
Извор: Фејсбук-страницата „Ние сме европејци“
Грасрутс иницијативата „Ние сме европејци“ (укр. „Ми – європейці“, анг. “We are Europeans”), чие основање беше покриено од ГВ (en, da, es) во октомври 2011 г. повторно објави фото колаж на кој е споредена границата меѓу Ирак и Сирија со онаа меѓу Холандија и Белгија, првата под тешка стража, втората само линија пред улично кафуле.
Еуген Тиесе коментираше на англиски:
Зошто Ирак и Сирија? Границата меѓу ЕУ и Украина е исто гомно, само во Европа :(
Карина Бабенко додаде на руски:
Сакам меѓу Украина и Европската Унија да има иста таква граница како меѓу Холандија и Белгија!