Зошто „Твитер“ блокира сметки на државници во Венецуела?

Детаљ од илустрацијата на венецуелскиот уметник Едуардо Санабриа. Преземена од неговиот профил на „Фејсбук“ и искористена со дозвола.
Конфронтациите помеѓу венецуелските државни сили и опозициските лидери ескалираа до едно ново ниво неделава, а од друга страна, пак, на 1 и 2 мај „Твитер“ отстрани повеќе сметки кои припаѓаат на венецуелски министри и странски конзулати.
Сметките на „Твитер“ на министрите за образование, нафта и женски работи беа отстранети на 1 мај:
Unconventional coup: Venezuelan institutional accounts are being suspended arbitrarily.
Suspended as of now -
Ministry of Popular Power for Women @MinMujer
Ministry of the Popular Power for Education @MPPEDUCACION
Ministry of Popular Power for Oil @MinPetroleoVE— Camila (@camilateleSUR) May 1, 2019
Необичен државен удар: Произволно се отстрануваат сметки на венецуелски институции:
Во моментов отстранети се сметките на:
Министерството за жени
Министерството за образование
Министерството за нафта
Во моментот на објавување на овој текст, овие сметки сè уште беа отстранети. Сметките на некои конзуларни претставништва, вклучително и на конзулатот во Ванкувер, Канада, беа вратени.
Ова не е првпат да се отстранат сметки на државни или локални функционери во земјата, но политичките влогови во овој случај се уникатно високи.
Несигурноста околу тоа кој е на власт во Венецуела никогаш не била поголема. Од јануари 2019 наваму, владите на 65 држави низ светот го признаа лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо за легитимен претседател на републиката, додека за други Николас Мадуро, кој беше повторно избран во мај 2018 и покрај изјавите за изборна измама, остана на функцијата.
На 30 април, Гуаидо ги повика луѓето да излезат на улица за, како што ја опиша, „одлучувачката фаза“ од „Операцијата слобода“, која претставува обид да се стави крај на владата на Николас Мадуро. Сè уште се одржуваат протести во многу градови во земјата, на кои властите на насилен начин се обидуваат да ги растераат демонстрантите.
Во последните неколку години стана вообичаена пракса за јавните функционери, нивните соработници и поддржувачи да објавуваат пораки на друштвените медиуми со кои може да ги прекршат правилата на „Твитер“ за говор на омраза и насилни закани. Ваквото однесување остава простор за отстранување сметки и можеби заради тоа „Твитер“ ги отстрани овие сметки (побаравме коментар од компанијата и чекаме одговор оттаму).
Но со овој потег може да настанат и други последици и за јавноста и за компанијата. Владата на Николас Мадуро побара објаснување за блокирањето на овие сметки и оттаму изјавија дека тоа се случило „во исто време со обидот за државен удар“ со што ја истакнуваат сугестијата на многу корисници на „Твитер“ дека компанијата води пристрасна политика против владата на Мадуро.
Покрај значајните прашања што во овој случај се појавуваат за улогата на „Твитер“ (намерна или не) како политички актер во ова сценарио, овие отстранувања би можеле да служат како оправдување за властите за целосно блокирање на „Твитер“.
Уникатната јавна вредност на сметките како овие, дури ако шират горчина обоена со омраза и партиски бои, треба да се земе предвид. Со тоа што овие сметки се отстранети, нивните претходни објави се исто така недостапни за јавноста. Не можеме да видиме што рекле или не рекле овие функционери за да дојде до ваква ситуација – нивните УРЛ-а водат до генеричката страница за „отстранети сметки“. Нема никаков јавен запис од објавите на овие сметки во минатото, освен ако некоја трета страна не чува информации на друго место.
Без разлика дали овие сметки споделувале важни информации од јавен карактер, секоја порака која доаѓа од јавен функционер – дури и во случај да се оспорува статусот на функционерот – таквата порака има вредност за граѓаните. „Твитер“ е уникатен прозорец кон мислите и емоциите на луѓето, нешто што може да биде особено важно во моменти на политичка криза. Луѓето сакаат да знаат што мислат нивните лидери.
Овие отстранувања исто така придонесуваат кон сè помалиот број на информации од јавен карактер достапни до жителите на Венецуела. Од друга страна, електричната енергија и Интернет-конекциите ту ги има ту ги нема, додека, пак, најпознатите новински мрежи како „Би-Би-Си“ и „Си-Ен-Ен“ ги има сè помалку во етерот.
Спречувањето говор да стигне до јавноста може само да води кон криза на информации.
Овој напис е од Адвокс, проект на Глобал војсис со сопствен сајт за бранење на слободата на говор и против онлајн цензурата. · Сите написи
Категории

Започни ја конверзацијата
Овој напис е од Адвокс, проект на Глобал војсис со сопствен сајт за бранење на слободата на говор и против онлајн цензурата. · Сите написи
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!