Уредниците на RuNet Echo од Global Voices го интерпретираат и известуваат за рускиот интернет на глобалната публика.

RSS

Написи од Рунет Ехо

Русија го блокира пристапот до веб-сајтот на разгледувачот Тор

Офанзивата за поголема цензура на интернет е дел од руската државна стратегија за „суверен интернет“ чија цел е цементирање на централизирана државна контрола врз интернет-инфраструктурата и онлајн просторот.

Пионерски документарен филм за епидемијата на ХИВ во Русија стана вирален хит на Јутјуб

Околу еден процент на населението на Русија е ХИВ-позитивно, но властите молчат за епидемијата. Изгледа дека најновиот документарец на јутјуберот Јури Дуд ја прекина тишината.

Новите закони за интернет во Русија – и нивното молчеливо прифаќање од страна на технолошки гиганти од САД – предвидуваат проблеми за луѓето со различни ставови

Овие нови закони и правила, покрај другите закони кои го регулираат прибирањето на податоци за интернет корисниците, го отежнуваат користењето на онлајн платформи за изразување на незадоволството во Русија.

Најголемата руска социјална мрежа сега дозволува рекламирање на политичари, но не на сите

ВКонтакте, најпопуларната руска социјална мрежа, ја отстрани забраната за политичко рекламирање, но сепак постави строги ограничувања за кои е веројатно дека ќе одат во прилог на политичкиот естаблишмент во државата.

Русија и Чиле се придружуваат на глобалната кампања за спас на саудискиот поет од смртна казна

Поети и активисти во Москва и Санкт Петербург ја изразија нивната солидарност со Ашраф Фајад, кој е осуден на смрт во Саудиска Арабија. Слични настани се одржаа во Чиле и Мексико.