Загаденоста на воздухот веќе со години е јавен непријател на милиони Иранци. Веќе не е изненадување кога владата ги затвора јавните институции заради загаденоста на воздухот.
На почетокот на овој месец, Министерството за здравство изјави дека минатата година повеќе од 4,400 луѓе ги загубија животите од загаденоста во Техеран, главниот град на Иран.
Сив Техеран
Постојат неколку карикатури кои ги споделуваа ирански нетизени за загадувањето во Техеран. Омид нацрта карикатура на Iroon.com за да го покаже загадениот Техеран.
Мана Нејастани не ја занемари политиката во неговите цртежи за загадување: Дедо вели „Повторно е утро и треба да се разбудам… сите овие лоши вести… погубувања, затвор…“ Дедото зема воздух длабоко за да го започне денот паѓа покрај списание со наслов: „Смртоносно загадување на воздухот во Техеран“
Темен Град
Ова е видео кое го покажува загадениот Техеран на пладне додека авион слетува на аеродромот во Мехрабад.
Нема кислород
Зејтон, ирански блогер, вели:
Порано велевме дека нема каде да се дише во оваа држава. Со ова мислевме на политичките и социјалните притисоци од режимот. Но сега, буквално нема кислород за дишење. Режим кој не може да обезбеди кислород за граѓаните тврди дека извезува начин на владеење во светот.
Не треба да заборавиме дека луѓето во многу други градови во Иран, станаа исто така жртви на загадувањето, како во јужниот град Ахваз.