Самотничката борба против плагијаторството на еден фотоблогер од Индија

Term of copyright in photographs:- Length of copyright -50 years. Graphics by Anirban Saha. Used with Permission.

Авторски права за фотографии: времетраење на авторските права – 50 години. График на  Анирбан Саха. Искористен со дозвола.

Индискиот фотоблогер Анирбан Саха посочува кон еден растечки проблем во Индија — плагијаторството на интелектуалната сопственост онлајн. Голем број од неговите фотографии се искористувани за театарски фестивал, како корица на книга, во реклама нарачана од државните власти, во политички банери, во списанија во Шри Ланка и Бангладеш, како и во публикација во училиште, без негова дозвола.

Тој пишува дека индискиот закон за авторски права ја заштитува интелектуалната сопственост, но дека свесноста за тоа е многу мала:

Ние можеме да ја прошируваме свесноста за правата на интелектуална сопственост, да споделуваме контакт информации на адвокати кои во минатото застапувале вакви слични случаи. Ние треба да бидеме посвесни во заштитата на нашите продукти и да ја шириме свесноста за да создадеме подобар свет. Прочитајте го индискиот закон за авторски права од 1957. За разлика од уметниците кои се уште се малцинство, токму вие, читателите, можете да направите разлика. Вие треба да бидете свесни и да ја ширите свесноста.

Анирбан Саха исто така објавува и графикони кои на поедноставен начин го објаснуваат индискиот закон за авторски права.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.