Војниците на ИСИС го окупираа Рамади во Ирак

Рамади, главниот град на провинцијата Ал Анбар во Ирак, е завземен од силите на ИСИС. Џои Ајоуб ја составува сторијата, следејќи ги извештаите на граѓанските новинари, вестите и сведоштвата, на Чекдескот на Глобал Војсис, партнерски проект на Глобал Војсис и Чекдескот на Медан.

Градот, во централен Ирак, е околу 110 километри западно од Багдад и 50 километри западно од Фалуџа. Наводно стотици луѓе се убиени, и илјадници се принудени да ги напуштат своите домови.

ИСИС, отцепен огранок на Ал-Каеда, се здоби со контрола врз големи делови земја во Ирак и Сирија, привлекувајќи го вниманието на светските медиуми со хоророт кој го прават врз жителите на областите кои се под нивна окупација.

Според канцеларијата на Обединетите Нации за координација на хуманитарните прашања, Мисијата на ОН за помош на Ирак:

Агенциите на ОН брзаат со пружање хуманитарна помош на луѓето кои го напуштаат Рамади по втор пат во овој месец.

Близу 25,000 луѓе го напуштија Рамади по нападите на ИСИЛ и тешките борби во градот. Повеќето од раселените се упатуваат кон Багдад, и многумина се обидуваат да поминат низ сигурносните контролни точки.

Извештајот додава:

Во текот на изминатиот месец, агенциите на ОН и невладините организации пружија прва-помош на повеќе од 130,000 луѓе кои го напуштија Рамади непосредно по нападите на ИСИЛ во април. Десетици илјади пакети и оброци беа дистрибуирани на повеќе од 35 локации на територијата на Анбар. Илјадници семејства кои се вратија во своите домови во Рамади, по повторното избувнување на вооружените судири, беа принудени да ги напуштат домовите по втор пат.

Во јули, линијата за достава на храна ќе се прекине. „Ништо не е поважно во моментов од помагањето на луѓето кои го напуштаат Рамади. Тие се во невоља и ние мораме да сториме се што е можно за да им помогнеме.“ рече Лиса Гранде, координаторот за хуманитарни прашања на ОН. „Илјадниците луѓе се приморани да спијат под отворено небо бидејќи немаат каде да се засолнат. Ние би можеле да направиме многу повеќе доколку го имаме потребното финансирање.“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.