Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Студенти од Индија развиле електричен стап за слепи лица наречен „Смарткејн“

Screen Shot SmartCane

Слика од видеото во кое се објаснува како работи електричниот стап за слепи лица „Смарткејн“.

Спојувањето две различни технологии може да даде неверојатни резултати. Студенти од „ИИТ Делхи“ секако оставаат впечаток со својот најнов изум, „Смарткејн“ којшто го подобрува еден од најстарите инструменти – стапот за одење, со додавање СОНАР, техника која служи за навигација и комуникација под вода, за да им се помогне на лицата со оштетен вид да можат независно да одат.

Ако се земе предвид целиот свет, едно од секои три слепи лица (проценката е дека има 15 милиони слепи лица) живее во Индија. Во Индија живеат околу 2 милиони слепи деца и само 5 проценти од нив се образувани.

Луѓето со пречки во видот исто така се соочуваат со голем број проблеми во Индија, каде попреченостите може да претставуваат значаен предизвик. Пешаците се често приморани да пешачат на самите улици, бидејќи тротоарите се најчесто преплавени од продавачи, животни и други пречки. Секако типично е слепите луѓе да користат бастуни, но традиционалните бастуни не можат да детектираат објекти што се повисоко од половината од човекот. Затоа, многу истражувачи од целиот свет си поставиле приоритет да пронајдат економски достапна и едноставна алатка која би помогнала на лицата со оштетен вид. Иновациите како „Роши“ исто така иновација развиена од студенти од „ИТТ Делхи“, ветуваат многу, но таквите изуми патат од  логистички проблеми заради кои масовното производство е непрактично.

Професорот Минакши Балакришнан, компјутерски инженер на Индискиот институт за технологија во Делхи, води тим од истражувачи и студенти за да се развие „Смарткејн“ којшто емитува ултразучни бранови со чија помош се детектираат пречки во непосредна близина и го предупредува корисникот со вибрирање. Како производ, официјално беше лансиран на пазарот минатиот март. „Смарткејн“ ги копира вештините на животните, како лилјаците кои што исто така емитираат сонарни крикови во нивната околина и се водат со користење ехо. Вибрирањето е многу подобро од предупредување со звук преку звучен сигнал, затоа што звукот може да не се слушне на улица на која има метеж.

Брилијантен евтин „Смарткејн” за лица со оштетен вид излезе од @iitdelhi. Супер е што има ваква општествна иновација како оваа. #disabled [лица со попреченост], #innovation [иновација]

За разлика од еден сличен британски изум, „Ултракејн“, кој чини 985 американски долари, „Смарткејн“ чини 300 индиски рупии (околу 50 американски долари)

Видеото подолу отсликува типичен ден во животот на корисник на „Смарткејн“, и ги прикажува различните предизвици со кои се соочува личноста:

 

Пробната фаза на тестирање и валидација на терен на „Смарткејн“ ја извршија околу 150 корисници во шест града во Индија, луѓе од кои скоро сите се сега корисници на „Смарткејн“. Материјалите за обука и учење за „Смарткејн“ сe достапни за симнување на хинди и англиски јазик, во различни формати погодни за слепи лица.

Како што се вели на страницата на „Фејсбук“ на „Смарткејн“, направата ќе биде достапна по пониска цена за посиромашните лица со оштетен вид во Пунџаб по цена од 400 индиски рупии според Шемата за делумно субвенционирање потпомогната од Националниот фонд за донации.

Во моментов „Смарткејн“ e достапен за корисникот од мрежа на преку 16 организации за социјална помош за слепи лица во 12 држави во Индија. Ова е видео за тоа како студентка на колеџ користи „Смарткејн“:

Списанието „Бетер Индија“ изложува некои од коментарите од корисниците:

“It is a very useful device because earlier with a regular cane, I quite often collided with vehicles like truck, tractor or bus. This was because my cane would pass beneath these big vehicles and I would collide abruptly. I have got injuries on my forehead due to such incidents. With this device I get a pre-warning of such dangerous obstacles through vibrations. This also helps me in detecting street animals such as a cow.” – Ketan from Ahmedabad

“It feels great to be able to move around alone. I no more take help from people to move around. I now enjoy being all by myself. Family and friends now have the confidence in me that I can travel independently without getting hurt or injured.” – Indrani from Mumbai

„Ова е многу корисна направа, затоа што пред тоа многу често се удирав со возила како камиони, трактори  и автобуси. Тоа се случуваше затоа што мојот стап за слепи ќе поминеше под овие големи возила и се удирав во нив ненадејно. Се здобив со повреди на челото од такви инциденти. Со оваа направа добивам уште едно предупредување за такви опасни пречки преку вибрирањето. Ова исто така ми помага да ги детектирам и уличните животни како кравите.“ – Кетан од Ахмедабад.

„Чувството да се движи човек самостојно е супер. Веќе не ми треба помош од луѓе да се движам наоколу. Сега уживам во тоа што сум сам. Семејството и пријателите сега имаат доверба во мене дека можам да патувам без да зависам од други и без да настрадам или да бидам повреден.“ – Индрани од Мумбаи.

Неодамна познати лица, како боливудската актерка Видија Балан, истапија да го промовираат „Смарткејн“. 

Видја Балан за функцијата за дистрибуција и свесност на „Смарткејн“. #VidyaBalan [Видја Балан]

Како што расте публицитетот на „Смарткејн“, така се надеваме и дека ќе се прошири и бројот на корисници во чии раце ќе се најде оваа генијална направа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.