Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Пакистанците револтирани поради реклама за машина за перење која го исмева семејното насилство

Скриншот од видеото од рекламата која го исмева семејното насилство кој „протече“ на социјалните мрежи .

Реклама која „протече“ на социјалните мрежи, и циркулира во Пакистан предизвика бес поради нејзиниот „лабав“ став кон семејното насилство, принудувајќи ја компанијата за електроника која стои зад видеото да се извини.

Промовирајќи машина за перење облека од брендот „Kenwood“, рекламата прикажува група машки пријатели како се смеат на приказната на главниот лик за неговата расправија со жена му. Мажот се фали дека не го толерирал „односот“ на жена му и прибегнал кон „dhulayi“, што буквално значи „перење“ но се користи како жаргон за „тепање“.

Официјално рекламата не беше пуштена, но Фејсбук група со назив “Whatsapp Videos (ВатсАп Видеа)” го објави „протеченото“ видео и не требаше да помине многу време за да почнат да се слеваат критики. Фејсбук корисникот Вафа Зафар го нарече:

Disgusting ad….giving concept that a man should be proud among his friends on beating his wife

Одвратна реклама….дава идеја дека мажот треба да се биде горд во кругот на своите пријатели зашто ја тепа жена си

Друг коментар на корисникот на фејсбук Куки Малик детално објаснува жалба упатена до матичната компанија во САД:

I have made an effort to speak to Kenwood USA and Kenwood Japan and have asked a simple question: Why is it OK to use such crass and potentially violence inciting crap to make money and promote your company or your brand?? Our women and ALL women for that matter are scared and any of you that find this funny should consider a man beating your mother, sister or daughter …and you laughing and thinking it is OK. Shame on Kenwood and its Executives that allowed this to take place – Their Disclaimer is also another eyewash and stinks of the same corporate nonsense that Delta Airlines demonstrated recently. This is not over yet.

Направив напори да разговарам со „Kenwood САД и „Kenwood“ Јапонија и им поставив едноставно прашање: Зошто е OK да се користи такво невидено ѓубре кое потенцијално може да поттикне на насилство за заработка и промоција на компанијата или брендот?? Нашите жени и СИТЕ жени кога сме веќе кај тоа се исплашени и кој било од вас кому ова му е смешно би требало да размисли како маж ја тепа вашата мајка, сестра или ќерка…а вие се смеете и мислите дека тоа е OK. Срамота за „Kenwood“ и директорите што допуштиле вакво нешто да се случи – Нивното оградување е уште една глупост и смрди на истите корпоративни бесмислици кои „Delta Airlines“ ги демонстираа неодамна. Ова сè уште не е завршено.

Хурмат Риаз од „Mangobaaz“, кои се опишуваат како забавна страница за пакистанската е-генерација, напиша дека рекламата е последна од серијата на компанијата која прикажува како мажот е исплашен од жена си:

Domestic violence, whether the wife is the victim, or the husband, is not a matter to be joked about. It is a serious problem, one that many people in Pakistan, and beyond, are victims. Not only is making a joke about such a thing insensitive to them, it perpetuates the idea that it’s apparently okay to not only make jokes about hitting your spouse but also doing it in practice.

Семејното насилство, без разлика дали жената е жртва, или мажот, не е прашање за кое треба да се шегуваме. Тоа е сериозен проблем, проблем на кој многу луѓе во Пакистан, и подалеку, се жртви. Не само што е нечувствително кон нив да се прави шега за оваа работа, туку и се продолжува идејата дека наводно е во ред не само да се прават шеги за удирање на партнерот туку и тоа да се прави во пракса.

Комисијата за човекови права на Пакистан извести за 1843 случаи на семејно насилство во Пакистан во периодот од 2004 до 2016 година. Оваа бројка не ги вклучува другите инстанци на насилство како убиства од чест, киднапирања, силување и напади со киселина. Оваа бројка се само случаите кои се пријавени, која има тенденција да е доста пониска од реалната бројка на инциденти.

Компанијата се извини за „протечената“ реклама признавајќи дека нивното „расудување било погрешно“ и побараа „сите страници на социјалните мрежи да ја отстранат рекламата бидејќи истата не е официјално одобрена и објавена од „Kenwood““. Сепак, после сè речено и сторено, револтот за „протечената“ реклама јасно покажува дека корпорациите ќе мораат да бидат внимателни ако планираат да користат мизогинија за да ги продаваат нивните производи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.