Иран: Колата на Ахмадинеџад, жена и гладен старец

Видео на интернет на кое една девојка се качува на хаубата на колата на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, додека тој беше во посета на Бандар Абас (крајбрежен град на југот на Иран) на 10ти април 2012 година, привлече големо внимание.

Девојката кратко зборува со претседателот чие возило е опколено од набљудувачи. Во меѓувреме, еден старец исто така се обидува да се доближи до Ахмадинеџад, притоа извикувајќи: „Ахмадинеџад, гладен сум! Ахмадинеџад, гладен сум!“ Ахмадинеџад продолжува да се смее и да мавта ѕиркајќи од сончевиот покрив на колата.

Интересно е тоа што иако повеќето од медиумите од западот пишуваа за девојката, иранските блогери се фокусираа на гладниот старец.

Karansadr вели:

Овој старец кој извикува „Гладен сум, во пензија сум“ е доказ за тоа дека сите ветувања на Ахмадинеџад беа лага. Се уште се сеќаваме кога рече дека Иран е единствената земја во која нема глад.

Babak Dad напиша:

Еден ден овие луѓе ќе не прашаат „Што правевте кога ние се обидувавме да преживееме?“ Дали имаме одговор? Се сомневам.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.