28 март 2008

Написи од 28 март 2008

Парагвај: Кандидатите користат блогови за да ги придобијат гласачите

Претседателските избори во Парагвај ќе се одржат на 20 април, 2008 г. Многумина од претседателските кандидати ги користат блоговите како начин за комуникација со потенцијалните гласачи додека ги пренесуваат своите размислувања за одредена тема или додека ја претставуваат програмата што ќе ја спроведуваат доколку бидат избрани. Овие блогови се пишуваат и објавуваат во еден од најтиражните весници на Парагвај - Дијарио АБЦ.

Колумбија: Натпревар создава мултимедијални граѓани новинари

Натпревар во Колумбија отворен за секој, без разлика на националноста, кој се состои од креирање, пишување и прикажување на содржина со која се запознава светот со особено важни места во Колумбија. Блогерите и видео блогерите веќе поставуваат содржини, а во овој текст се опфатени натписи за регионите Чоко и Антиоквиа