Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Aвганистан: Дали Кабул ќе ги следи постапките на Вашингтон?

Во јануари 2012 година, неколку членови од претставниците на белата куќа во САД се состанаа во Берлин со група на проминентни претставници на опозициските лидери на Авганистан, вклучувајќи го и поранешниот претседател Ахмед Зиа Масуд, шефот на националното исламистичко движење во Авганистан Абдул Рашид Достум и поглаварот на Народната исламистичка обединета партија на Авганистан Мохамед Мохаќиќ.

Минатата година, тројцата опозициски политичари формираа нова политичка партија наречена Национален фронт на Авганистан (NFA), која ги претставува поголемите етнички групи во северен Авганистан кои имаат специјални воени способности. Собирот во Берлин беше организиран како неформална средба по Интернационалната конференција за Авганистан во декември 2011 во Бон, од која тројцата лидери на НФА беа исклучени. Собирот не беше санкциониран од страна на властите во Вашингтон и Кабул, и затоа се одржа на ‘неутрална’ територија.

За време на собирот, авганистанските опозициски лидери и оние кои одлучуваат за законот во САД повикаа на повеќе децентрализиран политички систем од оној кој моментално постои во Авганистан. Повиувајќи на ревизија на новиот устав на земјата и воведувањето на федералниот политички систем, нивната изјава вели:

Централизираната моќ доведе до масивна корупција, обесправување на голем сегмент од авганистанските луѓе, попречување во економскиот развој, масивна злоупотреба на моќта, зголемена политичка нестабилност, лошо владеење и огромно поткопување на законот и редот.

Овој предлог е против високо централизираната политичка структура која Хамид Карзаи, претседателот на Авганистан, се обиде да ја зачува. Оттука, собирот во Берлин беше осуден од Министерството за надворешни работи на Авганистан. Карзаи исто така го отфрли и повикот за децентрализација.

Зборувајќи на почетокот на мај, тој рече дека новиот договор за партиска стратегија со САД е потпишан под услов моменталниот централизиран систем да остане недопрен:

Некои конгресмени од САД почнаа да се мешаат во Авганистан пред неколку месеци и бараа режимот во Авганистан да се смени во федерален систем. Јас јасно и кажав на владата на САД дека ќе го потпишеме договорот само ако вие го почитувате централното владеење на Авганистан.

Слично на ова, некои од парламентарците на Авганистан тврдеа дека собирот во Берлин имал за цел да ја подели државата. Тие исто така забележаа дека федералниот систем не бил во корист на државата, бидејќи можел да резултира во северо-јужна поделба и да се покаже како „отровен“ со тек на време.

A map of Afghanistan's provinces and regions. Could a federal system hold them all together? From Wikimedia (CC BY-SA 3.0)

Мапа од провинциите и регионите во Авганистан. Дали федерален систем може да ги задржи заедно? Од Wikimedia (CC BY-SA 3.0)

На 5 мај, Канкаш, популарно шоу кое се емитува на комерцијалната авганистанска телевизија TOLO TV, ги праша луѓето преку нивната јавна страница на Фејсбук да ги споделат нивните гледишта во врска со предложената реформа на политичкиот систем на државата. Подолу се некои од одговорите на авганистанските корисници на Фејсбук, објавени во мај:

Рухулах Р. Афг вели :

افغانستان در گذشته هم بعضی نظام ها را تجربه کرده ولی آنچه مهم است نظام نه بلکه کسانکه در رأس نظام قرار
قرار میگیرند عاری از فساد،غارت و نژاد پرستی باشند و درد و رنج مردم افغانستان را درک کنند
مردم افغانستان به یک نظام سالم،روشنفکر،مردمی وفکر به پیشرفت
بسوی آینده بهتر نیاز دارند

Авганистан доживеа различни системи на владеење. Но, она што јас сметам дека е важно не е системот туку оние корумпирани луѓе кои во моментов ја имаат моќта. Притоа, луѓето на Авганистан имаат потреба од силен систем кој ќе одговара на потребите на луѓето и ќе мисли нивната иднина да биде подобра.

Абдул Хаким Хаидари, сепак, сугерира дека овие реформи во сегашниот систем се единствениот начин  за да се решат проблемите на државата:

فکر میکنم دو نوع مردم کاملا متفاوت در افغانستان امروزی وجود دارد. یکی مردم طرفدار تمدن و تغیر بطرف مثبت و یکی هم مردم طرفدار قبیلوی ماندن و ضد تغیر بطرف مثبت.پس یگانه راه حل نظام فدرالی است انهایکه تغیر طلب اند تغیر و آنهایکه نمیخواهند در حالد ابقا شوند تا در مورد مزایایی تغیر به طرف مثبت پی برده به آنها ملحق شوند.با تشکر از کنکاش

Според мене, има два типа на луѓе кои живеат во Авганистан: оние кои ја поддржуваат модернизацијата и позитивниот развој, и оние кои се уште живеат во племиња и се противат на промените низ кои треба да помине системот за да се модернизира. Поради тоа, по мое мислење единствениот начин да се воведат промени и решение на постоечките проблеми на Авганистанците, е федерален систем.

Друг авганистански корисник на Фејсбук, Абдул Рахим Лодин, тврди:

ز آنجایی که افغانستان در ردیف کشورهای فقیر جهان قرار دارد و نظام فدرالی نیز با وجود مزایای که دارد یک نظام پر مصرف است مثلا نیاز به پارلمان جداگانه دارد و امثالهم, بنا نمی تواند یک نظام کار امد ومفید واقع شود, و از طرفی هم کشور های همسایه همیشه در پی این بودند که افغانستان را پارچه پارچه ساخته تا افغانستان همچنان ضعیف بماند تا انها از این کشور سود بیشتری ببرند.
و از طرفی دیگر کسانی امروز در افغانستان دم از نظام فدرالی میزنند وباخارجها مذاکره و نشست میکنند که به نحوی در نظام کنونی منافع شان در خطر افتاده یا هم در خطر میبینند.
بنا به نظر من تا اینکه در پی تغییر نظام باشید بهتر است در نظام کنونی اصلاحاتی بیاورند, و این کشور را از فساد اداری پاک سازند که هر روز دامنش گسترده تر میشود.

Авганистан е во меѓу најсиромашните држави во светот. Оттука, и покрај бенифициите што ги нуди федералниот систем, тоа е многу скапо. На пример, има неколку барувања како што се различни парламенти и други што го прават некоирсен за државата. Од друга страна, соседните држави секогаш сакале да го поделат Авганистан за секогаш да остане слаб, овозможувајќи им да имаат поголема кориснт од оваа земја. Освен тоа, тие луѓе во Авганистан коишто моментално го поддржуваат федералниот систем и имаат разговори со странци, се оние кои не гледаат никакви бенефиции од сегашната состојба и се чувствуваат заплашени од сегашниот режим. Притоа, по мое мислење, наместо да зборуваат за основањето на нов систем, подобро е да ги најдеме недостатоците во веќе постоечкиот и да вложиме напори да се подобри.

Исто така, коментирајќи на Фејсбук, Ахмад Зубаир Шахзад не мисли дека федералниот систем ќе ја подобри ситуацијата во Авганистан:

به نظر من تغیر نظام درد افغانستان را مداوا نمی کند. ما در طی این سدۀ خورشیدنی نظام های زیادی (شاهی، جمهوری، کمونستی، اسلامی…) اما آنچه که مردم افغانستان نیاز دارند یک نظام سالم است، عاری از چپاول، دستبرد مافیایی و فساد که دلش به حال این ملت رنج دیده بسوزد، درد مردم را احساس کند.به جای مصلحت ها به پیشرفت فکر کندنیاز داریم

Според мене, промената на системот нема да ги реши проблемите на Авганистан. Во изминативе 100 години Авганистан помина низ неколку форми (монархија, претседателство, комунизам, исламизам…) Она што му треба на Авганистан е стабилен систем, ослободен од корупција и кој одговара на болката на луѓето. Она што е потребно е систем во кој наместо бескорисни дебати, луѓето ќе размислуваат за развојот на државата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.