Below are posts about citizen media in Farsi. Don't miss Global Voices به فارسی, where Global Voices posts are translated into Farsi! Read about our Lingua project to learn more about how Global Voices content is being translated into other languages.

Написи за фарси

Илустрирано смртоносно загадување во Техеран

Загаденоста на воздухот веќе со години е јавен непријател на милиони Иранци. Веќе не е изненадување кога владата ги затвора јавните институции заради загаденоста на воздухот. На почетокот на овој месец, Министерството за здравство изјави дека минатата година повеќе од 4,400 луѓе ги загубија животите од загаденоста во Техеран, главниот град...

Иран: „Луда графити седмица“ за политичките затвореници

Од први до седми април, 2012 Фејсбук групата, Луда графити иранска седмица, ги повика сите да направат матрици во чест на стотици ирански политички затвореници. Луѓето ги ставаа нивните ознаки на маици, огради, на нивните домови и на облека. Трудот беше инспириран и поддржан од страна на египетската „Луда графити...

Наградата за најкорумпирана држава ја добива Авганистан

Според годишната анкета на 176 земји, објавена на 5 декември од Transparency International (ТИ), Авганистан се смета за најкорумпираната држава во светот и е речиси на исто ниво со Северна Кореја и Сомалија. ТИ е невладина организација за борба против глобалната корупција, со седиште во Берлин, којашто го составува годишниот...

Иран испрати еден мајмун во вселената, друг се врати

Блогери и други извори за вести ги оспорија тврдењата на иранската влада дека успешно испратиле мајмун во вселената и дека истиот се вратил жив на 28ми јануари, 2013 година. Официјални фотографии – наводно од мајмунот пред тој да биде испратен, и по неговото враќање – не се совпаѓаат, што дополнително го зголеми...

Првиот авганистански компјутерски анимиран филм

  28 ноември 2012

Оставајќи ги трите декади на војна и уништување зад себе, Авганистанците ја користат модерната технологија и медиумите за да ја изградат одново својата држава и да создадат нови генерации со посветла визија за иднината.’Buz-e-Chini‘ (Коза) е нивниот прв 3Д компјутерски анимиран краток филм снимен на Хазарги, дијалект кој што е...

Aвганистан: Дали Кабул ќе ги следи постапките на Вашингтон?

Во јануари 2012 година, неколку членови од претставниците на белата куќа во САД се состанаа во Берлин со група на проминентни претставници на опозициските лидери на Авганистан, вклучувајќи го и поранешниот претседател Ахмед Зиа Масуд, шефот на националното исламистичко движење во Авганистан Абдул Рашид Достум и поглаварот на Народната исламистичка...

Иранскиот дипломат обвинет за злоупотреба на деца го напушта Бразил

  15 август 2012

Ирански дипломат во бразилскиот град Бразилија, беше обвинет за злоупотреба на малолетни девојчиња на базен на 14-ти април 2012 година. Иранскиот службеник беше испрашуван од полицијата како резултат на жалбите од родителите, а потоа беше ослободен откако се повика на дипломатски имунитет. Додека Иранската амбасада ги негираше обвинувањата и изјави дека тие...

Иран: Уличен чистач најде и врати 500.000 долари

Честопати на насловните страници на иранските весници може да се забележат наслови за мултимилионска корупција. Моментално, главна вест е наголемата банкарска измама во Иран наводно извршена од луѓе кои се поврзани со владата. Но, одеднаш, позитивна вест се рашири низ Иран и надвор од земјата: Уличниот чистач Ахмад Рабани од градот...

Иран: Колата на Ахмадинеџад, жена и гладен старец

Видео на интернет на кое една девојка се качува на хаубата на колата на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, додека тој беше во посета на Бандар Абас (крајбрежен град на југот на Иран) на 10ти април 2012 година, привлече големо внимание. Девојката кратко зборува со претседателот чие возило е опколено од набљудувачи....

Иран: „Треба ли повторно да гласаме?“

Исламската Република се подготвува за парламентарни (Мајлис) избори во петок, на 2 март, 2012. Ова се првите национални избори по контроверзните претседателски избори во 2009 и последователните масовни демонстрациии. Додека неколку опозициски групи повикаа на бојкотирање на изборите, иранската држава вработува анти-западна пропаганда за да ги привлече граѓаните да гласаат....

За нашето покривање на фарси

fa