Со веслање против загадувањето: Мисијата на еден човек е да ги заштити реките во Ирак за идните генерации

Овој напис на Тод Ројболд беше првично објавен на „Енсиа.ком“, магазин кој на дело ги истакнува меѓународните решенија за животната средина. Тука е објавен како дел од договор за споделување содржини.

Веќе седум години Набил Муса патува – честопати на даска за веслање или гумен чамец – низ курдистанскиот регион на Ирак со мисија да ја промовира важноста на чистите водни патишта за сегашните и идните генерации.

Во документарецот на Емили Кински го гледаме Муса како објаснува за неговата поврзаност со реките во регионот и ефектот на загадувањето врз неговата заедница. „Навистина сакав да направам нешто за реката која ја изгубивме кога бев дете“, вели Муса.

Експертите ширум земјата стравуваат дека децениите исполнети со војни, загадување, небележан развој и градење брани ќе доведат до неизбежна криза за вода во Ирак.

Муса е дел од невладината организација Водочувари Ирак (Waterkeepers Iraq) – невладина организација сестра на Алијансата на водочувари (Waterkeeper Alliance) – која застапува и работи „за да ги заштити реките, потоците и водните патишта на Ирак и да ги поддржи локалните заедници во одржливото користење на овие природни ресурси“.

Кон крајот на видеото, Муса заклучува дека итноста е најважниот дел од неговата работа и прашува „Како ќе преживееме ако ја немаме водава?“

Ова видео беше продуцирано, снимено и монтирано за „Енсиа“ од страна на Емили Кински, режисерка на документарци и новинарка, која моментно живее во Ербил, Ирак. Таа се фокусира на измачените супкултури за кои недоволно се известува, и нејзината работа се карактеризира со колаборативна видеографија и иновативни мултимедијални техники кои им помагаат на угнетуваните заедници во изразувањето на нивниот наратив.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.