„Бараме простување за кое знаеме дека е невозможно да се добие“: Во Русија, луѓе носат цвеќиња на споменици на Украинци

Снимка од екранот од видео објавено на каналот DOXA video на Телеграм. Снимено кај споменикот на Лесја Украинка во Москва.

„Бараме простување за кое знаеме дека е невозможно да се добие, и се колнеме дека никогаш нема да заборавиме што направи нашата земја на Украина“. Оваа реченица е цитирана од онлајн медиумот DOXA во контекст на спонтаните меморијални поставки креирани во Санкт Петербург кај статуата на Тарас Шевченко, познат украински поет од XIX век. Во Москва, таква спомен-инсталација е поставена кај статуата на познатата украинска поетеса од деветнаесеттиот и дваесетиот век, Лесја Украинка.

Според известувањата од различни локални канали на Телеграм, во најмалку 17 руски градови на вакви спонтани меморијални поставки луѓето носат цвеќе и фотографии од уништената стамбена зграда во украинскиот град Днипро, која на 17 јануари 2023 година беше погодена од руска ракета. Како што извести ББЦ, нападот уби најмалку 40 луѓе, повредувајќи 75, уништувајќи цел дел од зградата.

Глобал Војсис собра некои од објавите на Телеграм со фотографии од овие граѓански меморијални обележја.

Во Москва, читателот на Феминистичкото антивоено движење им прати фотографија снимена во близина на споменикот на Лесја Украинка.

Во Казањ, постер со натпис „Днипро 14.02.2023. Казањ тагува.“

Во Новосибирск се носи цвеќе на споменикот на Тарас Шевченко.

Во Псков, некои луѓе донеле фотографии, цвеќе и свеќи на споменикот „мајка и дете“.

Во Самара, донесени се играчки и цвеќиња на споменикот на репресираните од режимот на Сталин.

Во Томск, жолти и сини цвеќиња, со боите на украинското знаме се остаавени кај поменикот на убиените при репресалиите на режимот на Сталин.

Во Москва, властите притвориле 15-годишно девојче што донело цвеќе кај споменикот на познатата Лесја Украинка.

Во Челибјанск, цвеќиња се положени кај споменикот на мајка и дете.

Во Санкт Петерсбург, според Бумага медија, сите цвеќиња биле отстранети, но луѓето пак донеле нови.

Регионалниот медиум 7х7 известил дека цвеќињата положени пред спомениците во Сиктивкар, Томск и Челебјанск. Во Казан, активистите исто така поставиле и портрети на дел од убиените луѓе. Во Белгород и Санкт Петерсбург, спонтаните меморијални поставки биле уништени, но граѓаните потоа пак донеле нови цвеќиња.

Спонтани меморијални инсталации се појавиле низ цела Русија: во Москва, Твер, Краснодар, Новосибирск, Омск, Вороњеж, Иваново, Сиктивкар, Јекатеринбург, Самара, Уљановск, Кострома и Санкт Петерсбург.  Според DOXA, четири лица се притворени и полициски возила се стационирани кај споменикот на Лесја Украинка во Москва.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.