Ирански дипломат во бразилскиот град Бразилија, беше обвинет за злоупотреба на малолетни девојчиња на базен на 14-ти април 2012 година. Иранскиот службеник беше испрашуван од полицијата како резултат на жалбите од родителите, а потоа беше ослободен откако се повика на дипломатски имунитет. Додека Иранската амбасада ги негираше обвинувањата и изјави дека тие се резултат на „културно недоразбирање“, на интернет-корисниците од Иран и Бразил не им требаше многу за да реагираат.
Според видео извештајот на бразилската телевизија, очевидците велат дека дипломатот се преправал дека пливал истовремено нуркајќи. Полицијата вели дека додека бил по водата, наводно ги милувал девојчињата кои биле на возраст од 9 до 15 години. Некои од нив почнале да врискаат, а нивните родители се соочиле со човекот. Откако бил испрашан од полицијата, дипломатот ја напуштил земјата.
Иранците се запрепастија кога слушнаа за веста и го критикуваа исламскиот режим бидејќи наметнал строги разлики помеѓу половите во земјата, а дипломатите на земјата сакаат да пливаат во базен во кој има и мажи и жени. Тие исто така го исмеаја изговорот за „културно недоразбирање“.
Азаракан пишува со иронија за „културно недоразбирање“ и вели:
Мислам дека исламската република е во право за културната разлика бидејќи овој режим толку многу години ги силува своите луѓе без срам… дали сте слушнале дека еден од претставниците на исламскиот режим беше фатен на дело со своите валкани активности? Може ли режимот овој пат да го избегне притисокот на меѓународното јавно мислење?
Рeакциите во Бразил се појавуваат на Твитер. Magalhães A.S запраша:
@tovaga: Justiça e grande justiça, para que servem? É justo que o diplomata iraniano com “imunidade diplomática” abuse de crianças do DF? Só no Irã
@tovaga: Правда и голема правда, зошто? Дали е фер што иранскиот дипломат со „дипломатски имунитет“ злоупотребува деца во ФО [Федерална област]? Само во Иран
На својот блог, конзервативниот новинар Реиналдо Асеведо, исто така ги критикуваше обвинувањата за „културни недоразбирања“, чудејќи се како би можел да се реши ваков инцидент во Иран, и додаде:
É muito atrevimento a embaixada de um país que vive sob uma ditadura religiosa, que trata a divergência na base da bala e do porrete, que discrimina as mulheres, que as condena ainda ao apedrejamento, criticar a imprensa de um país livre.
Скандалот во Бразил го прикажува падот на смртноста на иранскиот режим. Оваа катастрофа е само начин за да се дознае за односот на претставниците на режимот… во нашите затвори има многу случаи на тортура и силување.