Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Постои голема шанса твојот дрес за светскиот куп да е направен во Бангладеш

About 4 million Bangladeshis are working in the Ready-Made Garments (RMG) sector, which is the principal source of foreign exchange earnings. 80% of the workforce in this sector are women. Image by Shafiqul Alam. Copyright Demotix (22/6/2014)

Околу 4 милиони Бангладешани работат во секторот за готова облека, кој е основен извор на странска размена и заработка. Осумдесет проценти од работната сила се жени. Слика од Shafiqul Alam. Авторски права Demotix (22/6/2014)

Бангладеш е ниско рангиран помеѓу светските фудбалски тимови и не се квалификуваше да игра на FIFA Светскиот куп оваа година, но популарната земја е се уште важен играч во Бразил — поголемиот дел од облеката која ја носаат навивачите и некои од дресовите на играчите го носат знакот „Made in Bangladesh“(Направено во Бангладеш). 

Производителите на облека, веќе сопственици на најголемиот дел од извозот на земјата, имаат заработено најмалку 500 милиони американски долари од нарачки за шиење навивачки дресови за светскиот куп за извоз за најголемиот дел од играчите од 16 тимови учесници, вклучувајќи ги Аргентина, Бразил, Италија, Иран, Франција, Англија, Швајцарија, Белгија, Чиле и Германија. Продажбата се очекува да го поттикне индустрискиот развој.

Бангладеш исто така ги произведе и дресовите на бразискиот национален тим. Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) одлучи на долниот дел од дресот да биде напишано „Made in Bangladesh“ со цел да да се оддаде почит на жртвите од колапсот Rana Plaza од 2013 кој уби повеќе од 1100 луѓе и пожарот во фабриката за облека во Тазреен кој, според дојавите од медиумите, уби повеќе од 100 луѓе. 

Карима Хаге на сајтот за фудбалски вести Side Tackle му честиташе на Бангладеш за неговите постигнувања.

Ние […] ги пофалуваме и поздравувавме илјадниците раце кои го направија невозможното. Тие го направија и во догледна иднина ќе го прават Бангладеш горд.

Танвир Ахмед, фан на фудбалскиот клуб Ливерпул, од главниот град на Бангладеш – Дака, напиша на Твитер:

Навистина се чувствувам горд кога сфаќам дека сите бразилски дресови се направени во #Бангладеш оваа година. Навистина сум горд!!!

— Танвир Рахман (@pritomtanvir) 12 јуни, 2014

Облекувањето во знакот на светскиот куп не е популарно само во земјите кои учествуваат на турнирот, туку и во Бангладеш, земја со околу 160 милиони луѓе. Фудбалот тука е омилен спорт. Официјалните дресови на тимовите од Најк, Адидас и Пума се достапни, но скапи, така што многу луѓе преферираат да купат неофицијални дресови од улични штандови или продавници.

A group of football fans in Dhaka seen wearing their favorite team jerseys ahead of the upcoming 2014 FIFA World Cup in Brazil.

Football fans take out a procession on Dhaka University campus ahead of the opening ceremony eve of 20th FIFA World Cup 2014 that will take place in Brazil.

Фудбалски фанови во универзитетскиот кампус во Дака. Слика од Firoz Ahmed. Авторски права Demotix (12/06/2014)

Bangladeshi Football fans are already busy buying flags and jerseys of the countries they support. Image by Firoz Ahmed. Copyright Demotix (

Бангладешките фудбалски фанови се веќе зафатени со купување знамиња и дресови од земјите што ги поддржуваат. Слика од Firoz Ahmed. Авторски права Demotix (10/06/2014).

Football fans buy Jerseys of their favourite teams from Bangladesh's Dhaka ahead of the FIFA World Cup. Image by Md. Asaduzzaman Pramanik. Copyright Demotix (19/5/2014)

Фудбалски фанови од Дака – Бангладеш, како купуваат дресови од нивните омилени фудбалски тимови во пресрет на FIFA Светскиот куп. Слика од Asaduzzaman Pramanik. Авторски права Demotix (19/5/2014)

Периодот се покажа поволен за развој на бизнис. Текстилниот производител од Бангладеш и познат актер  M. A. Јалил Ананта во интервју за локален весник објасни за економскиот бенефит од извозот:

পোলো ব্র্যান্ডের জার্সিগুলোর দাম আমরা প্রতি পিসের জন্য সর্বনিম্ন নয় ডলার করি নিচ্ছি। অন্য সময় আমরা সাধারণত একই ব্র্যান্ডের এই পোলো শার্টের দাম প্রতি পিস সাড়ে ছয় ডলার থেকে সাত ডলার রাখি। এতে করে এখানে যেসব গার্মেন্টস এই কাজ করছে, তারা প্রতি পিসে বাড়তি দুই ডলার করে পাচ্ছে। ফলে আমরা রেমিট্যান্সও বেশি করে আনতে পারলাম। আমরা দুদিক থেকেই লাভবান। এক. বিশ্বকাপে একধরনের অংশগ্রহণ, দুই. ব্যবসায়িকভাবে লাভবান। এ ছাড়া বাংলাদেশের পরিচিতিও বাড়বে।

Ние извезуваме фудбалски маици од брендот Поло по цена од 9 американски долари за парче. Вообичаено цената на производот е 6.30-7.00 американски долари. Но, како резултат на високата побарувачка за дресови, производителите кои ги набавуваат, добиваат дополнителни 2 долари. Така, нашите приходи во странски валути се покачија. Профитираме на два начина: 1) можеме да бидеме вклучени во Светскиот куп и 2) заработуваме поголем профит. Ова исто така ја поттикнува репутацијата на Бангладеш.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.