Студент на Правниот факултет во Скопје, отсек новинарство. Поранешен автор на македонскиот забавен портал 365.com.mk. Моментално волонтира во фондацијата Метаморфозис. Зборува англиски и (делумно) француски јазик. Интерес за е-новинарство, нови медиуми, технологија и сајбер-активизам.
Последни написи од Огнена Костова од август, 2010
Кина: Приказни за визите
Со целиот економски раст во Кина изминативе неколку декади и зголемениот број на туристи, дали визните барања за кинеските граѓани одговараат на напредокот во земјата? Добро поткованиот новинар Чен Зикун го споделува своето искуство, па сами одлучете дали и како може да го споредите со вашето.
Србија: Проект за дигитални училишта
Даница Радованович пишува за Дигиталните училишта, проект финансиран од државата кој ќе овозможи оформување на дигитални училници во основните училишта на Србија и ги разгледува проблемите кои треба да се надминат за проектот да биде успешен.
Глобално: Mozilla Drumbeat бара проширување на отворената мрежа
Фондацијата Мозила, основач на интернет прелистувачот Фајрфокс, го лансираше Drumbeat, проект чија цел е да собере луѓе со различни искуства од целиот свет, кои заедно ќе осмислат проекти со цел промоција на отвореноста на вебот.