Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Костарика: Конфликт на границата со Никарагва

Она што започна како обично чистење и продлабочување на реката Сан Хуан, природната граница меѓу Костарика и Никарагва, заврши со дипломатски и воен конфликт.

Реката Сан Хуан. Фотографија од Flickr корисник Guillermo A. Durán

Владата на Никарагва одлучи да започне продлабочување на реката Сан Хуан со цел да го олесни пловењето на поголеми бродови. Ова не претставуваше проблем, бидејќи реката се наоѓа на територијата на Никарагва. Но, неколку дена откако започна работата кај реката, Владата на Костарика сфати дека материјалите кои ги вадат од реката ги депонираат на територијата на Костарика. Кога Костарика се пожали по тоа прашање, Никарагва им одговори дека сето тоа било само грешка и дека нема да им се случи повторно, но тоа беше само почеток на проблемот.

На 1 ноември, костариканскиот весник La Nación [шпански] известува: “Владата го потврди присуството на Армијата на Никарагва на нашата територија,”

El Gobierno confirmó esta tarde la incursión de tropas del Ejército de Nicaragua en territorio costarricense, específicamente en la Isla Calero, ubicada en la zona fronteriza, en la desembocadura de los ríos San Juan y Colorado.

“Esto es una lesión a la soberanía nacional, no se puede interpretar de otra manera,” [Ministro de Seguridad José María Tijerino.]

Попладнево Владата го потврди присуството на трупите на армијата на Никарагва на територијата на Костарика, особено на островот Калеро, лоциран во пограничната област кај утоката на реките Сан Хуан и Колорадо.

“Ова е кршење на националниот суверенитет и не може да биде протолкувано поинаку,” [Министер за безбедност Хозе Марија Тихерино.]

Како резултат на тоа, Костарика го свика постојаниот совет на Организацијата на Американските Држави (ОАД), кадешто ќе приложи докази во вид на фотографии, снимки и сведочење на соседите од таа област. Министерот Тихерино изјави дека,

“Costa Rica, que no tiene ejercito, confía en los canales diplomáticos para evitar una confrontación que solo agravaría la situación.”
“Костарика, којашто нема војска, се потпира на дипломатските средства за да го избегне соочувањето кое само би ја влошило ситуацијата.”

Овој проблем е повеќе од конфликтот на границата, бидејќи може да предизвика зголемување на проблемите со кои се соочуваат имигрантите. Во Костарика живеат приближно 600.000 Никарагванци, од кои повеќето немаат документи, и не е тајна дека постои ксенофобија, нешто што пограничниот конфликт само би го влошило.

Дин Корнито во La Suiza Centroamericana [шпански] пишува,
Cualquier otro país latinoamericano que hubiera sufrido la violación de su territorio, ya estaría en estado de guerra con su vecino. Y eso exactamente es lo que quiere Daniel Ortega, que siempre que tiene un problema interno, busca como desviar la atención del público creando un conflicto externo artificial.
Која било друга латиноамериканска држава да доживееше вакво навлегување на нејзината територија веќе ќе беше во војна со својата држава-сосед. А токму тоа е она што го сака Даниел Ортега (Претседателот на Никарагва), кој секогаш има некој приблем во внатрешноста (на државата) и сака да го одвлече вниманието на јавноста со создавање еден вештачки конфликт во надворешните работи.

Според коментарите од неколку блогови, Костариканците гледаат на овие проблеми како сосема нормална ситуација, бидејќи секогаш кога Никарагванците се во изборна сезона, сакаат да го пренасочат вниманието на други работи како нивните внатрешни проблеми не би се истакнувале и нивната актуелна влада не ги изгуби гласовите. El infierno en Costa Rica [шпански] пишува за ова,

Una de las tradiciones más arraigadas en la cultura política nicaragüense en las últimas décadas, es que cuando se acercan las elecciones, se debe provocar un diferendo con Costa Rica, preferiblemente por el Río San Juan; lo anterior con la finalidad de limpiar la imagen del gobernante de turno, llena de corrupción, incapacidad para solucionar los problemas, entre otros [..]

Една од најдлабоко вкоренетите традиции во политичката култура на Никарагва во последните неколку декади е нивната ”караница” со Костарика, секогаш кога ќе се приближат изборите, вообичаено се ”расправаат” за реката Сан Хуан; и сето тоа со цел да го обелат образот на нивниот актуелен владетел, корумпиран и неспособен да ги реши проблемите во државата, итн. [..]

Според мислењето на многумина блогери, сега е времето да се размислува јасно и да се донесуваат корисни одлуки, за да не биде погодена ниту една од двете држави, бидејќи како држави – соседи заемната соработка е од особено значење. Костарика и Никарагва се трговски партнери и овие проблеми можат да влијаат негативно на извозот од двете страни; многу извори на вработување можат да бидат загрозени.

Хулио Кордоба од Ciencia Ficción con Julio Córdoba [шпански] смета дека,

Como representante de nuestro país el ministro debe promover como valor superior la paz y el Derecho como única herramienta para resolver el conflicto y dejar a otros la promoción de la guerra, valor que no forma parte del sentir costarricense.
Како претставник на нашата држава, Министерот мора да го промовира мирот како една супериорна вредност и правото како единствена алатка за решавање на конфликтот, нека остави на ” другите” да промовираат војна, вредност која не постои во карактерот на Костариканците.

Општото чувство во Костарика, единствената држава без армија на континентот уште од далечната 1948 година е јасна: Опција за вооружен конфликт со Никарагва воопшто не е тема за дискусија, бидејќи Костарика нема средства да им се спротивстави. H3dicho [шпански] вели:

Los gobernantes Nicas son los más trogloditas de la región, y con tal de desviar la atención de sus problemas internos, no les importa poner en riesgo vidas de costarricenses y nicaragüenses. […]

Dichosamente nunca es tarde, y ante una nueva incursión del ejercito nicaragüense a nuestra frontera, nuestro gobierno solicita la intervención de la OEA, como país de paz que somos. […]

A las autoridades nicas las debemos enfrentar con firmeza real, sin dar un paso atrás, pero con diplomacia, nunca con las armas contra un país hermano.

Властите на Никарагва се троглодитите на регионот, и со цел да го оттргнат вниманието од нивните внатрешни работи, тие воопшто не се грижат за тоа дека го ризикуваат животот на Костариканците и Никарагванците[…]

За среќа, никогаш не е доцна и за да се заштити нашата држава, и пред рацијата на армијата на Никарагва на нашата граница, нашата влада побара интервенција од Организацијата на Американските Држави (ОАД), како земја на мирот[…]

Мора силно да се соочиме со властите на Никарагва, без повлекување, но со дипломатија, никогаш со оружје против нашата братска држава.

За да се тргне целата ситуација настрана од трговските врски во двете насоки, и истовремено да се избегне влијанието врз Никарагванците кои живеат во Костарика, властите се обратија на меѓународните институции да го решат овој конфликт на најдобар можен начин. Дин Корнито во La Suiza Centroamericana [шпански] нагласи:

Con todo y todo, es mejor tolerar una violación de nuestra soberanía por algunas semanas hasta que el sistema interamericano de defensa mutua se mueva a favor de Costa Rica, que lanzarnos a una guerra sinsentido e innecesaria para nosotros. Nuestras autoridades tienen mucha razón al proceder con cautela.

Сè на сè, подобро е да го толерираме прекршувањето на нашата сувереност неколку недели додека американскиот систем за заемна одбрана дејствува во прилог на Костарика, отколку да се тргне во една бесмислена и непотребна војна. Нашите власти се сосема во право што сèуште продолжуваат со претпазливост.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.