150 години цејлонски чај: Еден ден од животот на работник на плантажи

Приказната на Сарасвати. Фотографија на „Граундвјус“

Овој напис, во кој има видео од Селвараџа Раџасегар, првично беше објавен на „Граундвјус“, веб-страница која е добитник на награди од областа на новинарството во Шри Ланка. Уредената верзија е објавена подолу како дел од договор за споделување содржини со „Глобал војсис“.

Триесет и осумгодишната Сарасвати се буди во 5:30 наутро за да ги испрати децата на училиште и потоа да тргне на работа.

Приказната на Сарасвати истакнува некои од предизвиците со кои се соочува тамилската заедница која живее и работи на плантажите (малаијаха) во Шри Ланка повеќе од 150 години.

Честопати за родителите е тешко да обезбедат оброци за децата во рамки на владиниот план за хранење во училиштата – ротито (лебот) кој го јадат редовно речиси и да нема хранливи вредности но тоа често е единственото нешто што може да си го дозволат.

Во индустријата за чај во Шри Ланка работат (директно или индиректно) повеќе од 1 милион луѓе. Голем број од оние 500,000 работници кои работат на плантажите со чај се тамилци кои се потомци на евтината работна сила донесена во Шри Ланка од Индија од страна на британските колонијални владетели во 19-от век и повеќе од половина од нив се жени.

Работниците на плантажи со чај со години бараат зголемување на основната дневница на 1000 шриланкански рупии (5.50 американски долари). Договорот за колективна плата помеѓу синдикатите и регионалните компании кои поседуваат плантажи беше потпишан неодамна и со него минималната основна дневница изнесува 700 шриланкански рупии (3.90 американски долари). Како реакција на ова, работниците на плантажите излегоа на масовни штрајкови а во Коломбо имаше протести во знак на солидарност.

Од регионалните компании кои поседуваат плантажи велат дека дневницата од 1000 шриланкански рупии (5.50 американски долари) е невозможна. Иако цејлонскиот чај е еден од најизвезуваните производи на Шри Ланка, оваа индустрија сепак има претрпено големи загуби заради повеќе причини меѓу кои спаѓаат и климатските промени. Но, како што покажува приказната на Сарасвати, платата која таа ја заработува ни одблиску не ги задоволува потребите на нејзиното семејство а се зголемува и трендот на млади генерации на работници на плантажи кои се присилени да заминат и да бараат работа на друго место.

Погледнете го видеото:

சரஸ்வதியின் ஒருநாள் கதை

சரஸ்வதியின் ஒருநாள் கதை maatram.org/?p=7508 #MalayagaTamil

Geplaatst door Maatram op Dinsdag 5 februari 2019

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.