Завршувањето на мостот долг 6.1 километар преку реката Падма, кој ќе ги поврзе југозападниот регион на Бангладеш со северните и источните региони, се предвидува за декември 2020. Многумина се надеваат дека новиот мост на Падма ќе го промени економскиот пејсаж на југоисточен Бангладеш.
Сепак, во позадината на сите овие економски ветувања е лажна вест за мостот на Падма која веќе доведе до осум апсења и два смртни случаи.
Лажните вести за принесување човечки жртви предизвикуваат вознемиреност
Лажни гласини дека за мостот на Падма се потребни „човечки глави“ за негово завршување брзо се проширија преку социјалните медиуми:
বাঙালির নতুন গুজবের আমদানী হয়েছে>>>>
কিছুদিন ধরে কিছু গাজাঁখোর মিথ্যুক প্রচার করতেছে – পদ্মা সেতুতে নাকি ১ লক্ষাধিক মানুষের মাথা লাগবে বলে গুজব ছড়াচ্ছে। এটি সম্পূর্ণ অসত্য বানোয়াট গাঁজাখোরী কাহিনী। এসব মিথ্যাচারে কেউ কান দিবেন না– pic.twitter.com/tyTbw16JnS— ❣️ Mr. MD-S A I F..???⚽️ (@S_Alam1999) July 9, 2019
Има нова гласина. Некои луѓе шират лаги дека 100,000 човечки глави се потребни за завршување на мостот на Падма. Ова е лага и тотална глупост. Не обрнувајте внимание на овие гласини.
Гласините веќе станаа смртоносни. Постојат извештаи за два смртни случаи во областа Мохамадпур во Дака и во Ашуганџ, Брамонбариа откако толпи се посомневале дека лицата се обидуваат да киднапираат деца како жртви за изградбата на мостот. Во неколку други случаи, осомничени киднапери биле претепани во други делови на државата. Во изјава за медиумите началникот на полицијата од областа Лаксмипур рече:
যাদেরকে ‘ছেলে ধরা’ সন্দেহে আটক করা হচ্ছে পরবর্তীতে জিজ্ঞাসাবাদে দেখা যায় তারা কেউ মানসিক রোগী বা কেউ ভিখারী। ‘ছেলে ধরা’ খবরটি একটি নিছক গুজব।
Оние кои беа претепани и кои се во притвор за наводни обиди за киднапирање се или пациенти во иституции за ментално здравје или бездомници. Тврдењето за „киднапирањето на деца“ е само гласина.
Според член 25 од Законот за дигитална безбедност од 2018, приватно лице може да се соочи со затворска казна до три години или парична казна од 300,000 бангладешки таки (3,550 американски долари), или и двете, за ширење гласини во електронска форма. Досега, осуммина се притворени во Бангладеш за ширење гласини на „Фејсбук“.
Стара гласина, вратена во живот
Наводно, некои ги засноваат овие гласини на напис од 2015 во кој се вели дека работниците од кинеската градежна компанија најмена за изградба на мостот жртвувале животни (кози и крави) во почетните фази на проектот. Според верувањата на кинеските работници, принесувањето животински жртви може да го смилува Бог и да се избегнат сериозни несреќи. Некои лица споделуваат фотографии од жртвувањето животни како човечка крв како и приказни за обезглавување мали деца за мостот.
Верзии на ваков вид на приказни не се ништо ново во Бангладеш. Постои стар мит дека принесување човечки глави како жртва се потребни за време на било каков голем градежен зафат. Корисникот на „Фејсбук“ ХР Санви Ахмед се присети на слична гласина од неговото детство за време на изградбата на мостот Канчпур во доцните 1970-ти:
স্কুলে পড়তাম তখন। এক বিকেলে ৪/৫ জন বন্ধু মিলে খুব চিন্তিত। কাঁচপুর ব্রিজ তৈরি হচ্ছে। এখন ব্রিজের জোড়া শক্তপোক্ত করতে মানুষের হাড় প্রয়োজন। যেটা সবসময়ই লাগে বড়বড় সেতু বানাতে। প্রায় ৫০০ মানুষের হাড়। আর এই হাড় সংগ্রহের জন্য মূলত শিশুদেরকেই টার্গেট করা হচ্ছে। স্কুলেস্কুলে কাফনের সাদা কাপড়সহ চিঠি যাচ্ছে। আমাদের স্কুলেও চিঠি এসেছে। শিক্ষকরা প্রতিদিন ২/১ জন করে পাঠিয়ে দিচ্ছে বাচ্চাদেরকে সেতুওয়ালাদের কাছে। এমতাবস্থায় খুব চিন্তিত আমরা। খেলাধুলা বাদ দিয়ে চিন্তা করছি। আমাদেরকেও কিনা পাঠিয়ে দেয়! রাতে ঘুম বন্ধ হয়ে গিয়েছিলো। ছোট মাথা, অনেক বড় দুঃশ্চিন্তা।
Тогаш бев ученик. Моите пријатели тогаш разговараа за мостот Канчпур кој тогаш беше во изградба. Наводно биле потребни човечки коски за да бидат силни спојките на мостот. Најмалку 500 човечки коски требале за волку голем мост. Таргетирани беа деца и се испраќаа барања до училиштата. И нашето училиште доби такво писмо. Учителите праќаа 1 или 2 деца на градежните работници кои работеа на мостот. Ние бевме доста загрижени и исплашени. Да не нè испратат и нас. Не можевме да спиеме навечер. Толку многу грижи во нашите малечки глави!
Слични гласини се појавија за време на изградбата на мостот Шах Аманат на реката Карнапули во Читагонг во 2010 година.
Човечко жртвување се појавува во древната хинду митологија. Во многу древни текстови, наведено е дека се сечеле човечки глави за да се задоволат демоните пред да се крене мост над планински извор. Пред пет илјади години, Нарболи (човечко жртвување) се практикувало во цивилизацијата Пундра за да се задоволи божицата на земјоделството.
Во интервју за Би-Би-Си, Сусмита Чакрабарти, професор на Институтот за фолклор во рамки на универзитетот Раџшахи посочи кон митовите.
প্রত্যন্ত অঞ্চলের মানুষ পূর্বপুরুষদের কাছ থেকে যেসব গল্প শুনে আসে, কোনো ধরণের যাচাই ছাড়া সেগুলো বিশ্বাস করার প্রবণতার কারণেই এই প্রযুক্তির যুগেও সেসব গল্প সত্যি বলে দৃঢ়ভাবে বিশ্বাস করে।
Луѓето се запознаени со овие митови кои се пренесуваат од генерација на генерација. Па затоа потпаѓаат на вакви гласини без да ги проверат, дури и во оваа доба на технологија.
Како дел од обидите на властите во Бангладеш да го спречат ширењето на оваа гласина, тие излегоа со изјава дека ќе преземат строги мерки против оние кои ги шират гласините:
পদ্মা সেতু তৈরিতে মাথা প্রয়োজন এমন গুজব ছড়ানো ব্যাক্তিদের তথ্য দিয়ে এদের ধরিয়ে দিন।
যারা গুজব ছড়িয়েছে তাদেরকে গ্রেপ্তার করা শুরু হয়েছে.. pic.twitter.com/GeFjszSk2u— Rayahan Habib Khan (@rayahan_habib) July 9, 2019
Ве молам бидете внимателни со луѓето кои ги шират гласините дека се потребни човечки глави за мостот на Падма. Полицијата веќе ги апси.
Одговорните за изградбата на мостот исто така излегоа со изјава на 9 јули 2019 во која ги отфрлаат гласините за жртвувања и тврдат дека тие се шират од страна на „засегнати страни“, барајќи од јавноста да ги игнорира неоснованите гласини.