Огнена Костова

Студент на Правниот факултет во Скопје, отсек новинарство. Поранешен автор на македонскиот забавен портал 365.com.mk. Моментално волонтира во фондацијата Метаморфозис. Зборува англиски и (делумно) француски јазик. Интерес за е-новинарство, нови медиуми, технологија и сајбер-активизам.

Имејл Огнена Костова

Последни написи од Огнена Костова

Југоисточна Азија: Интерактивен веб-сајт за сексуална едукација

Основан во јули 2010 во Сингапур, сајтот sexxie.tv тврди дека е прва и единствена платформа за сексуално образование, глобално водена од реномирани доктори. За разлика од традиционалните сексуално-едукативни програми, sexxie.tv ја користи онлајн платформата за да допре до своите клиенти.

8 ноември 2010

Глобал војсис на Економист

Благодарение на специјален договор, авторите на Global Voices од целиот свет повремено поднесуваат написи до Економист за секцијата Бебеџ (Babbage) blog, дел од Економист за технологија. Овие написи се разликуваат...

27 септември 2010

Кина: Приказни за визите

Со целиот економски раст во Кина изминативе неколку декади и зголемениот број на туристи, дали визните барања за кинеските граѓани одговараат на напредокот во земјата? Добро поткованиот новинар Чен Зикун го споделува своето искуство, па сами одлучете дали и како може да го споредите со вашето.

19 август 2010

Србија: Проект за дигитални училишта

Даница Радованович пишува за Дигиталните училишта, проект финансиран од државата кој ќе овозможи оформување на дигитални училници во основните училишта на Србија и ги разгледува проблемите кои треба да се надминат за проектот да биде успешен.

10 август 2010

Глобално: Mozilla Drumbeat бара проширување на отворената мрежа

Фондацијата Мозила, основач на интернет прелистувачот Фајрфокс, го лансираше Drumbeat, проект чија цел е да собере луѓе со различни искуства од целиот свет, кои заедно ќе осмислат проекти со цел промоција на отвореноста на вебот.

5 август 2010

Преведувач на неделата: Одри Ламберт и нејзините ученици во Франција

Одри Ламберт е верен и посветен преведувач за Глобал Војсис на француски јазик од 2008та година. Таа е пионер во школска работа со Глобал Војсис во гимназијата Озен (Lycée Ozenne), во Тулуз, Франција.

11 април 2010

Кина: Обединети новинари бараат оставка од гувернер

Инцидентот во кој гувернерот на провинцијата Хубеј, Ли Хонгѕонг насилно го одзеде снимачот на една новинарка и одбивањето на јавното барање за негово извинување, ги обедини академците и медиумските работници кои започнаа петиција во која се бара оставката на гувернерот. Исто така: новинарски претставници и новинарски привилегии.

1 април 2010

Ирански веб сајт за правата на жените доби награда од „Новинарите без граници“

„Новинарите без граници“ и Google го наградија иранскиот веб сајт ние-менуваме со првата „нетизен награда“. Наградата е доделена за борбата на веб сајтот за слободата на изразување.

24 март 2010

Кина: Првата кинеска новела на Twitter?

Лиан Јуе, поранешен наставник и деловен управител, а денешен популарен блогер и политички коментатор во Кина, на својот блог најави дека овој месец започнува со пишување на новела наречена 2020, која ќе биде објавена на Twitter. Според неговиот блог, содржината на новелата ќе трае се до 2020та година.

20 март 2010

Глобално: Година на тигрите и нивното одгледување

Активистите и организациите кои се борат за правата на животните ширум светот, одлучија да се осигураат дека оваа година е навистина „годината на тигрите“. Тие ја искористија шансата да ги зголемат своите активности и да го насочат светското внимание кон овој величествен, а сепак сериозно загрозен вид во и онака намаленото животинско царство.

14 март 2010