полошо, тој е преполн со Актив X и реклами. Ова е најлошата одлука што ја донеле ТВ куќите.
유튜브 왜 서비스 중단하는지 검색해보니까 광고수익이 각 방송사에 적게 배분되니까 그런 거구만? 야이 미친… 해외 시청자들 의식해서 우리나라에서만 서비스 중단하는 나쁜 것들아ㅠㅠㅠ
— 슬러쉬 (@SoSlushy) 1ви декември, 2014
Во потрагата по одговор на тоа зошто ТВ куќите го сопреа Јутјуб [за Корејците], открив дека телевизиите добиваат релативно мал дел од профитот од рекламите на Јутјуб. Овие луди луѓе, сепак се уште се грижат за интернационалната публика, па одлучија да го прекинат сервисот во Кореја.
유튜브나 구글이 세상의 정의일리 만무하지만, 방송사의 유튜브 서비스 중단은 거의 확실하게 퇴행이 아닐까. 차라리 자체 유료서비스를 위해서라면 모를까. 경우에 따라서는 과거 아카이브까지 업로드하며 의욕을 보이더니..
— mimyo (@mimyo_) 28ми ноември, 2014
Не велам дека Јутјуб или Гугл е решението за сите проблеми, но одлуката на ТВ куќите за прекинување на Јутјуб сервисот е целосна регресија. Доколку излезеа со нивна видео платформа за споделување на содржините, ќе разберев. Исто така, оваа одлука не е во склад со нивните претходни постапки; понекогаш тие на волонтерска основа ги прикачуваа нивните архивски снимки и активно го користеа Јутјуб. [заб.на уредникот: тв каналите често прикачуваат речиси цели епизоди од нивните популарни серии]
@_room321 우회하니 넘 느려요..ㅠㅜ 외국 서비스 써보려고 우회해본 적은 있지만 국내 컨텐츠 보려고 우회해야 한다니 어처구니가 없어욬ㅋㅋㅋㅋㅋㅋㅋㅋㅋㅋ
— Rotring (@Rotring_) 1ви декември, 2014
Користев прокси и ја заобиколив забраната [за да гледам содржини на Јутјуб во Кореја], но тоа е толку многу бавно. Во минатото, сум користел прокси, но тогаш, за да гледам странски содржини, а не локални корејски содржини. Ситуацијава е неверојатна.