Ги гледате сите јазици горе? Ние ги преведуваме сториите на Глобал војсис за светските граѓански медиуми да бидат достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Бели знамиња: Шри Ланка во жалост

Белите знамиња се насекаде, пред домовите, на јавни места и во автомобилите, по бомбардирањето кое се случи на католички Велигден. Белата боја симболизира жалост во Шри Ланка. Фотографија на „Граундвјус“.

Овој напис на Амалини де Сајра првично беше објавен на „Граундвјус“, веб-страница која е добитник на награди од областа на новинарството во Шри Ланка. Уредената верзија е објавена подолу како дел од договор за споделување содржини со „Глобал војсис“.

Серија од координирани експлозии на бомби усмртија стотици луѓе во Шри Ланка кои се собраа за литургијата за католичкиот Велигден на 21 април 2019. Три од шесте локации каде што експлодираа бомбите се цркви: црквата на Св. Антонио во Котехена, Св. Себастијан во Катувапитија и Зионската црква во Батикалоа. Фотографиите и интервјуата подолу беа направени на 22 април, денот по нападот.

Коччикаде. Фотографија на „Граундвјус“.

Црквата на Св. Антонио во Коччикаде. Фотографија на „Граундвјус“.

Коччикаде

Бели и црни знамиња се веат на жешкото сонце над главите на луѓето соберени кај безбедносните бариери околу црквата на Св. Антонио во Коччикаде, Котахена (Коломбо 13).

црквата на Св. Антонио во Коччикаде, Котахена (Коломбо 13). Фотографија на „Граундвјус“.

Часовникот е застанат на 20:45. Фотографија на „Граундвјус“.

“See the clock?” a man passing by says, “it’s frozen at 8.45, when the blast went off.”

„Го гледате часовникот?“ прашува еден минувач, „застанат е на 20:45 кога се случи експлозијата.“

Познатото католичко светилиште беше прво во серијата експлозии кои се случија тој ден. Остатоци од експлозијата, искршено стакло кое ја штитеше главната статуа на предниот дел од црквата и заштитното стакло над главните врати, светкаат на сонцето додека полицијата, армијата и медицинскиот персонал расчистуваат низ рушевините.

Фотографија на „Граундвјус“.

Ужалените се собираат. Фотографија на „Граундвјус“.

Everyone comes here to pray, from near and far. Who’d do something like this to such a holy place?

Сите доаѓаат овде да се молат, и од блиску и од далеку. Кој би сторил такво нешто на вакво свето место?

Сместено во Котахена, предградие на главниот град на Шри Ланка, светилиштето стана прибежиште за луѓе од сите вери во Шри Ланка. Изблици на голема тага следеа по експлозиите.

Закачување бели знамиња. Фотографија на „Граундвјус“.

I helped move the bodies; all day, from 9am in the morning till 6pm in the evening. We were carrying them and lining them up, to take to the morgue. At a point, you lose count.

Помогнав да се преместат телата; цел ден, од 9 наутро до 6 попладне. Ги носевме и ги редевме за да се однесат во мртовечница. По некое време не знаеш веќе колку се.

Неговата нога е завиткана со завој и го подига за да се види раната. Се повредил од шајка од ентериерот кој паѓал додека заедно со други се обидувал да ги спаси жртвите од нападот. Колабирал бидејќи изгубил многу крв од раната и полицијата била приморана да го тргне од местото на настанот; ставил завој и се вратил да помогне.

Фотографија на „Граундвјус“

На бдеење. Фотографија на „Граундвјус“.

I didn’t even want to believe it…all the small children…the women. We don’t think about how life can end so suddenly.

Не сакав да поверувам… сите мали деца… жените. Не размислуваме како животот може да заврши за миг.

Детално раскажува за состојбата на телата кои ги видел тој ден, покажувајќи со рацете на своето торзо и екстремитети. Многумина во заедницата, без оглед на верата, се собрале за да испратат луѓе на итно лекување во Националната болница во Коломбо и да ги транспортираат телата до мртовечницата во Коломбо.

Фотографија на „Граундвјус“

Правда наместо одмазда. Фотографија на „Граундвјус“.

Човекот присуствува на мало бдеење, организирано од група независни жители, кое се случи на 150 годишнината на статуата јужно од светилиштето. На транспарентите пишува „правда наместо одмазда“ и се палат свеќи на силниот ветер. Нешто подоцна од еден час, комбе паркирано близу оваа локација експлодираше додека единицата за демонтирање бомби при Специјалните сили (СТФ) демонтираше експлозивна направа која беше пронајдена во комбето.

Фотографија на „Граундвјус“

Бели знамиња насекаде. Фотографија на „Граундвјус“.

We are not thinking if it's someone we know, or someone who lives close by. We are tying these flags for all those who lost their lives.

Не е важно дали се работи за некој кој го знаеме или некој кој живее во близина. Ги врзуваме овие знамиња за сите оние кои ги загубија животите.

Фотографија на „Граундвјус“

Врзување бели знамиња. Фотографија на „Граундвјус“.

Неговите раце се полни со конци од црни и бели знамиња на жалост. Поголема група мажи кои живеат во тој дел ги врзуваат на улицата „Џампета“, пат на кој често има гужва и кој нормален со влезот на црквата.

Фотографија на „Граундвјус“

Бројно обезбедување пред црквата. Фотографија на „Граундвјус“.

The 8am service was being carried out in both Sinhala and Tamil. Those attending were mostly people from outside these neighbourhoods. Then the explosion happened.

Службата во 8 наутро се одржуваше на синхалски и тамилски јазик. Поголем дел од оние кои присуствуваа не беа од овој крај. Потоа се случи експлозијата.

Еден пар кој живее во близина вели дека велигденската литургија која се одржува во 8 наутро е на синхалски јазик. Годинава полноќната литургија во сабота беше одржана на тамилски и поголемиот дел од верниците од оваа област најверојатно присуствувале тогаш.

Фотографија на „Граундвјус“

Перијамула. Фотографија на „Граундвјус“.

Перијамула, Негомбо

Бели знамиња се веат на празните улици каде малите излози и ресторани останаа затворени и по завршувањето на полицискиот час.

Фотографија на „Граундвјус“

Големата џамија во Негомбо. Фотографија на „Граундвјус“.

We are worried for our community too, and we want the country to know that we also reject what happened. Muslims do not stand by this.

Се загриживме и за нашата заедница и сакаме земјата да знае дека го осудуваме тоа што се случи. Муслиманите не го поддржуваат ова.

Фотографија на „Граундвјус“

Муслиманско маало. Фотографија на „Граундвјус“.

Лидерите од џамијата велат дека пакистански семејства биле нападнати од роднини на поединци кои загинале во експлозиите. Тие ги нападнале и каменувале нивните домови, каде искршиле прозорци со камења. Овие семејства се бегалци кои припаѓаат или на муслиманската заедница Ахмадија или на христијанската вера кои бегаат од прогонување од Пакистан. Овие семејства побарале заштита од полицијата во Негомбо, која, како што велат лидерите од џамијата, била доделена.

Фотографија на „Граундвјус“

Молење во џамија. Фотографија на „Граундвјус“.

We say prayers five times a day. This is not the usual time of prayer for us. It is a special prayer, one of mourning.

Се молиме петпати на ден. Ова не е вообичаено време за молитва за нас. Ова е посебна молитва, молитва за жалење.

Во големата џамија во Негомбо се кажуваат „јаназа“ или погребни молитви. По завршувањето, верниците се собираат околу ковчег кој е донесен од друго место и имаат неколку минути да оддадат последна почит.

Image via GroundViews

Носење ковчег за молитвите „јаназа“. Фотографија на „Граундвјус“.

She was 13. Her father’s Muslim but her mother is Catholic, so she’d gone to church on Sunday. That’s how our communities are, we are so mixed and connected.

Таа имаше 13 години. Татко ѝ е муслиман а мајка ѝ католик и одеше во црква во недела. Такви се нашите заедници, толку сме помешани и поврзани.

Мала група жени христијанки исто така е присутна во џамијата; тие се молат и кажуваат стихови со бројаница над телото пред да се погреба. Жени од дом во близина тврдат дека муслиманските семејства живеат во непосредната област околу црквата Катувапитија.

Катувапитија, Негомбо

Image via GroundViews.

Бели знамиња во Катувапитија. Фотографија на „Граундвјус“.

Бели знамиња се веат под сивото небо. Воени и полициски службеници се наредени покрај тесниот пат додека возила со ужалени и пешаци се обидуваат да се пробијат.

Image via GroundViews.

Патот Катувапатија. Фотографија на „Граундвјус“.

There’s a funeral happening at every few houses, down almost every little lane.

Погреб има речиси во секоја трета куќа, скоро во секој сокак.

Патот Катувапатија е долг пат со куќи обвиени во жалост. Банери пред домовите покажуваат дека цели семејства, или неколку членови на едно семејство, биле убиени во експлозијата кај црквата на Св. Себастијан

Image via GroundViews.

Војници го чуваат патот. Фотографија на „Граундвјус“.

Image via GroundViews.

Луѓе близу црква. Фотографија на „Граундвјус“.

Look at how close their houses are to the church. It must be a quick walk to mass and back. How would they have even known that their walk that day would end this way?

Погледнете колку блиску се куќите до црквата. Многу брзо се стига на литургија. Како би знаеле дека ќе завршат така тој ден?

mage via GroundViews.

Уште бели знамиња. Фотографија на „Граундвјус“.

Се организираат масовни погреби, а неколку тела се изнесени од црквата за да бидат погребени на гробиштата во Негомбо. Наводно, поголемо земјиште било расчистено за да се направи простор за големиот број ковчези кои треба да бидат закопани таму.

Полека се добиваат сознанија за сторителите на нападот а коментарите од највисоките функционери ја зголемуваат фрустрацијата. Сепак, погребите ќе продолжат во следните неколку дена. Вкупниот број на загинати од нападите на 21 април во моментот на објавување на овој текст на англиски јазик е 253 и тој продолжува да расте.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.