Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Наградата за најкорумпирана држава ја добива Авганистан

Според годишната анкета на 176 земји, објавена на 5 декември од Transparency International (ТИ), Авганистан се смета за најкорумпираната држава во светот и е речиси на исто ниво со Северна Кореја и Сомалија. ТИ е невладина организација за борба против глобалната корупција, со седиште во Берлин, којашто го составува годишниот индекс на корупција. Во истражувањето направено минатата година, Авганистан беше малку над Северна Кореја и Сомалија, делејќи го 180-то место со Мјанмар.

„Куп за најкорумпирана земја“

Авганистанските граѓански организации ја искористија можноста обезбедена преку објавувањето на резултатите од истражувањето, да организираат антикорупциски демонстрации. Демонстрациите беа одржани во 8 од вкупно 34 покраини во земјата. Целта на настаните беше да „[промовираат] национално единство, елиминирање на корупцијата и да се донесе мир и стабилност во земјата.“

На 8 декември, активисти на граѓанското општество во покраината Бамјан (или Бамијан) го одликуваа човекот маскиран со ликот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи со „Купот за најкорумпирана земја“.

Ликот на авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи, со „Купот за најкорумпирана земја“ во Бамјан. Фотографија од Мади Мехарин.

Повозрасен работник го врачува купот на човекот со ликот на Карзаи. Фотографија од Мади Мехарин.

Давуд Вазл, еден од организаторите на настанот, изјави во интервју за BBC:

شما شاهد این واقعیت تلخ هستید که در۲۰۰ متری من، مردمی هستند که درقرن ۲۱ درمغاره هایی زندگی می کنند که ۲۰۰۰ سال قبل ساخته شده اند و وزیران کابینه سفرهای میلیون دلاری می‌کنند و خرج یک شب شان برابر با اعمار سرپناه برای مغاره نشینان می شود

Ја гледате суровата реалност на 200 метри [од мене], дека некои луѓе живеат во пештери ископани пред 2000 години додека министрите одат на патувања кои чинат милиони долари. Една ноќ од нивниот престој [во луксузни странски хотели] чини исто онолку колку што е потребно да се обезбеди засолниште за оние кои сè уште живеат во пештери.

Според властите за антикорупција во државата, корупцијата е еден од главните предизвици со кои Авганистан се соочува во последната деценија, при што најпогоден е сиромашниот дел од населението.

Странските земји дале милијарди долари во Авганистан за помош, иако многу Авганистанци веруваат [пдф] дека голем дел од парите за помош завршуваат во џебовите на високите владини функционери. Претседавачот на Transparency International сугерира дека „1 милијарда долари од 8 милијарди што се донирани [за Авганистан] во изминатите осум години, се изгубени поради корупција“.

Транспарент виси од „фенерот“, симболичен знак што покажува дека жителите на покраината Бамјан сè уште немаат струја. Фотографија од Мади Мехарин.

Реакции на нетизените

Местото на Авганистан во рангирањето за глобалната корупција, исто така, ги налути и неговите нетизени.

Хумајун Безад напиша на Твитер:

@behzadjee: Индекс за перцепција на корупцијата 2012 — Браво Авганистан го достигна врвот!!

Кавун Камош напиша:

@kwnmk: Вознемирен: Авганистан е најтемната земја на корупција меѓу 174 земји 🙁

И Рохула Јакоби напиша на Твитер:

@kohandeh: Официјално е, Авганистан е најкорумпираната нација на земјата. Честитки за г-дин Карзаи и сите кои го поддржуваа

Daily Outlook Afghanistan објасни зошто корупцијата опстојува:

Корупцијата го разби Авганистан одвнатре. Ова е така бидејќи нема постојан напор за таа да се спречи во последните единаесет години. Оние кои се вмешани во проневера на милијарди долари талкаат слободно во и надвор од Авганистан со што нивната поврзаност со одредени силни политички фигури се покажува дека е посилна од авганистанските закони.

Во меѓувреме, авганистанската група за национално помирување на Фејсбук предложи радикално решение за корупцијата:

Нема сомнение дека Авганистан спаѓа во таа [последната] категорија, но што може да се направи за да се исчисти Авганистан од корупција? Одговорот е: Авганистан треба да има некорумпиран водач кој ќе може да обеси некои корумпирани индивидуи и тоа би бил крајот на корупцијата во Авганистан.

Фигура на авганистанскиот претседател, со слики кои упатуваат на корупција во негово име. Фотографија од Мади Мехарин.

Забелешка на уредникот: Покрај Монголија која е на 94-тото место со уште седум други земји, сите останати земји во Централна Азија се помеѓу 50-те најкорумпирани нации во најновите рангирања на ТИ. Казахстан е 133-ти на листата од 176 земји, делејќи го местото со Русија и четири други нации. Киргистан, заедно со Гвинеја, е на 154-тото место. Таџикистан е 157-ми, заедно со уште две други земји. Туркменистан и Узбекистан го делат 170-тото место, само малку погоре од Авганистан.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.