Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бразил: Убиство или самоубиство на контроверзниот блогер?

Случаите на онлајн цензура во Бразил, па дури и обиди за убиство врз блогери кои се критичари на припадници на политички групи и семејства кои остануваат на власт, во неколку градови и држави во Бразил станаа секојдневие. Во декември имаше нови закани за Рикардо Гама, блогерот кој беше застрелан, но го преживеа нападот во Рио Де Жанеиро во март 2011, а сега дознаваме за смртта на Александер Хамилтон, познат како „Комарец“.

Алтамиро Боргес објаснува:

O blogueiro Hamilton Alexandre, o Mosquito, foi encontrado morto em seu apartamento, em Palhoça, Santa Catarina, na tarde de ontem (13). Segundo a polícia, tratou-se de “suicídio por enforcamento”. A rápida conclusão, porém, não convenceu seus amigos e familiares, que exigem rigorosa apuração do caso.

"Freedom of expression is the expression of freedom""

„Слобода на изразување е израз на слободата“

Блогерот Александер Хамилтон, „Комарецот“, вчера попладне (13 декември) беше пронајден мртов во неговиот апартман во Палхока, Санта Катарина. Според полициските извори, тоа било случај на „самоубиство со бесење“. Сепак, избрзаниот заклучок не ги убеди неговото семејство и пријатели, кои бараат да биде спроведена строга истрага во врска со случајот.

Тој додава:

Com suas “tijoladas” na internet, Mosquito fez inúmeros inimigos. Nos últimos tempos, ele alertou que estava sendo ameaçado. Na semana retrasada, ele anunciou o fim da sua página: “O blog Tijoladas acabou para eu continuar vivo. Não é uma capitulação. Não mudei meu modo de pensar. Não mudei minhas convicções”.

Со неговиот „Tijoladas” [името на блогот, што значи „каменосување“] на интернет, Комарец се здоби со доста непријатели. Неодамна, тој предупреди дека му се заканувале. Претходната недела го објави крајот на неговата страница: „Го бришам блогот Tijoladas за да останам жив. Ова не е капитулација. Не го променив мојот начин на размислување. Не ги променив моите верувања.“

Постојат големи сомнежи околу случајот; во времето на неговата смрт Комарец се соочуваше со повеќе од 30 судски тужби.

Убиство или самоубиство?

Комарец стана познат – како и жртва на политичко малтретирање – во неговата земја, откако објави случај на силување во Флорианополис, главен град на Санта Катарина, кој го вклучуваше синот на директорот (Серхио Сиротски) на РБС, водечка медиумска компанија во регионот поврзана со Реде Глобо, и 13 годишно девојче, во јуни 2010. Медиумите, во основа, се обидоа да го прикријат случајот.

Комарец беше критикуван за откривање на името на силуваната девојка, која според законот би требало да остане анонимна, земајќи го предвид фактот што била малолетна.

Многу од неговите пријатели и познаници одбиваат да веруваат дека блогерот би си го одзел сопствениот живот, додека пак други веруваат дека ефективна истрага може да биде спроведена само преку социјални мрежи, како што наведува Луис Соарес на блогот Pragmatismo Politico (Политички прагматизам):

A morte de Mosquito, que jamais se calou diante da operação abafa implementada por um grupo poderoso e pelos seus cúmplices, é um alívio para quem não estava nem um pouco acostumado a ter o calcanhar pisoteado. Agora já podem retomar tranquilamente a rotina. Caberá novamente às mídias alternativas fazer um pouco de barulho em meio ao silêncio conveniente; um silêncio que nem sequer esboça sinal de partida.

Смртта на Комарец, кој што никогаш не беше тивок пред поттиснувачката операција имплементирана од моќни групи и нивни соучесници, е олеснување за оние кои не се навикнати да им се дише во врат. Сега тие безбедно можат да си продолжат со она што го правеле досега. Работата на алтернативните медиуми ќе биде да вреват среде погодниот молк; молк кој не оцртува ни стартен сигнал.

Смит, исто така, објави и порака од анонимен пријател на Комарец, кој го коментира наводното самоубиство, не верувајќи на официјалната приказна и наведувајќи аргументи против тезата усвоена од страна на полицијата:

Ele era alvo de várias ameaças de morte. Era defensor da sustentabilidade, modo de vida saudável, andava de bicicleta, trocava frutas e verduras do quintal com seus vizinhos. Era defensor da transparência e combatia os poderosos. Era pai de uma adolescente. Filho querido de uma mãe ainda viva por quem  tinha muito carinho. Um cidadão com esse perfil não se suicida. A porta da sua casa estava aberta. Sua casa é de esquina, de um lado os fundos, do outro, um terreno baldio. Foi encontrado com lençol enrolado no pescoço, quem se suicida de forma tão cruel, correndo risco de morte lenta e dolorosa? Sendo morador solitário, não seria mais fácil entupir-se de comprimidos?

Тој беше цел на неколку смртни закани. Беше шампион во одржливост, здрав живот, возеше велосипед, разменуваше овошје и зеленчук од сопствената градина со соседите. Тој беше шампион во транспарентност и борба против моќниците. Тој беше татко на тинејџер и драг син на се уште жива мајка, со која што беше многу приврзан. Човек од таков тип не извршува самоубиство. Вратата од неговата куќа беше отворена. Неговата куќа се наоѓа на аголот на улицата, од едната страна е градината, од другата има пустелија. Беше најден со чаршав обвиткан околу вратот, кој би извршил самоубиство на таков суров начин, со ризик од бавна и болна смрт? Земајќи го предвид фактот што бил самец, не ли би било полесно да се предозира со апчиња?

Image of Mosquito's blog, Tijoladas, saying "nobody silences this blog"

Слика од блогот на Комарец, Tijoladas, чиј слоган вели „никој нема да го замолчи овој блог“

Адвокатот Изидоро Азеведо дос Сантос, кој беше адвокат на два случаи на Комарец, посочи неколку непријатели на блогерот, „од политичари на различни партии“, па се до влијателни лица од медиумите, правдата, полицијата, владата, како и бизнисите, „кои беа да му трепне око беа осудени за наводни измами, пропусти и неефикасност“ и праша:

terá mesmo o blogueiro se suicidado, ou sua morte terá sido obra dos incontáveis desafetos que cultivou, com suas enérgicas e contundentes denúncias de corrupção e lambanças políticas  as mais variadas.

изврши ли блогерот самоубиство или неговата смрт е поврзана со дела на неговите бројни непријатели, со неговата енергична и жестока осуда за корупција и неколку политички збрки.

Исмениа Нунес потсетува дека Комарец добивал смртни закани и наведува еден нов, интригантен факт:

Em sua última entrevista em 29-10-11, confessa ter sido ameaçado de morte diversas vezes, e complementa que mesmo que isso viesse a acontecer outros viriam a ocupar seu lugar.
O que é mais estranho é que foi noticiado que no dia 06 de dezembro mosquito teria encerrado suas atividades com o blog. Não é muita conhecidência de em tão poucos dias tenha aparecido morto? Aliás em nenhum momento mosquito mostrou propensão para deixar de fazer suas denúncias ou de desativar o blog tijoladas. Muito pelo contrário, ele mostrava-se muito firme. Como de repente encerra as atividades e em menos de 10 dias morre?

Во неговото последно интервју на 10/29/11, тој признава дека неколкупати добивал смртни закани, и додава дека и да се случи тоа, да се остварат заканите, други ќе го заземат неговото место. Најчудно е тоа што на 6 декември било објавено дека Комарец ги прекинал своите активности со блогот. Не е ли преголема случајност тоа што неколку дена подоцна тој е најден мртов? Всушност, Комарец никогаш и немал намера го избрише блогот Tiјoladas, ниту пак да престане со своите јавни осудувања. Напротив, тој цврсто стоел на своите ставови. Како тоа тој одеднаш ги прекинува своите активности и умира за помалку од 10 дена?

Кратко пред својата смрт, Комарец го најавил крајот на својот блог, иако покрај сето ова, тој појаснил дека тоа не значи и крај на неговото пишување. Блогерот Клоака во својот блог Клоака разјаснува:

Amilton [sic] havia encerrado as atividades de seu blog  no último dia 9, para cuidar de “problemas de saúde e outras dificuldades”. A polícia catarinense ainda investiga as circunstâncias da morte do blogueiro.

Амилтон ги прекинал активностите на својот блог на 9 август, за да се погрижи за „здравствени и други проблеми.“ Полицијата од Санта Катарина се уште ги истражува околностите под кои се случила неговата смрт.

Сепак новинарот Серхио Рубим, пријател на Комарец, не верува дека се случило убиство, туку самоубиство:

Sobre a sua morte, ele já vinha há dias mandando sinais de que pretendia dar cabo da vida. Solitário, sem dinheiro, com o seu blog fechado pela justiça, estava deprimido e parecia não encontrar saida para o fosso em que se meteu.

Во неговите последни денови, тој навестуваше дека има намера да му стави крај на својот живот. Осамен, без пари, со затворен блог од страна на властите, тој беше депресивен и не изгледаше како да може да излезе од состојбата во која што се најде.

Дилсон, од блогот Novos Desafios da Sociologia (Нови предизвици на социологијата), се обиде да го резимира и дефинира блогерот Комарец:

O blogueiro, apesar de muitas vezes advertido, carregou nas tintas contra os políticos. Passou dos limites em alguns casos. Claro, colheu processos e condenações, aos quais recorre.
Mas contribuiu para tentar sanear a política catarinense. Não foram poucos os assuntos tratados  em seu blog transformados em inquéritos no Ministério Público e ações civis públicas.

Блогерот, иако често предупредуван, претеруваше во својата борба против политичарите. Во неколку случаи ја премина границата. Секако, доби тужби и осуди, на кои се жалеше.

Како и да е, тој придонесе во обидот за чистење на политиката во Санта Катарина. Имаше многу прашања адресирани во неговиот блог, кои беа претворени во граѓански спорови и истраги спроведени од Собранието.

Засега, блогосферата е во исчекување на исходот од полициската истрага и истовремено се обидува да испита што би можело да доведе до смртта на еден познат блогер.

Самоубиството може да се спречи и секој кој има мисли на самоубиство треба да побара помош. Можеш да побараш помош на СОС линијата за кризни состојби на Клиниката за психијатрија (02) 3136 400, која е достапна 24/7.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.