Бангладеш: Блогерите се присеќаваат на 1 мај

Оваа недела, блоговите на јазикот бангла беа преплавени од есеи и анализи за 1 мај, кој светот го памети како интернационален ден на работниците или ден на трудот.

Постоеше разочарување меѓу неколку блогери, кои чувствуваа дека овој ден со тек на времето го има изгубено своето значење и сега се доживува како само уште еден празник. Според Зукруфа, многу работодавци плаќаат за услуги во чест на 1 мај со организирање на семинари, креирање спортски и магазински натписи за оваа тема и им покажуваат на работниците каков може да биде нивниот живот. Меѓутоа, тие работодавци всушност не прават никакви промени во начинот на кој работниците се експлоатирани од системот и на тој начин ги демантираат нивните добро заслужени права.

Суед Амирузаман го гледа ова како начин да се држи работничката класа во заблуда, за да може да се експлоатираат , не само од работодавците, туку и од политичките партии и лидерите на работничките синдикати. На Амадер Кота (Наши приказни), бангла блог кој е дел од проектот Нариџибон во Бангладеш (стипендист на Рајзинг Војсис), Ајша Катун пишува како дури и денес работниците од Бангладеш во текстилната индустрија се многу експлоатирани и се изложени на минимум 12 часа работа за да бидат платени за 8 часа. Исто така, овие работници, се принудени да работат на празници и веројатно работеле на 1 мај.

Ковшик Ахмед ги истакнува незгодите на работниците од различни полиња и го поставува прашањето за нивните права и “сигурноста на работа“. Меѓутоа блогерот Суман Чивдур гледа надеж и вели дека како што има експлоатација на едната страна, на другата страна е нескротливиот дух на работничката класа и нивната волја за протест и борба за своите права. Тој повикува на единство помеѓу работниците од целиот свет.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.