„Марвел“ и Ориша: Бразилски уметник ги претвора африканските богови во суперхерои

Оксала, творец на универзумот, од уметникот Хуго Кануто. Објавено со дозвола

Помислете на „Одмазниците“ [The Avengers], серијалот на стрипови од американскиот издавач „Марвел“ за здружување голем број на суперхерои кои се здружуваат за да го заштитат светот од силите на злото. Е сега, замислете дека во 1960-те креаторите на стриповите, Џек Кирби и Стен Ли, ја нашле својата инспирација за „Одмазниците“ во митологијата на Јоруба. Наместо Ајронмен (Железниот човек) ќе го имавме воинот Оксагуија. На местото на русокосиот и синоокиот нордиски бог Тор ќе беше еднакво силниот бог со темна кожа Ксанго, делителот на правда, кој исто така носи чекан. Ентмен (Човекот-мравка) со неговата моќ да ги контролира инсектите, го отстапува своето место на Осаин, кој пак е крал на шумата, волшебникот и оној кој ги знае тајните на растенијата. И кој е Капетан Америка спореден со Огум и неговиот меч, секогаш жеден за битка?

Тоа е токму она што триесетгодишниот уметник од Бразил Хуго Кануто имаше на ум кога во август 2016 година ја редизајнираше корицата на класичниот број 4 на „Одмазниците“, заменувајќи ги сите веќе познати ликови со Ориши, [Orishas] (Orixás напишано на португалски) божествата од модерните-денешни афро-бразилски религии кои водат потекло од Нигерија и Бенин. Хуго целиот свој живот бил обожавател на стриповите на „Марвел“ и на сѐ што има врска со стрипови и исто така е и жител на Салвадор, домот на најбројните афро-бразилски популации во земјата.

Тој ја наслови својата верзија „Оришите“ [“The Orixás”], намерно мешајќи ги англискиот и португалскиот јазик во името, како што вели тој. И на денот откако Џек Кирби би наполнил 99 години кога сѐ уште би бил жив, тој му оддаде почит на „Фејсбук“.

Откако доби отворена поддршка од пријателите (отворено кажувам дека лично го познавам Хуго), тој набрзо направи уште една насловна страница за „Оришите“ овојпат со богот Ксанго.

Проектот започна кога Кануто ја обнови корицата за класичниот стрип „Одмазници“ со боговите „Ориша“ како суперхерои. Цртеж на Хуго Кануто, објавен со  дозвола.

„Сево ова направи ’бум‘ тогаш. Многу луѓе стапија во контакт со мене со пофалби за целата идеја да се донесат овие ликови во светот на стриповите“ изјави Хуго за „Глобал војсис“. Во ноември тој одлучи да се обиде да собере 12,000 бразилски реали (4,000 американски долари) преку групно финансирање за да создаде два стрипа од серијата што тој го нарекува „Приказни за Орун Аије“ што значи небо и земја но јазикот јоруба.

Идејата да се измеша поп-естетиката на американските стрипови со религиозните митови од Африка беше неверојатно популарна, и во рок од една недела се исполни целта за финансирање на стриповите. Со повеќе пари отколку што се очекуваше, Хуго, дипломиран архитект кој во 2015 даде отказ од своето стабилно работно место во јавната администрација за да ја следи својата страст за стрипови, мораше набрзина да смисли начини да го прошири проектот. Тој ги покани двата професионални ветерани од областа на стрипот, Марсело Кина и Педро Минхо, да помогнат во самата продукција. Тимот потоа го подобри квалитетот на материјалот, бројот на страници и завршните дотерувања и одредија подобри награди за поддржувачите.

До денес [3 февруари 2017, н.з.], кампањата собра повеќе од 40,000 реали (12,000 долари). Додека постерите, од кои секој е со различни богови „Ориша“, се продаваат континуирано, парите ќе финансираат печатење на два нови стрипа од по 90 страници, од кои секој содржи друга приказна инспирирана од Итан – збирката митови, приказни и песни за Оришите.

Според Хуго, сѐ ќе биде објавено независно, и засега нема етаблирано вклучени издавачи.

„Одмазници“ ама од Баиjа 

Бразил беше во центарот на трансатлантската португалска трговијата со робови, пред и по бразилската независност во 1822 година. Баија, каде што португалските доселеници првично ги закотвија своите бродови во 1500 година, добија повеќе од 1,3 милиони робови кои дојдоа првенствено од западна и централна Африка и заливот Бенин.

Нивните ритуали и верувања ги преживеале 300-годишната принудна работа и екстремни насилства. Овие верувања сега се манифестираат преку модерните афро-бразилски религии на Кандомбле и Умбанда, кои преставуваат амалгам на разни традиции од различни африкански етнички групи, особено Јоруба, но исто така и Фон и Банту.

„За некој роден и израснат во Баија, африканското влијание врз нашата култура го надминува религиозното. Тоа влијае врз нашите навики, нашиот говор, нашата храна. Тоа е дел од нашиот идентитет“, вели Хуго. „Ова е она што ме натера да бидaм толку желен да создадам приказна инспирирана од афро-бразилската култура“, додава тој.

Ксанго -богот на правдата. Објавено со дозвола.

Оксум – божицата која владее со сите слатки води, реки и водопади. Објавено со дозвола.

Оксоси – богот на ловците. Објавено со дозвола.

Но, и покрај тоа што се толку вградени во баијската култура, афро-бразилските религии сѐ уште не се доволно разбрани од поголем дел од бразилското население – честопати се соочуваат со стигматизација, па дури и прогон од страна на радикалните евангелски христијани.

За Хуго, главна точка на проектот е да се слават овие религиозни приказни кои преживеале и време и далечина и станале важен аспект на бразилската култура:

Acredito que é necessário valorizar um dos pilares do Brasil, que infelizmente ainda sofre com discriminação e preconceitos. Acredito que o público entendeu essa ideia, pois temos muitos depoimentos de professores que falaram sobre o tema levando as artes para seus alunos, ou brasileiros vivendo no exterior que desejam apresentar esse aspecto do país. Sejam eles adeptos ou não das religiões de matrizes africanas, há um interesse imenso.

Верувам дека е неопходно да се почитува еден од столбовите на Бразил, кој за жал сѐ уште страда од предрасуди и дискриминација. Верувам дека јавноста ја сфати оваа идеја, како што сме слушнале од многу професори кои зборуваа за оваа тема, земајќи ја нашата уметност и доближувајќи ја до своите студенти или Бразилци кои живеат во странство кои сакаат да го покажат овој аспект на нашата култура на другите. Без разлика дали се работи за практикувачи на африкански религии или не, постои огромен интерес.

Африканските религии со сигурност обезбедуваат многу материјал за приказна за суперхерој. Како Сантериа и Вуду на други места, Кандомбле препознава мноштво божества. Тие се познати како Ориша, кои владеат над силите на природата и човештвото. Сите Оришани, кои се повеќе од илјада, со оглед на практиките и во двете Америки и во Африка, имаат човечки квалитети, се борат во меѓусебната борба за моќ, прават грешки и се заљубуваат.

За првиот стрип, Хуго вели дека централниот лик ќе биде Ксанго, богот на правдата. Според митологијата, Ксанго казнува лажговци, крадци и злосторници. Тој, исто така, во различни временски периоди има три жени, кои се исто така припаднички на Ориша: Ланса, Оксум и Оба.

Кануто, кој живеел во Сао Паоло во времето кога бил инспириран да го направи стрипот, се вратил во Баија за да го истражи проектот. „Се втурнав во студиите за Оришите, и тоа не само со читање книги од реномирани автори како што се Пјер Вергер, Едсон Карнеиро, Хозе Бенисте и Реџиналдо Пранди, туку и бев во посета на тереори (молитвени куќи во Кандобле) каде имав разговори со верските водачи. Сето тоа го правев затоа што сакам сето ова да го спроведам ова со најголема почит и грижа.“

Осаим – мајсторот за правење напивки и лекови. Објавено со дозвола.

Ианса – божицата на ветриштата и бурите. Објавено со дозвола.

Јемања – божица на океанските води, мајка на сите Ориши.
Објавено со дозвола.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.