Сега е време за последните училишни тестови во Бангладеш и владата се обидува од петни жили да се справи со проблемот со протечени прашања од тестовите на Интернет.
Во последните неколку години во Бангладеш, протекувањето на прашања за тестови е редовен феномен во државните тестирања како она за свидетелство за основно образование (СОО), свидетелство за средно образование (ССО) и свидетелство за вишо образование (СВО), приемни испити за медицински колеџ и универзитет, и испити за вработување во банките во сопственост на државата.
Најчесто преку „Фејсбук“ и „Ватсап“, луѓето ги продаваат прашањата од тестовите пред тестирањата на национално ниво. Неколку часа пред испитот, прашањата често се даваат бесплатно. Сторителите во повеќето од овие случаи не биле идентификувани. Овие пропуштања фрлија сенка врз квалитетот на тестовите и процесот на оценување на студентите.
Во јануари, министерот за образование даде знак дека „Фејсбук“ ќе биде исклучен за време на тестирањата за да се спречат овие протекувања.
На 11 февруари 2018 година, Комисијата за регулирање на телекомуникациите во Бангладеш им наложи на сите даватели на Интернет услуги во Бангладеш да го исклучат мобилниот Интернет и да ја намалат мрежната брзина до 25 килобити во секунда од 8 часот наутро до 10:30 часот наутро во деновите кога се одржуваат тестови до крајот на февруари.
Но, утрото на 12 февруари 2018 година, уште во првиот час од исклучувањето на Интернетот, владата ја повлече одлуката и им нареди на давателите на Интернет услуги да овозможат непрекинати Интернет услуги. Неколку часа им беа потребни на давателите на Интернет услуги да ја спроведат новата наредба, а потоа сѐ беше вратено во нормала. Наместо тоа, властите забранија користење мобилни телефони во близина на салите кајшто се одржуваат испитите.
Нетизените го критикуваа потегот преку употреба на сарказам и сатира за да изразат незадоволство и протест против „непромислените и невообичаени“ одлуки.
Блогерката Сабханаз Рашид Дија на „Твитер“ објави:
No surprises that #Bangladesh govt. has “shut down” Internet access to prevent leakage during exam season. Then again, questions got leaked an hour before Internet was scheduled to go dark.
— Sabhanaz Rashid Diya (@diya880) February 12, 2018
Не изненадува тоа што владата на Бангладеш го „исклучи“ Интернетот за да спречи протекување за време на сезоната на тестирања. Ама сепак, прашањата протекоа еден час пред да се исклучи Интернетот. #Bangladesh [Бангладеш]
Активистот и блогер Имран Н. Саркар смета дека ова изгледа како да ти ја отсекуваат главата за лечење болест.
ইন্টারনেটের হাত-পা আছে, মাথা আছে। ইন্টারনেট দুর্নীতি করে। ইন্টারনেট প্রশ্নও ফাঁস করতে পারে! তাই বাংলাদেশে প্রশ্নফাঁস বন্ধ করতে ইন্টারনেট (প্রায়) বন্ধ রাখার সিদ্ধান্ত নেওয়া হয়েছে।
যারা এমন সিদ্ধান্ত নিতে পারেন তারা মাথা ব্যাথা হলে নিজেদের মাথাও কি কেটে ফেলবেন?
Интернетот има екстремитети и глава. Интернетот е корумпиран. Може да протечат прашања од тестови. Значи имаше наредба за исклучување на Интернетот, како мерка за стопирање на протекувањето на прашањата од тестовите. Оние кои можат да донесат такви одлуки – дали би си ги отсекле главите само затоа што имаат главоболка?
Бангладеш е држава со многу реки. Секоја година државата се соочува со поплави кои предизвикуваат огромни штети. Стенд-ап комичарот Навед Махбуб напиша:
বর্ষাকালে বন্যা প্রতিরোধে ইন্টারনেট বন্ধ রাখা যেতে পারে…
Може да го исклучиме Интернетот и за време на дождовната сезона, за да ги спречиме поплавите…
Надоврзувајќи се на неодамнешните вести за должниците на заемите од банките, Ислам Раз напиша:
ঋণখেলাপী বন্ধের জন্য টাকামন্ত্রীর কাছ থেকে ব্যাংক বন্ধের নির্দেশনা আশা করছি।
Очекувам министерот за финансии да нареди банките да се затворат за да нема должници.
Хаснат Јамил тврди дека откажувањето на тестот би било најдобро решение:
প্রশ্ন ফাঁস ঠেকাতে ইন্টারনেট বন্ধ না করে,পরীক্ষা নেয়া বন্ধ করে দেয়া উচিৎ।
তাহলে আর প্রশ্ন ফাঁস নিয়ে দুশ্চিন্তা করতে হবেনা।
За да се сопре протекувањето, подобро е да се откаже тестот, отколку да се исклучи Интернетот. Тогаш веќе нема да се грижите за протекувањата.
Лошо за економијата
Ова не е прв пат Бангладеш да се соочи со исклучување на Интернетот. Во 2015 година Бангладеш го исклучи Интернетот од безбедносни причини и потоа 22 дена го блокираше „Фејсбук“ и неколку други апликации за допишување. Освен што им се одзеде можноста на луѓето да комуницираат и да имаат пристап до важни информации на Интернет, овие исклучувања имаа штетен ефект и врз економијата на државата.
Во конкретнава ситуација, многу проговорија за фактот што исклучувањето на Интернетот – дури и за два и пол часа во еден ден – има негативни последици врз трговијата и бизнисот.
Експертот за информатичка технологија Фахим Масрур ја нарече одлуката „налудничава“ и „самоубиствена“ на неговиот „Фејсбук“ профил:
ব্যবসা-বাণিজ্য আর অর্থনীতির উপর এটির বিরাট প্রতিক্রিয়া পড়তে বাধ্যI
কিভাবে?
১/ দেশে কয়েকশত আইটি আউটসোর্সিং প্রতিষ্ঠান কাজ করছে যাদের বিদেশে তাদের ক্লায়েন্টদের সাথে ২৪ ঘন্টা যোগাযোগ রাখতে হয়I এক ঘন্টা সময় বিচ্ছিন্ন থাকলেই ব্যবসা চলে যাবার সম্ভবনা! হাজার হাজার ফ্রিল্যান্সার দেশে কাজ করছে যাদের দরকার ২৪ ঘন্টা ইন্টারনেট কানেকশানI প্রতিদিন ২-৩ ঘন্টা ইন্টারনেট না থাকা মানে নিশ্চিত ভাবে ক্লায়েন্ট হারানো!
২/ দেশের সবচেয়ে বড় রপ্তানি খাত গার্মেন্ট শিল্প এখন ব্যাপকভাবে ইন্টারনেটের উপর নির্ভরশীল I প্রতি মুহূর্ত বায়ারদের সাথে যোগাযোগ রাখতে হয় I অনলাইনে বিডিং করতে হয়I সাপ্লায়ারদের কাছে প্রতিনিয়ত ইমেইল পাঠাতে হয়I সকাল বেলা এই যোগাযোগের ‘পিক টাইম'I ইন্টারনেট কিছু সময়ের জন্য না থাকা মানে ব্যবসার বিশাল ক্ষতি হওয়া I
৩/ বর্তমানে প্রতিদিন সকাল বেলা হাজার হাজার তরুণ Uber , pathao, Muv রাইড শেয়ারিং এপ ব্যবহার করে – কেউ রাইড নিতে, কেউ দিতে I সকাল বেলা (৮ টা থেকে ১০ টা) রাইড শেয়ারিং-এর পিক টাইম (দিনের অর্ধেক ইনকাম আসে এই সময় থেকে) I বিশাল ক্ষতির মুখে পড়বে এর সবাই I
Ова остава големи последици во трговијата, бизнисот и економијата на земјата:
Како?
1) Стотици ИТ компании работат во оваа држава кои треба да комуницираат 24 часа со клиентите низ светот. Дури и едночасовно исклучување може да направи конкурентите да им го земат бизнисот. Има стотици илјади хонорарци кои работат во државава преку Интернет. Ако им се одзима Интернетот 2-3 часа секој ден тие ќе ги изгубат заработките и дури и клиентите.
2) Најголемиот сектор кој заработува од извоз е секторот за веќе готова облека кој зависи од Интернетот заради постојана комуникација со купувачите. Тие мора да наддаваат на Интернет и да одржуваат постојана комуникација со синџирот на набавки. Ако наутро, за време на ударниот термин за нивниот бизнис, се отсече комуникацијата тие ќе изгубат милиони долари.
3) Многу луѓе во оваа земја го сѐ повеќе користат споделен превоз ( „Убер“, „Патао“, „Мув“) и други е-бизнис апликации. Ударниот термин на споделениот превоз е наутро кога луѓето одат во канцелариите. Тие ќе изгубат големи суми на заработка секојдневно.
Коментатор на објавата на Масур ги сподели своите коментари со пример од вистинскиот живот:
আজ রাত ১০ টার সময় নেট চলে যাওয়াতে আমার ২৬৫ ডলার লস। এক ক্লায়েন্টের সাথে ২৬৫ ডলারের একটা কাজ নিয়ে কথা বলছিলাম। হুট করে নেট চলে গেছে। পরে নেট আসার পর দেখি ক্লায়েন্ট অন্য একজনকে হায়ার করে ফেলেছে
Исклучувањето (од 12 февруари) на Интернетот ми донесе загуба од 265 американски долари. Наддавав за договор за работа за таа сума со клиент кога снема Интернет. Стапив во контакт со клиентот кога Интернетот се врати и дознав дека тој во меѓувреме вработил друго лице.
Каде е решението?
Според извештај на „Транспаренси интернешнл на Бангладеш“, дури 63 групи прашања за различни државни тестирања протекле од 2012 до 2015 година. Овие тестови се сликаат со камери од мобилни телефони секаде – од печатницата до салата за испити и веднаш се споделуваат на разни социјални мрежи меѓу кои се „Фејсбук“, „Ватсап“, „Снепчет“ и обична е-пошта.
Некои членови на граѓанското општество коментираат дека методите како тестирања со помош на книги може да се друг начин да се поврати квалитетот и авторитетот на државните тестирања.
Има коментари дека има корумпирани луѓе во министерството за образование и оние чијашто работа е да ги печатат прашањата на хартија, да ги чуваат и дистрибутираат до центрите за тестирање. Некои дури и го повикаа министерот за образование да даде оставка.
Полицијата на неколку наврати има уапсено различни сторители низ годините. Претходно овој месец, Министерството за образование објави награда од 500.000 бангладешки таки (6.000 американски долари) за информации во врска со протекувањето на прашањата од тестовите, за да се спречи таквото нешто.
Засега, со зголемувањето на побарувачката за прашања за испит, протекувањата продолжуваат. Како ќе одлучи владата да се бори со проблемот, освен со исклучување на Интернетот, останува да видиме.