Пилот од Бангладеш споделува фотографии со неверојатни глетки од својата земја

Bangladesh is a land of natural beauty and offers spectacular picturesque elegance. Images by Shamim Shorif Susom. Used with permission.

Бангладеш е земја со природни убавини и нуди спектакуларна сликовита елеганција. Фотографија на Шамим Шориф Сусом, искористена со дозвола.

Шамим Шориф Сусом, кој се занимава со аерофотографија, бележи неверојатни глетки од небото и нуди целосно различна перспектива за земјата.

Бангладеш е една од најгусто населените држави во светот, која често стигнува на насловните страници од меѓународни веснци заради политичката нестабилност, индустриските несреќи и природните катастрофи. (Од неодамна, на листата можете да додадете и тероризам.)

Сепак, Бангладеш нуди многу повеќе од само насилство и беда. За време на своите летови, пилотот Шамим Шориф Сусом ја гледа земјата од птичја перспектива, а тоа е драматична глетка што го одзема здивот. Неговите фотографии од воздух ги прикажуваат реките, бујната природа и руралниот живот во Бангладеш.

Тој започна да ги споделува своите фотографии на „Фејсбук“, „Фликр“ и на други друштвени медиуми и брзо стекна мнгогу следбеници. Неговите фотографии досега се нашле на многу меѓународни веб-страници, меѓу кои „Борд панда“ (Bored Panda), „Блејз прес“ (Blaze press) итн. Во интервју за страницата „Мај модерн мет“ (My Modern Met), Шамим зборува за својата уметност:

The way I see it, I am fortunate enough to fly, and fortunate enough to see my root, my village, my urban life from a different perspective… at the end of the day, I’m capturing the memoirs of my reconnection. I am revisiting my country, my past, my childhood.

Ја имам приликата да летам, и ми се пружа можност да ги видам моите корени, моето село, урбаниот живот од друг агол… Најважно, го бележам моето повторно соединување. Одново си ја посетувам земјата, минатото, детството.

On Heaven's Door. Pabna

На портите од рајот. Пабна. Фотографијата е искористена со дозвола.

Претходно во 2016 година, Шамим Шориф Сусом ги изложи своите фотографии од воздух на првата самостојна изложба насловена „Окото на еден кос: Бангладеш и многу повеќе.“ Оваа е прва изложба од ваков вид во Бангладеш.

Chilliland. Sirajganj

Земја на чили. Сираџганџ. Фотографијата е искористена со дозвола.

Најголемиот дел од Бангладеш лежи во широката делта формирана од реките Ганг и Брамапутра. Површината е исклучително рамна, ниска и склона кон поплави секоја година. Голем дел од населението живее во селата близу речните брегови. Низ земјиштето со бројни села, течат многу реки со различни должини и ширини, а најголем дел од нив се влеваат во Бенгалскиот залив на југот од земјата. Можете да изброите речиси 700 реки, вклучувајќи ги разгранетите потоци, кои создаваат речна мрежа долга 24,140 километри – една од најдолгите на светот.

Ако фрлите поглед на земјата одгоре, реките, каналите и активностите на вода нудат неверојатна глетка. Разноликоста на ваквиот начин на живот е прикажана и низ фотографиите на Шамим Шариф Сусом, кој обично ги прави на висина од 152 до 304 метри.

Lotus. Keraniganj, Dhaka

Лотус. Кераниганџ, Дака. Фотографијата е искористена со дозвола.

The Family. Manikganj

Семејство. Маникганџ. Фотографијата е искористена со дозвола.

Final Masquerade. Dhaka

Последниот маскенбал. Дака. Фотографијата е искористена со дозвола.

Signature. Magura

Потпис. Магура. Фотографијата е искористена со дозвола.

Louder Than Words. Manikganj

Погласно од зборови. Маникганџ. Фотографијата е искористена со дозвола.

Once Upon A Time In Daulatdia. Rajbari

Си било некогаш во Даулатдиа. Раџбари. Фотографијата е искористена со дозвола.

Бангладеш е земјоделска земја, речиси 48 проценти од населението зависи од земјоделство. Во моментов (2016 година, н.з.) нето придонесот за бруто-домашниот производ во овој сектор е 19,1 процент. Фотоапаратот на Сусом бележи и прекрасни фотографии од земјоделскиот живот во Бангладеш.

Canvas. Manikganj

Платно. Маникганџ. Фотографијата е искористена со дозвола.

Color of Chaos. Bogra

Боите на хаосот. Богра. Фотографијата е искористена со дозвола.

Уште прекрасни фотографии од Бангладеш:

The Heaven Within. Kaptai Lake. Rangamati

Овдешниот рај. Езерото Каптаи. Рангамати. Фотографијата е искористена со дозвола.

Terracotta. Chittagong

Теракота. Читагонг. Фотографијата е искористена со дозвола.

Tears of the Dragon. Khagrachari

Солзите на змејот. Каграчари. Фотографија е искористена со дозвола.

Шамим Шориф Сусом има учествувано на вкупно 19 изложби, дома и во странство. Сакате да видите повеќе фотографии од Бангладеш низ неговиот објектив? Видете ја неговата веб-страница, сметката на „Фликр“ и страницата на „Фејсбук“. Но, внимавајте! Може да посакате да оставите сè зад себе и да го посетите Бангладеш!

Сите фотографии се искористени со дозвола од Шамим Шориф Сусом.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.