Првиот авганистански компјутерски анимиран филм

Оставајќи ги трите декади на војна и уништување зад себе, Авганистанците ја користат модерната технологија и медиумите за да ја изградат одново својата држава и да создадат нови генерации со посветла визија за иднината.’Buz-e-Chini‘ (Коза) е нивниот прв 3Д компјутерски анимиран краток филм снимен на Хазарги, дијалект кој што е зборуван од страна на луѓето Хазара во Авганистан и Пакистан.

Анимираниот филм се заснова на народна приказна во врска со една коза и нејзините три деца кои што се измамени од итриот волк. Дејството се случува во Бамјан, провинција во централен Авганистан, на сцената на споменикот од стоечки статуи на Буда, кој што потекнува од шестиот век и кој бил уништен од страна на Талибанците во 2001 година.

‘Buz-e-Chini’ е режиран од Абас Али, графички дизајнер со Хазара потекло кој што бил роден во Авганистан, но ја напуштил земјата откако ја окупирале Талибанците. Абас Али нашол прибежиште во Пакистан каде што студирал анимација и почнал да го смислува филмот. Откако Талибанците биле соборени и победени во Авганистан, тој се вратил во земјата и ја завршил продукцијата на ‘Buz-e-Chini’.

Објаснувајќи ја својата заинтересираност за анимирани филмови Абас Али вели:

از زمانی که کودک بودم عشق عجیبی به فلم های کارتونی داشتم که از تلویزیون پخش می شد. بسیار وقت ها از مکتب می گریختم تا برنامه کارتونی دلخواهم را در تلویزیون تماشا کنم و گاهی به خاطر این کار لت هم می خوردم. این علاقه باعث شد که از بسیار   خردسالی به طراحی و نقاشی شروع کنم و در نهایت به مدرسه هنر راه بیابم

Како дете бев голем фан на цртаните филмови кои што беа прикажувани на ТВ. Често прескокнував часови на училиште само за ги гледам моите омилени цртани филмови на ТВ, понекогаш дури бев и претепуван заради тоа. Овој мој интерес ме наведе да почнам да цртам и дизајнирам, а подоцна бев примен и на еден институт за графички дизајн.
'Buz-e-Chini': Official movie poster

‘Buz-e-Chini': Официјален филмски постер

Во едно скорешно интервју со каналот NATOchannel.tv, режисерот на филмот рече дека ‘Buz-e-Chini’ бил создаден да ја шири „пораката за мир“ и да ги спречи Талибанците во „збришувањето на авганистанската култура“.

‘Buz-e-Chini’ на почетокот бил илегално дистрибуиран на ДВД-иња и на видео касети. Една од првите легални прикажувања на филмот било организирано во пештера во Бамјан.

Children from Bamyan watch 'Buz-e-Chini' on a screen mounted in a cave. Photo by Tahira Bakhshi (The Republic of Science), used with permission.

Деца од Бамјан го гледаат ‘Buz-e-Chini’ на филмско платно поставено во пештера. Фотографијата е на Тахира Бакши (Република на Тишината), искористена со дозвола.

Али Карими пишува во Републиката на Тишината:

اهمیت این فلم در اینجاست که نشان می دهد هنرمندان افغان به مرحله یی رسیده اند که می توانند کودکان کشور را با قصه های افغانی سرگرم کنند. بدون شک، پس از سال ها تماشای «تام و جری» آمریکایی، دیدن «بز چینی» بامیانی برای هر طفل افغان تجربه ی لذت بخشی است که هیچ گاه فراموش نخواهند کرد.

Овој филм, ‘Buz-e-Chini’, покажува дека сега авганистанските уметници се во можност да ги забавуваат децата со авганистански цртани филмови. Без сомнение, по многуте години гледање на американскиот „Том и Џери“, бамјанскиот ‘Buz-e-Chini’ ќе биде едно забавно искуство за авганистанските деца, искуство кое никогаш нема да го заборават.

Мохамад Амин Вахиди, блогер и основач на ‘Deedenow Cinema Production Afghanistan’ пишува:

Иако веќе постојат авганистански аниматори кои прават кратки анимации во Авганистан уште од 2004 година, сепак квалитетот и графичкиот стил на “Buz e Chini” може да се спореди со оној на продукциите на Пиксар…

Алесандро Павоне, видео новинар кој работи во Авганистан го коментира филмот на неговиот Твитер-профил:

Дали е тоа новиот #филм на Пиксар? Не, тоа е првиот 3Д анимиран авганистански филм! “#Buz-e-Chini”

Коментирајќи на првото видео од ‘Buz-e-Chini’ прикачено на ЈуТјуб, Ефтакарчангези вели:

Зачудувачки добра графика – професионално изработен, на ниво на кој било холивудски 3Д филм. Голема благодарност до едно толку големо професионално постигнување како ова. Со нетрпение очекувам повеќе вакви напори…

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.