Глобално: Mozilla Drumbeat бара проширување на отворената мрежа

Фондацијата Mozilla (Мозила), основач на интернет прелистувачот Firefox (Фајрфокс), го лансираше Drumbeat, проект чија цел е да собере луѓе со различни искуства од целиот свет, кои заедно ќе осмислат проекти со цел промоција на отвореноста на вебот. Наставници, технолози, дизајнери, девелопери, адвокати, преведувачи: сите кои ја користат и сакаат мрежата се поканети да помогнат вебот да стане подобро место и да остане отворено и слободно.

Drumbeat е целосно насочен кон чување на отвореноста на мрежата, и заштита на нејзината отворена природа::

Сакаме да основаме движење. Сакаме да ја одржиме мрежата отворена во следните 100 години. Прв чекор: ве покануваме да правите работи кои му помагаат на вебот. Тоа е филозофијата на Drumbeat – практични проекти и локални настани кои собираат паметни и креативни луѓе кои имаат големи идеи, решенија за проблемите и кои сакаат да ја градат отворената мрежа.

Меѓу оформените проекти се и: Universal Subtitles (универзални преводи), софтверски проект на глобалната заедница кој се стреми да го преведе, именува и да додаде поднаслов на секое видео на вебот. WebMadeMovies (видеа изработени на вебот) од Брет Гејлор (режисер на RIP: The Remix Manifesto), иновативна лабораторија која го трансформира начинот на кој ги создаваме и доживуваме видејата на вебот и P2PU School of Webcraft (школо за веб вештини), нов и моќен начин за обучување и учење на девелоперски вештини.

Mozilla Drumbeat во Сао Паоло, Јуни 2010. Фотографијата е снимена од Диего Касес.

Другите, интересни проекти се исто наведени на веб-сајтот на Drumbeat. Help me Investigate (помогни ми да истражувам), проект кој вклучува ангажирање на толпата во истражувачко новинарство. Со помош на овој проект, процесот на истражување се дели на поголем број помали задачи, со што волонтерите кои ги извршуваат можат да помогнат во истражувањето и во потврдувањето на новинските информации. Погледнете ја страницата со моменталните проекти.

Drumbeat беше официјално лансиран во Рио де Жанеиро, Бразил, во март 2010. Дополнително на првичната цел за собирање луѓе на мрежата кои работат на проекти, Mozilla охрабрува групи луѓе на локално ниво, да се сретнат во нивните градови и населби и да дискутираат за отворената мрежа.

До сега се одржаа 4 Drumbeat настани во Бразил, а последниот беше во Сао Паоло [португалски] и обедини индивидуалци од 13 различни делови на државата: од далечниот југ, се до срцето на амазонската шума. Drumbeat настани се одржаа и во Париз, Торонто и Бугарија. Информации за минатите и идните настани може да се најдат на оваа страна.

Затворениот интернет ги забавува иновативноста и трговијата и ја кочи соработката. Отворениот веб е загрозен од заѕидани градини, блокади на патиштата, вратари, централизација и недостаток на контрола на приватноста. Од овие причини, Drumbeat бара идеи и индивидуалци кои ќе се погрижат вебот засекогаш да остане отворен и слободен. Затоа започни проект или приклучи се кон некој кој веќе е во тек!

Напомена: Јас сум дел од тимот кој ги води Mozilla Drumbeat настаните во Бразил.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.